Зошто доброто човечко однесување го нарекуваш глума и недостижност? Тој се оженил. Што имаш ти тука врска со недостижност? И кога ќе застане пред олтар треба да трча и мисли на бившата? Дај свестете се малку….многу сакате турски серии да живеете. Не разбирам навистина…
Можам да кажам дека кога слушнав дека еден мој бивши се оженил почуствував малку немир но брзо помина,а пак може ќе скршнам од темава но имам искуство од бивш кој беше опседнат додека не виде дека сега веќе сегашен маж ме побара за жена од тој ден веќе се изгуби дури не ми излегува ниту пред очи,а јас бев таа што му раскинав бидејќи беше со буквално значење на зборот болен во мозокот.Бевме долги години во врска (6 години) и сите 6 години јас бев таа што беше нарекувана со погрдни зборови и со закани ме држеше да не му раскинам,од дента кога собрав храброст не сум паметна ниту јас како одеднаш ми дојде толкава храброст и не ми беа битни неговите закани туку едноставно сакав да се решам од него и му кажав дека е крај,тој почна да моли и да плаче да се смириме божем ќе прифател се да биде како јас кажувам но не веќе беше се завршено.Не живееме блиску во два различни градови сме но толку беше опседнат што дури и работа напушти за да биде секој ден во мојот град и да ме контролира каде сум и што правам,потоа кога виде дека јас не прифаќам веќе да се смириме продолжи со неговите погрдни зборови дека јас сум била никаква ку*ва,моето барање за ситуацијава беше да ми објасни како дошол до заклучок дека сум тоа и да се тргне од мојот живот кога веќе ме смета за таква,но тој после половина час се смируваше и молеше за смирување,секако дека го блокирав сегде тој се трудеше и после тоа да дојде во контакт со мене преку други броеви и профили но веќе од моја страна беше крајот,само му порачав кога ќе реши да се жени морално нешто му е да се смени и да не се понаша како со мене што се понашал.Јас веќе среќна жена во брак,од заедничка пријателка слушам сеуште ниту врска ниту брак,ќе почека он беше мамин син ќе му најде мамичка некоја што ќе го трпи,а јас со гаранција тврдам дека нема да почуствувам ништо кога ќе слушнам дека се оженил само еден голем спокој дека веќе нема да го интересира буквално ништо за мене.
Не сум мажена, ниту пак планирам да бидам во следните неколку години. До тогаш, најверојатно нема да се чувствувам исто како и сега. Да, уште ме боцка малку за некој со кого сум поминала неколку години, не знам што "ви" е толку чудно.
Бившиот кога се ожени си реков тешко на таа жена. Толку беше со мислењета " маж во куќа се знае кој е" ако се нема променето стварно тешко на таа жена. Инаку со тој бивш што ми се ожени кратко бевме заедно, ама за него ете сум разбрала. За други не знам.
Не сфаќам зашо автоматски бившите треба да одат на блок и делит? Особено па ако сте имале нормален однос во врската, и ако сте се разделиле без проблеми и компликации, туку само сте оладиле... Зошто е толку чудно да си во контакт со бивши?
Затоа што за мене кога ќе завршам нешто е завршено засекогаш. Бившите имаат тенденции да пишуваат пак и да манијачат слики. Јас не сакам така, со бивш не сме пријатели, можиме да бидиме на здраво. И ова не е омраза, само моја лична филозофија. Не знам што е чудно, не сакам да одржувам со сила контакти.
Бидејќи се бивши и местото им е во минатото? Што има да разговарам или да разговара партнерот со бивши, дури и ако немало драми при разделбата? Не велам дека мора блок, ама да се имате уште по соц мрежи па и да контактирате мислам дека и двајцата немате раскрстено како што треба. Дури и едниот да го нема преболено сосема другиот, најдобро е да не го гледа што прави со животот, на пример кога ќе се жени/мажи, па плачки после. Што обично е нормално да не ти е сеедно после долга врска (не зборувам за мене бидејќи веќе пишав дека воопшто не ме допира и апсолутно немам потреба да разговарам со него).
Смањи доживљај и научи како се нормално реплицира. А, ако не знаеш како правилно се реплицира ете ќе ти ставам убав пример: Се додека реплицираш со турски серии во мислењата ќе оставаш впечаток дека си исфрустрирана што тој ја одбрал неа, а не тебе. So long
Не е точно. Еве јас во темава поназад напишав дека со еден од нив сум во пријателски однос и воопшто нема ништо нерасчистено. Расчистено е, 100%, од двете страни. Ама ретко е тоа, зависи од самата врска каква била, самите партнери какви биле. Дека е ретко, затоа другите 4 бивши ми се кој на блок, кој избришан. И друго на темава, пошто имаше очаен коментар поназад, радување ако се оженил со "погрда" од вас (а таа е "погрда" само физички, одвнатре е далеку пред вас) само покажува на кое ниво сте со умот и дека не ви е сеедно па се тешите со површни споредби.
Мој став е дека минатото треба да остани во минатото, штом еднаш завршило завршено е со се. Секој си знае за себе, можеби има и такви кои навистина можат да се пријатели само и тоа да не му пречи на сегашните партнери (иако верувам многу ретко), но лично јас не би правела така. Ниту јас ниту партнерот не би требало регуларно да се дружи и контактира со бивши. Не велам до толку здраво да не му речиш ако го сретниш случајно, ама редовен контакт ми е no no. Ама тоа сум само јас.
Малку е драматично да блокнете некој со кој не сте завршиле лошо. Јас дури и тие со кои завршив лошо ми беше преголема драма да ги блокнам. Сакам да живеат со помислата дека скроз сум unbothered кога се они во прашање. А иначе скроз е нормално да не ти е сеедно кога ќе видиш дека бивши се оженил. Посебно ако сте биле во подолга врска и во некој дел од животот сте мислеле дека ќе завршите заедно.
Не е. Те зависи, дали и колку е стварно расчистено. И кога веќе се спомна, да многу денес влагаат во врски па и бракови со emotional baggadge, па и во инат на другиот да не се лажеме. Да се потсетиме на познатата "the best way to get over someone is to get under someone" yeah, sure try that would you. Не знам што е толку табу да се пише дека те погодила ситуацијата искрено. Игром случаја ме задеси темава у овој период од животов после xy дешавки што ме доведоа до овој став што го пишав, ама до пред неколку години друг ќе беше одговорот и искрено не знам што е толку табу да признаеш дека те погодило. Мислам као ок е и реално, поготово ако се раборти за раскинување со неразрешени чувства. Види, денес со разводи по 2-3години стварно е снижена границата и не е веќе тоа, тоа, и патењето за бившиот/ата не е тоа шо беше. И не знам зошто и темава ја претворивте во кавгаџиска, ама ај ваше си е. Дури и ми промакнало споредување физички изглед у име на селективно читање ваљда, озбилно ја терате до таа беда работава?
Твојата перцепција како луѓето ти реплицираат или ти одговараат вербално во живо, е само твоја. Жал ми е што не можам да ти помогнам во гласноговорење на вистина, а верувам и другите. Stay calm
Бивш дечко/девојка ти е. И врската е да, во минатото, завршена работа. Ако сте се разделиле со арно, си го затворила со емотивниот и љубовниот дел. Ама зошто да се затвори другарскиот? Ти бил (најдобар) другар со години. (Не зборам за твојот случај конкретно, туку општо) Ако треба да е "далеку од очи, (далеку од срце)", тогаш да, едниот нема раскрстено со другиот, и со врската. Шо искрено за мене е поголем red flag моменталниот партнер да се труди или внимава да не го види/сретне/разговара со бившиот (а се разделиле ок). Пошо тогаш испаѓа дека минатото ја/го влече и не може да излезе од него.
Зошто? Страв да не сакаш да се вратиш, или врати? Тогаш не треба да си во врската in the first place, ако не сте сигурни...
Грешка си, жиеам во станство и скоро секоја недела ке чуеш за некој фемицид што најчесто е од бивш партнер, пред неколку месеци една позната личност беше убиена во 7ми месец бременост од нејзин бивш дечко, а ова е само еден мал дел од тоа што скоро секојдневно се случува тука. А што ке ми е контакт со бивш? Демек да си збориме за проблеми и совети да си бараме? Стварно не разбирам што муабет би имала со некој со кој сум имала минато и не разбирам зашто уствари некој сака да остане у контакт со бивши, што убаво од тоа може да произлезе? Немам блокнато бивш само имам избрашано додека мене последниот ме блокирал пошто си ја има мувата на капата Не блокирам од причина што сум љубопитна и од време на време знам да им отворам профили иако реално мн нема да видам од заклучени профили ама ова го правам и со бивши другарки/колешки, посилно е од мене Во врска со темата, само за еден бивш кога видов дека се женил ми падна малку така да речам тешко зашто додека бевме у врска тие 3г цело време потенцираше дека не сакал брак нити деца, и некако тогаш се свестив дека луѓе се менуваат како и нивните ставови и тоа е во ред дури и позитивно е што е тоа така.
Бидејќи според мене ситуациите каде бившите можат да се само пријатели и вистина да е така се ултра ретки. Сум видела многу ситуации каде контактот е најчесто бидејќи има уште неразрешени чувства меѓу нив. Според мене не можи бивш партнер да ти е како другите пријатели. Што треба, да седнам со него на кафе и да му раскажувам за врската или да барам совет за нешто како што би направила со нормални пријатели? (општо, не само за мојот случај) Многу е weird. Стапување во нова врска со неразрешени чувства за бивш партнер веќе е друга тема, се разбира дека не треба да е така. Red flag е ако некој од партнерите инсистира да е пријател со бивш, значи дека повеќе му значи од обичен човек од минатото. И тоа за мене не е океј. Не велам да бега ко ѓавол од крст кога ќе го види на улица, ама за мене луѓе од минатото едноставно не смеат голем дел да ми преокупираат од сегашноста.
Па прво, ако сте во добри односи тогаш не е "луѓе од минатото". А второ, без разлика дали луѓе од минатото или сегашноста, секако дека не треба друга личност да ти преокупира дел од сегашноста повеќе од партнерот. Двете крајности може да се знак за неразрешени чувства.