Само за првиот ми падна тешко. Оној детска љубов, што не бевме ни интимни. Но, на духовен, комуникациски план, досега не сум имала похармонична врска. Можеби затоа што останало на тоа, се движело во одредени граници. Кога ги видов сликите од неговата свадба искрено се расплакав. А јас бев таа што раскина. Секој што е минато , за мене е минато, дури велам поарно да се ожени отколку да му текне со мене да се занимава. За еден посебно си викам аман нека се ожени и нека ме батали. Со тој буквално ништо не бидна оти тој прво се исплаши во последен момент. После од време на време кога почна да пишува дека се кае уште повеќе ме оттурна од себе. Но, овој првиов, друго е. Ми беше вовед во некој емотивен живот, не е исто. Само за него би ми импонирало да знам дека му фалам и дека би сакал пак со мене. Но, јас искрено сум презадоволна со тоа каде одлетав оттурнувајќи се од него. Навистина така требало да биде. Но,љубоморна сум.
Темава ми излезе денот кога случајно дознав и се мислев баш дали да пишам тука и да им дадам "сила" на мисливе. Искрено, душа ми се згреа. Не знаев ни дека има девојка, а така знаеше да ми текне на него, се прашував што прави, добар ли е. Ми излезе фотографија од нив и го видов првпат после 6 години. Ставил некое килце, ама среќен е, добар е, го знам. И жена му му прилега, убав пар се. Нека стои вака пишаново како тој да чита... Од сѐ срце ти посакувам да си среќен. На одлично место си, сега веќе не мора да се грижам за тебе.
Овие два цитати ми сумираат ставот. Инаку исто. Не гледам потреба да избришам некој ако сме раскрстиле фер. Не ми е душман, напротив, е чоек со кој сакам да продолжам мемориите шо сум креирала да се добри, да немам болка дека се случиле и преќинале. Ај да имало хаос раскин - разбирам. Често и охрабрувам блок за да другарка се детачни од бившио. Ама не е секогаш потребно. На темава, сум немала бивш да се жени. И со сите емотивно сум расчистила. Ама знам дека нема да ми е сеедно. Прво на его ќе ме мани ако не друго. Имам ваков шо ко ќе некој сподели дека бил на тиндер или нешто велам аман нека си најди некоја и нека се жени и нека ми се откачи.
Ама со тој најинтересно е што ја се заинаетив да биде, он доби cold feet, мене суетата толку ми е и веќе не сакав очи да му видам. Сеа неговото пишење од време на време дури и ми пречи, а не можам да го бришам од причини неврзани со нашата незапочната врска.
Колку е тешко да се заљубиш во некој а потоа да дознаеш дека е женет плус детенце си чекаат Лажна надеж.... Немам ништо проотив но одвратно е
Многу одамна имав случка со бивш, ама многу беше заебана. Ние бевме заедно скоро година и нешто, мислам не беше оноа официјална врска ама се гледавме долго. И од нигде никаде типов као денеска си пишуваме и пример ми вика те сакам, а утре ми вика е извини знаеш јас имам едно друго девојче и сакам да ја побарам, многу ја сакам бла бла. И јас шок не знам како да реагирам. Само Господ знае како се воздржав и од карање и од било што повеќе. Јас на тоа баш како ладна кучка му одговорив само СО СРЕЌА НЕКА ТИ Е. И он ми рече: ех само толку ли, јас очекував дека сега ќе се лутиш ќе почнеш да се караш, му одговорив немам потреба и го блокирав. После од заеднички пријатели дознав и кога ја побара, и свадби и све. Не ми беше воопшто сеедно, ама не ми беше па ни претерано нешто тешко за да плачам, знам дека бев многу нервозна тој ден, и толку. Е сега и други двајца бивши ми се оженија скоро, ама и јас сум мажена одамна па од таа причина веќе ништо не ми значи. На социјални мрежи не им пишав со среќа, ама кога ги сретнав во живо им честитав.
А која му била потребата од каква било твоја реакција на велемужов? Кое спасение си просведочила, нагла кочница шо избегнала сообраќајка. Замисли ваков со недостаток на карактер да те побарал тебе. Еден мој другар користи еден малку 18+ израз за ваквите што тука нема да го кажам а почнува со недо-. Самиот ми се има јавено и кога ми кажа „Твоето место е посебно кај мене, затоа и нејзе ѝ кажав за тебе.“ сфатив дека разделбата била предобра одлука. Само му реков „Не си требал. Се надевам девојката има доволно силен карактер оваа информација да ѝ укаже на твоето не-знаење што сакаш, а не на нејзин некој недостаток ради кој не може да ме достигне мене, обичен чоек, како и ти, како и она.“ И оттогаш никаков контакт.
Знам дека се ожени претходниот со кој бев во врска неколку години. Дознав преку заедничка другарка која не запозна. Веста ја примив рамнодушно. Не ме погоди воопшто, нека му е со среќа. Нормално дека нема сам да седи. Никогаш не сум се замарала многу со бившите, за краток период сум ги заборавала. Многу повеќе би ме погодило да сум затрескана во некој и да имам надеж дека нешто би можело да има меѓу нас а тој да се ожени. Заклучок, брак на бивш не ме интересира, би ме погодил брак на потенцијален иден.
Не би ме погодило, поготово ако врската завршила и сме расчистиле се што треба и поминало време и време. Хипотетичка ситуација доколку се случи пребрзо откако сме раскинале - ќе ме погоди и ќе се замислам дали имало нешто додека сме биле заедно штом толку брзо продолжил понатаму и се венчал. Би сакала да се надоврзам на муабетот зошто да не сме во контакт со бившите. Лично не верувам дека може чист однос да се има со луѓе за кои што до пред некое време си имал чувства, и му го знаеш половиот орган, едноставно чудно и скоро невозможно е. Доколку партнетот до кој што сум има контакт со бившите, дефинитивно нема да ми е сеедно, и ќе ми биде дил брејкер. Човек со кој си бил интимен душевно и физички, никогаш нема да го гледаш како само пријател и ништо друго. Колку и да сме де разделиле на добро, нема што да контактираме и да се гледаме и да си збориме. Прво поради почит кон себе си, а второ поради почит кон мојот сегашен партнер.
Е па сплет на околности.. ама па убаво се разделивме. Не сме во контакт ако се видиме некад во град па само едно здраво-здраво и толку.
Еден од бившите ми значи премногу, најдобар другар ми беше пред се, се повлече скроз од живите откако почна да се гледа со девојката и може 8г не се видовме. После 8г се видовме на кафе и ми кажа дека госпоѓицата му наредила да прекине контакти, дури и сакала да ме избрише од соц. мрежи, за да ме викне на свадба па не било ни знак прашање, едвај успеал да ме задржи бар на соц.мрежи. Јбг, се разведоа и после разводот се видовме на кафе, 4 саата муабет правевме, многу ми фалеше со него тој муабет. И покрај минатот го осеќам пред се ко најдобар другар, а потоа како партнер поранешен. Повлечен е сеуште, сеуште му е траума очигледно се што му се десило, ама бар комуницираме.
На многу истражувања и анкетирања дури 55% од испитаниците се вратиле(дали пак врска дали секс за една вечер) со бивш партнер. Ова е нешто што секојдневно го гледаме и во најблиско опкружување. На таква бројка стварно не ми е јасно како 90% од членките во темава немаат и немале воопшто контакт и допирна точка со поранешен партнер. И се фативте за пријателство, јас не сум пријателка со ниеден бивш. Ама не гледам апсолутно никаква потреба да блокирам некој само поради тоа што ни се разделиле патиштата, а притоа ништо не ми згрешил, туку напротив ми разубавил одреден период од животот. А да се праиш дека не се познаваш на улица со некој со кој што сте си ги лижеле половите органи, ми е next level cringe. Ако е бифш, не е непријател(освен во екстремни случаи)
Тоа е таа бројка раскини, помири се. Се однесува на врска ( А не жени веќе во брак, или мажи веќе во брак)
Едниот беше од друг град. Сменив телефон и престанав да одам таму. Женет е, со деца, го немам видено 15г. Не знам какви емоции би имало доколку некогаш се видиме. Се разделивме на добар начин, затоа можеби и беше тешко и болно. Другиот бевме од исто град, па се исселив, сменив број, избришав социјални мрежи. Имаше само мејл за официјална комуникација. Пишуваше година две, после престана. Знам дека е женет, дали има сопствени деца не знам. . Кога дознав дека се оженил имаше среќа но и некои измешани емоции кои сега не би можела точно да ги дефинирам. Можеби болка/тага, не се сеќавам. Го немам видено 8г, последната средба беше болна и тешка за двајцата. Никој од нив не сакам ни да ги гледам, сеедно виртуелно или во живо, ниту да ги слушам и да имам било каков контакт. Би можела само со некаква врска без врска, каде немало длабоки емоции.
Тоа е бројка за смирување или повторен однос, а ние зборуваме за следење на инстаграм. Стварно објаснете ми ја потребата од блокирање на личност што ништо не ти згрешила, што не ти смета, досадува и имаш почит кон истата иако не сте успеале како партнери? Чему хејт?