Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бившиот се жени - како реагиравте?

Дискусија во 'Врски' започната од Directioner005, 23 септември 2023.

  1. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од хејтање.
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Точно, да, вистина, ама ова не е воопшто паметно. Кога ќе сфатиш дека со тебе како бивша се гледа само за секс, демек носталгија, осаменост. А паралелно (без да знаш, оти нели бивша си), бара други или веќе се гледа, ќе ти биди многу непријатно како што ти е во случајов.
    Со мене се обиде еден бивши вака, заврши на блок.

    Некоја овде спомна бед бичиз. Од кога поставување црвени граници стана being a bad bitch?
     
    На GirlVolley, *Amethyst* и Amellie13 им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    12.990
    Пол:
    Женски
    Е многу убаво, фино ептен.
    Прво драмење, плачење, лигавење, патење, после ко ништо да не е и пак со бившите. Ако прајте им го ќеифот.
    Карактер е ова, се глеа јак колку им е на тие вака што прават, да си го погазиш сам зборот, или кај што си плукнал после лижи. Па уште и секс за една вечер бе ццц.:x

    Друга работа е ако еден од партнерите згрешил нешто, не сфатил како што треба, напраил пропуст неосновано па се разделиле за глупости па после да си ја научи лекцијата дека не бил во право и ете да им се укаже прилика пак да се заедно ама и тоа е во ретки случаеви, не се дешава баш често.

    Остајте прикаски за мали деца настрана и живеење во бајка, нели збориме реално како стојат работите.
    Па не мислевме буквално другари дека сте, ама штом се следите, се глеате секојдневно низ слики, поготово па ако сте такви што 24/7 ставате сториња, имате увид во вашиот живот, знаете што им се дешава, све до детал.
    Не викам за тебе конкретно, примери само давам.

    И не, никој не рече дека бивш штом е, автоматски е непријател и на блок да иде одма. Само мислам дека не би требало да не занима за нивниот живот и што праат ама добро, мое мислење е тоа.

    А и другари да станете не е невозможно, ако ептен пријтелски се имате разделено и сте расчистиле скроз, не е толку страшно но под услов и двајцата да размислувате така и никакво чувство за нешто поише да нема веќе ама и ова е меч со две острици и ретко кога успева.
    Секоја им чест на тие што вака можат.

    За ова што рече, да се праиш дека не се познавате, и те како може ако таква била ситуацијата и го налагала тоа, не само да не се познавате туку и од живите има да го избришеш, ова во екстремни ситуации, секако.

    И што сеа, ако сте биле нели интимни како сите парови што се и коа ќе го видиш што ќе биде, одма чувства и емоции и сеќавање како било и што било?
    Не бе, штом е завршено, готово е, не бидете толку емотивни, за вас не чини, да патите до толку, а него уво го заболе, си го тера животот
    Луѓе сме иаме чувства ама без претерување, секој без секого може, со причина ваљда е бивш.

    Ама како што рече на почетокот егото те зеза, опасна работа е егото.:)
     
    На senza.parole, anastasijaki, Гладиоли и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.327
    Пол:
    Женски
    Никој не рече за блокирање, освен секако во екстремни ситуации (како на пример упорно те замара). Ама многу се сомнителни луѓе што толку сакаат контакт со бивши и не им се само луѓе од минатото (можеби бидејќи потајно уште не е готово, како во најголем број случаеви). Не знам еве како не е кринџ да се дружиш со бивш како со секој друг пријател, како ништо да немало меѓу вас.
    Дури и добро да сте се разделиле, тоа се луѓе со кои си бил интимен, за што ќе разговараш понатаму со нив?
    Нашето не заврши најдобро, па не е на блок ене. Само не сме пријатели и не се следиме на социјални мрежи. И да завршеше со добро, сигурно немаше да продолжиме да се дружиме и кафиња да си пиеме секој ден како ништо да не било.
     
    На Anyshka, sj *O*, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Јас, лично, на бивш не сум се вратила. Немам што да сфаќам како ме гледа, кога исто така можам да го гледам и јас него. Сексот е заедничко уживање, не на машкото само.
    Абе какви чувства и емоции и патење, зборев за здраво,како си ако се сретнете случајно во Тинекс на каса, а не да бегате 100метра подалеку.
    Не беше прашањето дали се може без некој, конкретно бифшиов што се вери јас не сум го сакала ни за време на врската, а не па сега.
    Едноставно егото работи, што јас, за разлика од многу други немам проблем да си го признаам. Тоа си го сметам за доблест.
    Јас не пијам кафиња, не знам зошто мене ми реплицираш, ама и не гледам ништо лошо во тоа. И не се дружам кало да ми е пријател, ниту комуницирам, само не бегам како ѓавол од крст. Ако го видам ќе го поздравам.
    А и блокот не ти е гаранција дека завршило. Баш оние што потајно не им е готово се служат со блокирања и остали детски ствари.
     
    На CameliaMiller и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.327
    Пол:
    Женски
    Се надоврзав на твојот пост, не реков за тебе конкретно.
    Само не можам да најдам ниедна друга логична причина толку на некого да му значи бивш, а тоа да нема врска со неразрешени чувства. Не е дека сте непријатели, ама пријатели па ич.
    Здраво е ок при случајна средба, ако заслужил, ама активно дружење и контактирање не. Поготово ако еден или двајцата се во врска/брак со други.
     
    На senza.parole, Billy Idol, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. FairyRedForest

    FairyRedForest Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    Сите ги оженив па на крај и јас хахахха.
    За некои да ми беше со напнати чуства.
     
  8. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Ти го цитирам само ова, оти е некако најважно. Исто размислуваме, некои отворено си признаваат и дека манијачат по слики. Мене би ми било кринџ да седам на кафе, најискрено не знам каков муабет би имала. И не знам зошто е толку срамно да кажиш дека го немаш бившиот на социјални мрежи. Ако го избришам/блокирам не значи дека го мразам, едноставно давам знак дека нема да има друг контакт освен здраво на улица. Од тоа што не се поставуваат здрави граници, после не боли егото. И да, сум против гледање со дечко после раскинување. Ако било добро, немало да заврши. Нема што да се враќаш назад ако веќе сте виделе дека не оди заедно.
     
    На senza.parole, Гладиоли, mira.mira и 3 други им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    Се омажив пред бившиот,мислам не му беше сеедно.Се ожени и он,ни мене не ми беше сеедно најмногу ради тоа што ми раскажуваше како функционираат со девојката.

    Од сегашна гледна точка подобро да ти се ожени бившиот него да ти се разведе.Ако бивш ти ставил лајк ондак дефинитивно се развел :rofl:
    Инаку добро ми заврши последната врска,ми рече тука сум за тебе во секое време ако ти затреба нешто побарај ме(инаку е адвокат кој работи на разводи)
    Му реков дај боже никогаш да не ми затребаш8)
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, krofnicka27 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.172
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на дента кога дознав дека бившиот се верил со некоја два месеци откако прекинавме. Ме имаше бришано од секаде ама мене интуицијата ми велеше да го манијачам по сториња кај другари и дознав. Шок, плачки леле драма бев. Знаев дека тогаш е крај крај. И така плачев месец дена и го преболив. По некое време си фатив дечко, ме запроси. И неколку дена откако ме запроси, бившиот ме исконтактира да ми каже дека се развел… Епааа :)
    Така да знаеш, ќе ти помине, нормално е да се чувствуваш тажно, бесно можеби, нема да ти е сеедно, ама ќе запознаеш некој со кој ќе сфатиш зошто не успеало со сите претходни. :)
     
    На SummerGirl, Dentina, Meddy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Site bivshi od mene begaat,no pak zenite nivni sakaat da me druzat.
    Abe bolna rabota. No sum si placela koga sme raskinuvale zasto sum imala so site dlaboki emocii I nikogas ne znaev zasto ne odelo. Mladost- ludost. Nemam kontakt so niv no igra na slucajnost I mal grad sme, znam se za niv. Sega mi e jasno zosto se bivshi I sum srekna poradi toa.
     
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.740
    Пол:
    Машки
    Леле какви драми имало овде, бетер од турски серии. :rofl:

    Мене една бивша ми е мажена само. Одамна бевме заедно, па не ми значеше ништо кога дознав случајно.

    Повеќе реакција имав кога дознав дека има дете. Ми дојде некоја топлина. Ми беше многу мило. Отсекогаш сакаше да се оствари како мајка. Сега и се исполни таа желба.
     
    На *Amethyst*, eliesaab, sparklie и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Јако ќе беше да го фатеше бидермаерот Нено ^_^
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Големо чудо. Игнорирајте го. Или ако е бивша, игнорирајте ја.
     
  15. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.186
    Не ми беше официјално дечко ама се мувавме долго време. Многу го сакав. Излезени бевме седнати на маса цело друштво за по некое време да дојде он со друга за рака. Си официјализирал врска со неа, она имаше странско државјанство. Светот ми се сруши. Беа заедно некое време, заминаа и странство живееа таму краток период. Ја побарал за жена, кога научив ми беше тешко, имав уште чувства. Long story short, она го откачи, не бидна ништо од свадба, ако им беше се закажано.
    Сега е во брак со друга си имаат детенце. Јас сум на скроз друга страна.
    Муабетот ми е, кога си со некој поврзан имаш или си имал чувства нормално е да не ти е сеедно, боли оти не си ти таа.
    Во друга ситуација да сум била не би ме тригернало, ако сум завршила со него.
    Сега не ми значи ништо, нити би се потресила за него, ама тогаш болеше.
     
    На Skorpija25 и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    266.817
    Касно ти ја гледам темава.
    Знаев дека ќе се ожени најбрзо што може, прва прилика, сам ми кажа кога раскинувавме.

    Не сакам премногу во детали да навлегувам, затоа што си најде некоја да ме рекреира мене (кринџ е, знам), наместо да земе да се освести. Ја запроси неколку дена размак од датумот мене кога ме запроси, очекував.

    Дали ме болеше, не знам, не ме болеше оти не го сакав веќе во тој момент, ама нормално, еден цел живот поминавме заедно, неколку дена имав облак "што би било кога би било".

    За да не го сталкам јас по социјални мрежи (го имав јас избришано, го немам ни денес блокирано, не можеш да блокираш некого колку што може нови профили да направи) им реков и на другарките да не ми праќаат ништо, а дента цел ден бев излезена и правев работи за да не мислам и ок помина, очекував да ме доболи, ама не ме болеше.

    Нека му е со среќа, се надевам си е среќен, се сомневам дека е така од оправдани причини, ама ок, негов живот.

    Како и да е, очекував да ми е потешко него што ми беше, реално не ми беше тешко што се жени, туку што место да земе да си го оправи животот уште повеќе зацапува во глупости кои беа и причина за нашата разделба во голема мера.

    Не е лош човек, само глуп, па ете, му посакувам секое добро и среќа.

    Едит: не го сталкам воопшто, туку ради многу фактори долго делевме (сега помалку) и делиме (сега помалку) ист физички простор и луѓе. Заеднички ни се голем број од пријателите, нема како да "избегам" од информациите. Со тек на време им стана јасно дека не сакам активно да знам, па ете, научија и да не споделуваат со мене секоја глупост што ќе ја направи.
     
    На *Amethyst*, SummerGirl, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    266.817
    Ова е друг бивш и нема везе со бившиот од погоре, јас стварно имам контакт и секогаш имав со бивш од пред него и веројатно ќе имам во иднина. Не' врзуваат други работи, несудената врска не, ниту од моја ниту од негова страна има емоции. Инаку тој е женет и дете има, веќе подолго време, никако не ме погоди, мило ми беше (не ми беше мило што технички ја изневеруваше со мене, односно само што почнале да се гледаат имаше нешто со мене - ни со неа не беше во врска де тогаш, ама пред да се гледа со мене, веќе се гледаше со неа... отпосле дознав) - супер пар се, неговите тогашни глупости останаа тоа - младешки глупости - друг човек е денес и сериозно ми е мило за него.

    Со бившиот вереник моравме да имаме контакт поради имотно правни и слични ситуации, а и првично цивилизирано се разделивме, после испаднаа глупости. Не требаше мене да ми дава отчет, ама сегашната му жена многу ја лажеше во врска со мене, беспотребно, глупаво. Нит имавме нешто веќе одамна, нит ќе имавме, ни денес не знам што му требаше сето тоа. Создаде голема недоверба кај неа, кај мене гадење.
    И кога мислев дека е тоа решено, out of nowhere ми се јави таа (непосредно пред свадба) да ме праша колку долго ја изневерува со мене :drunk: А јас и тој па скоро година НИКАКОВ контакт немавме.

    Нема да коментирам јавување на бивши вереници на вашиот (иден) маж, сами донесете заклучок дали и колку е нормална таа врска, брак, ватевр.

    Јас лично ќе го оставам на ден на свадба, нема да се јавам на бивша или ако мислам дека ме вара со која било.
    Ама тоа е до моето его, ако ме вара нека си го земе, не ми треба на мене 8)

    @Directioner005 со бившиот немав хук ап после раскинување, немав ни желба за интимност со него последната можеби цела година.

    Затоа имам еден друг недо*бан, ако некогаш се погодиме двајцата сингл може да се погледаме. Ама за маж не би го земала, само за хук ап строго :D
     
    Последна измена: 6 март 2024
    На *Amethyst*, SummerGirl, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.