"Бивши" - тема на разговор во друштво

Дискусија во 'Врски' започната од fanfemina, 24 јануари 2011.

  1. fanfemina

    fanfemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Оддамна ги читам вашите коментари и неактивно ги следам сите теми, но денес решив да отворам нова тема бидејки не сретнав ваква :)

    Сте биле ли во друштво со вашиот дечко и уште еден пар, негови пријатели кои се оддамна заедно, па цела вечер да се шалат на тема "бивши со коишто биле", а воедно девојката на другарот негов да почне да зборува и за вашиот дечко, а сепак вас не ве познава доволно?
    Што тогаш? Ви се јавува ли она непријатно чувство кога ама баш ништо од тоа што го зборува не ви е ни малку интересно?

    Позз до сите :)
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.691
    Да, се зборувало за бившата на мажот ми. И ќе се зборува. Ама мило ми е, зошто јас и таа се разликуваме ко север и југ! Едноставно нема споредба помеѓу нас двете.
    А другарите негови постојано коментираат за тоа што правеле порано, како правеле бла бла бла ама секогаш ги слушам внимателно и не се мешам во нивните разговори. На моменти ми доаѓа непријатно, ама тоа е, премижувам.
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    6.236
    Допаѓања:
    55.315
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми сметаат ваквите ситуации.
    Немам право да му се лутам на него за тоа што зборат другите, ама секогаш ме приметува дека мењам боја на фаца кога ќе се почне таков муабет и сам пробува да смени тема.
    Ми смета до тој степен што кога некој ќе почне да збори за неговото минато можам физички да го нападнам!!! Aма се контролирам :D
     
    На EraBon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    625
    Па кај нас во друштвото ретко се зборува за бивши или пак за нешто што се случувало во минатото со некоја бивша ...не викам не некогаш се случува тоа но веднаш се прекинува темета ....а иначе да некогаш ме нервира тоа да се зборува за бившите мои или пак за бившите на дечко ми но кога поубаво ќе размислам не вреди да се нервираш за нешто што било некогаш ;)
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    1.630
    Бивша да самиот збор кажува таа е бивша , а јас сум сегашна со неа биле само дечко и девојка додека ние сме маж и жена.Слушам често од страна на неговите другари но секогаш со омаложување кон бившата, дали намерно или ненамерно и не ми е толку битно, само ќе речам ако вредела намало да биде Бивша ;)
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.532
    Не ми се случило досега, фала му на Бога. :whew:
    Паѓа на муабет некој/а бивш/а кога некој сам си го/ја споменува.
    Пр. Ви текнува ли на мојата бивша Митра колку беше никаква?
    А види сега колку убава девојка си имам ;) ...
    :D

    А тие што зборуваат за нечии други бивши и тоа ви друштво, не им ја сфаќам поентата.
    Толку ли им е досадно во сопствениот живот, па си наоѓаат таква бизарна занимација и ставаат нечии бивши на тапет за време на излегување.
    Свашта.
    Ако ми се случи такво нешто, толку ќе излезам со нив друг пат.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.740
    кога сме излезени друштво девојчиња од средно или неколку другарки знаеме да прокоментираме за некој бивш на некоја од нас, ама не ми се случило да сум со друштвото на некој си да прокоментира за некоја си негова бивша.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    5.033
    тема бивши ех колку не ме погодува. и самиот збор кажува бивши и не ме трогнува ама воопшто. тој е сега со мене, мене ме сака, мене ме гушка..... сега е мое мажуле :lol: :lol: инаку знаеме не само во друштво туку и кога сме сами со мажулето да се посмееме за нашите бивши, за глупостите и тоа што сме го правеле (иако и двајцата искрено немаме бурно минато) меѓутоа не ни смета и имаме сватено дека тоа е дел од нашето минато, минато кое колку и да бараш да ги заборавиш неможеш, но затоа можеш да се смееш и шалиш на нивна сметка :devil: :devil: :devil: и да живееш среќно во сегашноста ;) :$
     
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Да кога со сме со негово друштво се случува да ја спомнуваат тој и неговите пријатели неговата бивша тие биле долг период заедно и затоа не ни замерувам.Со другарите кога си оживуваат спомени често и нејзиното име се спомнува се правам дека не ми смета ама не ми е многу драго.
    Се сетив сега ке ви кажам пред неколку недели што ми призна тој [саканиот мој].
    -Двете сте образовани,нејзиниот факултет и занаење е непроценливо во нејзината струка е експерт но како жена не ни ж нема таа како ти што го имаш и поседуваш тоа во тебе,а за твојата струка не сум компетентен да зборам...-Ми дојде убаво ми беше комплимент ми беше драго и за нејзе неговата бивша што не ја потцени,омаловажи бидејки тие се колеги по струка но тој призна декаа таа вреди.Незнам зошто но тој беше голем во моите очи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.327
    Иако со едната бивша биле подолго заедно отколку што сме ние, досега во друштво не била спомената.
    Ама другар му е брат и, плус комшика ми е :lol: Ама не ми смета, зашто знам дека нема шанси да има пак нешто меѓу нив, а за среќа и брат и ме има одлично прифатено и не се случило да се обиде да ги спои.
    Ама еднаш, уште на почеток на врската, се случи сестра му да ме каже со нејзино име.Кутрата, цела се збуни, поцрвене и се вадеше дека се помешала со другарка и.Е сега која е вистината не знам, ама не и замерив зашто е навистина срце, а се случува, сепак бевме тазе со дечко ми :D
     
  11. krofnichka.

    krofnichka. Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Па мене бившиот ми е во друштво..:D Иако тој има женска (со која ме изневери). И никогаш немаме никаква комуникација.. Едноставно, неможам да го смислам, а па и он мене - и кога јас не сум присутна знае да каже нешто лошо за мене.. Но ниту јас не си го оставам друштвото поради него, ниту он поради поради мене.. А по цели денови сме заедно:doh:
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.084
    Допаѓања:
    21.316
    Пол:
    Женски
    Па искрено , немав многу вистински другарки , па ретко со друштво да оговарам бивши , само со таа една и единствена сум ги оговарала до бесвест :rofl: инаку не обожавам да си отворам душа пред секој , иако тоа упорно го правам ( најголема маана ми е :doh: ) па оттаму и правилото да не се зборува за бивши во големо друштво :D
     
  13. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    10.091
    Допаѓања:
    128.241
    Пол:
    Женски
    Едниот бивш во друштвото ми е, а во глобала сме сите со сите поминати така да бивши во склоп на друштво ни е омилена тема. :inlove: :rofl: