1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Биполарно растројство

Дискусија во 'Психологија' започната од Hayley, 9 октомври 2012.

  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Не најдов ваква тема, а не верувам дека нема луѓе кои што се биполарни. Во оваа тема да ги запишуваме мислите за оваа психолошко растројство и можеби некој да го подели своето искуство.
    Јас прочитав дека еден пејач што го сакам бил биполарен, и по кратко истражување наидов на квиз кој што на крај заклучи дека имам симптоми на оваа психијатарска состојба, односно со симптомите на дијагнозата биполар I. Сепак, не им верувам на квизовите не интернет, и иако некои од симптомите ми се совпаѓаат не би се дијагнозирала себе си како биполарна. На крај и краева, ништо не му знаеш, додека не те дијагнозира стручњак.

    Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди.
    Во основа, болеста се состои од две фази кои периодично се менуваат: манија (хиперактивност, восхитеност, радост и осеќање семоќност) и депресија (пасивност, чувство на безволност, безвредност, немоќ, тага и очајување).
    Овие клинички состојби се разликуваат од нормалните промени на расположението. Растројството има потподелби: биполар I, биполар II, и циклотомично растројство, при што биполар I и II можат да доведат до рапидна цикличност на расположението во текот на годината.

    Симптомите најчесто се појавуваат во раната зрелост. Дијагнозата се засновува на искуствата кои ги пренесува лицето, како и на набљудувано однесување. Епизодите на болеста се поврзани со емотивна болка и нарушувања, како и се релативно висок ризик од самоубиство. Студиите покажуваат дека генетиката, раното опкружување, невробиологијата, и психолошките и социјалните процеси се важни фактори кои можат да придонесат за појава или спречување на оваа болест. Тековното психијатриско истражување е фокусирано на улогата на невробиологоијата, но не е пронајдена јасна органска причина за појава на болеста. Биполарното растројство најчесто се лекува со медикаменит и/или терапија или советување. Воглавно, медикаментите се од групата на лекови наречена "стабилизатори на расположението", а особено литиум и натриум валпроат; ова се група на неповрзани медикаменти кои се користат како превентива од понатамошни епизоди на болеста. Антипсихотичните медикаменти, понекогаш наречени невролептици, особено оланзапинот, се користат при лекувањето на маничните епизоди. Користа од користење на антидепресанти во депресивните епизоди не е докрај разјаснета. Во посериозните случаи кога постои ризик кон самиот себе и кон другите, се препорачува и недоброволна хоспитализација; ова се случаи кога постојат силни манични епизоди со опасно однесување или депресивни епизоди со идеи за самоубиство. Задржувањата во болница се поретки и траат помалку одошто во минатото.
    Некои истражувања покажуваат значајна корелација помеѓу креативноста и биполарното растројство. Сепак, односот помеѓу растројството и креативноста е сѐ уште многу нејасен.

    ^Превземено од википедија.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ако решевме тест на интернет сите ќе испаднеме биполарни. ;)

    Сите имаме тралала моменти кога играме боси и скокаме до таван, а исто така имаме моменти кога сакаме и да се затвориме дома, да се покриеме со ќебенце и со никој да не ни се збори.
    Ама јас имам биполарен колега на работа. Неговото скокање до таван ме вади од такт, и мене и сите околу него. Значи кога е на манија е еуфоричен, збори како навиен, воопшто не е продуктивен, се гледа дека не спиел две ноќи додека проголтал пет кила вино и цела енциклопедија и мора да ти каже што научил, ама нема друго, Мо-Ра!
    Кога си падне на газ тешко е со него да се комуницира, прашања во врска за работа ќе му влечеш зборови од уста а не за нешто надвор од работа да станува збор. Почна да следи една колешка, до дома одеше по неа, буквално ја следеше без да она знае, додека две вечери едно по друго не го виде како стои по еден саат пред нејзината куќа, па и во полиција го пријави. Замислува дека сите прават заговори против него, па кога прати мејл на сите во фирма дека ќе си отиде дома да се отепа оти сите се против него, доктор го отпиша на боледување. Овој пат три месеци го немаше. А често го нема. Ние му се навикнавме дека е таков. Донекаде кога зема терапија однесувањето му е нормално да се рече, иако малку повлечен ама немаме испади. А веднаш го познаеме кога престане со лековите.
     
  3. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Зависи каков тест. Затоа што, и на психијатар најпрво се поставува прашања, се воспоставува разговор со цел да се одреди причината која што предизвикала некои симптоми што пациентот сам ги препознал (нели, ако не си препознал симптоми не би пошол на психијатар). Сега, нормално, ако има тест да одговориш само со да или не, сите ќе испаднеме биполарни. Но биполарноста зборува за екстремности, без разлика дали за тага или среќа, и се разбира секое прашање ќе има повеќе можни одговори. Секој, најверојатно, барем еднаш искусил неподнослива тага и депресија, и неопислива среќа и манија, било тоа на 5 минути или една недела. Во тој случај, го заокружуваш соодветниот одговор. Но ако и двете ги искусуваш често, и при тоа немаш голема контрола врз своите емоции, тогаш веќе станува збор за некои симптоми. Е сега ако некој си заокружи често а му се случило само пр. 5 пати во животот, тогаш нивен проблем што не дале соодветен одговор. Кај биполарните нема средно. Т.е. има, но не е изразито како депресијата и манијата. Врз одговорите барем сите имаме контрола, и ако сме искрени со себе си - искрено ќе одговориме.
    Биполарноста не е некоја страшна ментална пореметеност што не може човек сам кај себе си да ја примети. Лудите се тие што не знаат дека се луди.
    Затоа биполарноста е разделена на степени, бидејќи има луѓе кои што малку патат а други повеќе. Се се психолошко, карактерно.
    Не треба да ги потценуваме машините, затоа еве гледаме во сите области веќе ни ги завземаат работните места :)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Баш пред некое време читав една статија за биполарното растројство,а и гледав еден филм за истото.
    Тоа по обичај како што напомена и Hayley тоа се лекува со лекови,но и со терапија на психијатар.Како најдобар лек се препорачува литиумот кој што го контролира човекот и неговите емоции.
    Ете една статија околу биполарното растројство,неговите етапи и се околу начинот на лекување превземена од За Здравје-тоа е интернет весник каде што сите статии се за секој аспект на здравјето:
    Биполарно растројство или уште наречено манијакална депресија е дезориентирачка состојба која предизвикува екстремни промени во расположението. Пациентите може да се чувствуваат со недели дека се на врвот на светот, пред да западнат во фазата на депресија. Секоја година биполарното растројство зафаќа околу 2% од светската популација.

    Фаза на депресивни симптоми

    Без третман, болниот со биполарно растројство може да западне во фаза на интензивна епизода на депресија. Симптомите вклучуваат тага, анксиозност, губиток на енергија, безнадежнст и постојана потреба за плачење. Пациентите може да изгубат интерес за активностите кои претходно им предизвикувале задоволство. Може да добијат или да изгубат од тежина, спијат помалку или повеќе од потребното, и се склони кон суицид.

    Манична фаза

    За време на манијакалната фаза, пациентите имаат тенденција да се чувствуваат еуфорични и веруваат дека може да постигнат се. Ова резултира од неадекватното расудување, намалената самокритичност, наголеменото либидо (желба за секс), конфузија, инсомнија. Неадекватни однесувања, како екстремно трошење пари, сексуална индискреција, брзо возење, и злоупотребување на алкохол и наркотици, се доста честа појава. Присуство на три или повеќе, од наведените симптоми изразени скоро секојдневно, индицира манијакална епизода.

    Според феноменологијата се разликуваат:


    Биполарно растројство со хипоманични епизоди;
    Биполарно растројство со претежно изразена манија, без психотични симптоми;
    Биполарно растројство со манија и плус психотични симптоми;
    Биполарно растројство со блага или умерена депресија (со или без психотични симптоми);
    Биполарно растројство со тешка депресија (со или без психотични феномени);
    Мешано биполарно растројство;
    Биполарно растројство во ремисија.



    Луѓето со мешано биполарно растројство доживуваат и депресија и манија во исто време. Ова води до непредвидиливо однесување како што е плачење додека ја вршат својата омилена активност. Најчеста е кај младите, т.е. адолесцентите.

    Причини

    Нема досега докажана причина која води до ова растројство. Водечка теорија е дека постои абнормалност во флуктуирањето на мозочните хемикалии т.е серотонинот.

    Ризични групи

    Биполарното растројство ги афектира и мажите и жените подеднакво. Најчесто се јавува во периодот помеѓу 15 – 30 години. Високо ризични индивидуи се членови во фамилии со позитивна анамнеза за биполарно растројство. Како тригер фактори се наведуваат злоупотреба на алкохол и дроги, стресни настани или останати непознати фактори.

    Дијагноза и диференцијална дијагноза

    Круцијален чекор во дијагностицирањето на биполарното растројство е, анамнезата за драстични промени во расположението. Диференцијално дијагностички може да дојдат во предвид органски болести кои го афектираат расположението како: повреди на главата, тироидни проблеми, ХИВ, дијабетес – хипогликемична фаза, проблеми со исхраната, или пак употреба на одредени лекови.

    Терапија

    Во терапијата се вклучува литиум, карбамазепин и натриум валпроат, како стабилизатори на расположението. Исто така се употребуваат антипсихотици кај маничните и антидепресиви при депресивните симптоми. Помеѓу епизодите на манија и депресија, пациентите треба да се одржуваат со терапија за да не развијат релапс на симптомите.

    Психотерапија

    Оваа терапија не ја исклучува медикаментозната туку се надополнува на неа. Може да влијае на подобрување на симптомите и да го ресоцијализира пациентот во однос на работата и фамилијарниот живот. Конгнитивна бихејвиорална терапија се фокусира на смена на веќе научениот начин на однесување кој ги модулира симптомите.
    Интерперсоналната терапија може да влијае кон подобрување на персоналните релации. Социјалниот ритам им помага на пациентите да се справат со секојдневните обврски без да манифестираат поголеми промени на расположението.

    Електроконвулзивна терапија

    Електроконвулзивна терапија може да помогне кај пациенти со суицидни мисли, психотични епизоди и агресивни однесувања кон останатите. ЕЦТ користи електрицитет за да предизвика напади слични на епилепсија со последична амнезија (антероградна и ретроградна) за настаните кои претходеле пред и за време на терапијата. ЕЦТ е обично последна резолуција кога пациентот не реагира на медикаментозната и психотерапијата.
     
    На biGirl и Hayley им се допаѓа ова.
  5. jgkm

    jgkm Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Spored testot na internet i mene mi se dijagnosticira bipolar I, se razbira deka ne moze da e verodostojno i na krajot na samiot test go pisuva toa deka za kompletno tocna dijagnoza bi trebale da se konsultirame so specijalist. Megutoa citajki gi simptomite i podetalno proucuvajki ja sostojbata,koga bi napravile sporedba so naseto odnesuvanje, poblisku sme do zaklucok dali se raboti ili ne za bipolarna depresija.
    Bipolarnata depresija kako sto veke pisavte se sostoi od manicna i depresivna faza. Manicnata faza se javuva koga spored Frojd egoto misli deka ja nadminalo "zagubata na sakaniot objekt", sto e vsusnost pricina za depresijata na poedinecot. Vo momentot koga ke sfati deka nadminuvanjeto e iluzarno, togas se vraka depresijata kaj poedinecot.
    Medikamentite i terapiite ja podobruvaat situacijata, no samo privremeno. Koga covek ne moze da funkcionira bez niv togas e logicno da se zakluci deka pravat nekoj vid na zavisnost, sto isto taka nema da obezbedi kvaliteten zivot.
    Manicno depresivnite luge ne uspevaat mnogu vo zivotot, pred se zatoa sto cesto zapocnuvaat, no nisto ne zavrsuvaat dokraj. Isto taka ova rastrojstvo e vo nekoja vrska so kreativnosta. Samata kreativnost izleguva spontano, nema shablon na tek, na ist nacin i manicno depresivnite luge se nepostojani.
    Od se sto sum procitala do sega, edinstveniot lek za sostojbata sme nie samite. So ostavanje na minatoto da bide minato, soocuvanje a potoa i nadminuvanje na problemite, odnosno uspesno zavrsen proces na taguvanje (spored Frojd) i obvrzuvanje vo zivotot (cesto koga vo zivotot ne se napraveni izbori, se cuvstvuvame izgubeni), ke uspeeme da ja nadmineme sostojbata.[mod-kirilica:2t0bub90][/mod-kirilica:2t0bub90]
     
    На Bescheiden, Sunchild и Hayley им се допаѓа ова.
  6. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Браво за темата, редно беше нешто вакво да се отвори :clap:
    И сега кај искуството....пошто можи ке му поможи на некој.

    Голема е веројатноста дека имам биполарно растројстојство или PTSD (Post-Тraumatic Stress Disorder) *ке се знај, најверојатно, до четврток*, макар шо психологот *со магистер клиничка психологија* со кој шо зборав и кој ми ги праеше тестојте е доста сигурен дека имам Биполарно растројство, предизвикано поради голем притисок и стрес.

    Пред околу 2-3 месеци почнав кај мене да си забележвам многу драстични психички промени, на кој не му обрнував големо внимание до пред недела дена. Имав и уште имам:
    - нагли промени во расположение, кој се менват на краток временски период (45 мин.- 1 саат). пр. еден момент сум хиперактивна, енергична и можам да истрчам маратон а во следниот сум нерасположена, тивка, повлечена и можам да го преплачам/преспијам цел ден.
    - честа забрзаност при зборување.
    - расеаност и измешани мисли.
    - често менување на желбите. пр. сега сакам да излезам со друштво и да си поминам убо, по 5 минути неќам ни да слушнам за то - сакам да сум тотално сама, во темница и да слушам музика.
    - тешкотија при заспивање и кратко спиење. пр. легнувам во 12, заспивам во 3 и спијам до 5 - само 2 сати.
    - често губење од реалноста т.е. се загледвам во една точка (по едно 5-10 мин), гледам-а ништо не гледам; слушам- а ништо не слушам. поголем дел од времето по 5 мин. ми го повторват името, истото нешто шо го кажале, ми мавкат со раката пред очи или ме тресат за да се „совземам“.
    - од време-на време преголема иритација, па макар и ради најмала ситница.
    -брзо избувнување и неможност за контролирање на нервозата. пр.
    се расправав со една професорка на час и претерано многу ме изнервира, и кога се докаравме жената културно праша „Ќе можи сега да почниме со лекцијата?“ и јас станав удрив со раката на клупа, со другата го удрив мониторот и со гнасно-повишен тон викнав „НЕ !“.
    Мене лично освен „загледвањето“ ништо не ми смета, се ми е како нормално. А пак на другите многу му смета брзата промена на расположението, глупостите кој ги прам кога сум хипер., понекогаш неможноста за контролорање на силата и бирањето на зборој *при удирање/туркање; при кавга/вреѓање*, и загледвањето - кое што страшно многу ги иритира.
     
  7. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Добро ова може да се помеша со ПМС само мислам дека не е исто
     
    На Sinolicka. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    според карактеристиките 100% сум биполарна :D
     
    На soffce и biGirl им се допаѓа ова.
  9. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Целосно се препознав, дали е можно ? :o Мислам одев на психијатар бидејќи јас сакав, но не знам, можеби до тоа е. На пример во еден момент сум целата возбудена, со многу идеи, се смеам како ненормална (најозбилно), сите се вртат. Многу креативна личност сум поточно. Кога сум така расположена, удирам по маси, пеам песни, сите ги гушкам, мислам дека сум најдобра, не можам да си најдам ниедна мана. Мислам дека сум подобра од сите мои другарки, се преценувам, мислам дека сите машки само мене ме сакаат, и не само машки воопшто сите. Се однесувам како пијана.. Скокам, урлам.. Имам многу идеи, сонувам за се и сешто и мислам дека сум способна се да постигнам. Имам и зголемена желба за секс и некакво романтично расположение ме обзема. И тоа може да трае неколку часа, понекогаш неколку недели. А потоа доаѓа наредниот период кога сум многу тивка, заробена во свој свет, во своите мисли и сум најчесто агресивна кога се карам со многумина, се случува и да се степам. Ама ете, не можам да се контролирам во тие моменти. Досега во повеќе тепачки сум била вклучена. А исто така слушам депресивна музика и сакам да се самоубијам. Воедно имам зголемен апетит и многу сум незадоволна од себеси, животот,.. Сакам се да уништам, да искршам. Многу долго спијам, повеќе од 12 часа и не практикувам никаква физичка активност. Во таквите периоди почесто пишувам, бидејќи така можам да ги искажам чувствата. А кога депресијата пред 1 год. пред да одам на психијатар ми траеше многу долг период 1 и пол година и тогаш не пеев, а тоа ми е омилена активност. Исто така кога имам вакви периоди најчесто не излегувам од дома и кога и да ме викнат не излегувам или пак пробувам да избегам од училиште. И исто така кај мене нема средина, кога правам нешто или го правам совршено или воопшто не го правам. Така да, во еден период на училиште сум најдобра, тестовите ги вадам со сите можни бода, а веќе наредниот период добивам единици и двојки. И потоа ги поправам. Исто така имам чувство дека никој не ме сака, дека немам вистински другари и дека се е лага. Многу сум несигурна. Се случува од нервоза често да имам болки во стомакот и главата, а некогаш не можам ни да спијам и спијам само по 1-2 часа дневно. И исто така земам антидепресиви. Не знам дали ова е биполарно растројство или пак само пмс. :^)
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Леле луѓе многу мешате поими, промена на расположение или ПМС во никој случај не е ни блиску до Биполарно растројство. Можеби вака читајќи ги симптомите делува слично ама не е.
    Не значи дека ако имате различни периоди во животот, и среќни, и тажни боледувате од оваа болест. Во секој случај мислам дека само психолог би можел да заклучи за што се работи. Во никој случај тестови на Интернет.
     
  11. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со BlackSwan5. Едното со другото нема врска. Сите имаме промени во расположението но тоа не е биполарно растројство.
    Јас на пример имав колешка со биполарно растројство. Двојна личност. Три години жената беше супер. Да не речам со нормално однесување, да не се навреди некој. Но беше под терапија со лекови и редовно одеше на психијатар.
    Одеднаш почна да запаѓа во депесија.Да плаче секој ден на работа. И постепено тоа ескалираше. Почна да слуша гласови од зидовите во канцеларија, да станува параноична дека некој ја следи и сака да ја убие, да се загледува во една точка и така да седи со саати... за подоцна да стане агресивна и кон себе и кон нас, па маваше со тешки предмети по нас, викаше на цел глас, хисетризираше, не следеше каде и да одиме, све мислеше дека некој прави некакви заговори против неа. Потоа не обвини дека сакаме да ја отруеме, сме и ставале нешто во кафето, за на крај да испадне дека она нешто ни ставала, и така не испоотру сите во канцеларија, завршивме со тешки труења, и јас бев отруена, но во некој полесен облик, додека колегата заврши во болница. Значи она тоа што го правеше ни го препишуваше на нас.
    Потоа расположението и одеше во друга крајност. Од вакво хистерично понашање, ќе и текнеше да си оди дома во сред работа, па ќе се вратеше избањата, пресоблечена, освежена,насмеана, и ќе ни кажеше дека се ,,освежила,,па сега и е подобро. Ќе поседеше пола саат,па пак ќе отидеше до дома. И така по 3-4 пати во денот, а работата и домот и беа на две различни страни на градот.
    Моравме да интервенираме кај претпоставените, со оглед на тоа дека и на високо работевме, на 10-ти спрат, па често сакаше и да скока од прозор, и така некако ја преместија.
    После тоа, жената лежеше 6 месеци во Бардовци, и еден ден се сретнав на улица со неа, беше во одлична состојба, ми кажа дека се лекувала, а во тој период кога не беше при себе ми рече дека престанала да ги пие лековите,мислела дека ќе може и без нив. После неколку дена непиење на лековите, неможел ни господ да ја убеди дека она е болна,и дека треба да прима терапија како и дека се однесува непресметливо.
    Ете тоа е... Има многу вакви случаи, навистина треба да се човек често анализира, и доколку е потребно да си преземе мерки додека е уште рано.
    Како дечково во Кисела вода што ги уби двете девојки. Кошиите го знаеле како мирен и добар човек, но еден од нив кажа дека мајка му баш и не била ,,добра,, психички. Сепак ете не е дека од чиста мира полудел. Гените си ги игнорирал, и ете зацрнил три семејства...

    Ај некој нека стави линк од тој тестот, да си го направам и јас ;)
     
  12. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Многу би била благодарна ако може некој да ми помогне со своето искуство доколку го имал. Мој близок има манично - депресивен сидром. Многу тешко психичко заболување, посебно за околината. Но, тој не сака ни да слушне за лекар, не ја увидува својата состојба, ништо не му било нему, туку на нас. Што се однесува за ова заболување со оглед на тоа што студирам медицина, запознаена сум со него, но сакам да слушнам искуства доколку ги има.
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Иако токму тој би требало да појде на психотерапија, од голема корист би било доколку појдете вие останатите со цел да се заштитите колку толку од неговото евентуално негативно влијание и да можете воедно полесно да „пливате„ низ сопствениот живот. Тоа на лицето можеби нема многу да му помогне, но ќе ви биде многу полесно вам!
     
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    леле и јас се препознав
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Тестовите на интернет ми покажаа големо ниво на биполнарност, не се сеќавам точно сега како пишуваше. :lol:
    Ова не го сфаќам ... ?
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Се испосмејав :D Јас ги имам повеќето карактеристики за болеста,но не сум бисполарно растроена :D
     
  17. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Луѓе, дајте бе доста. Ако имате промени на расположението тоа нема никаква врска со биполарно растројство. Може имате некој слаб дисордер емоционален, ама не верувам ни тоа. Се случува многу често да се пронајдеме во симптоматологија на психијатриска болест, бидејќи сите симптоми на ментални растројства ги имаме и ние но во помали количини.
    Јас имам биполарно растројство, дијагностицирано и не е воопшто така како што го замислувате ова. Нема врска промени на расположение. При промена на акутната епизода ти се менува апсолутно сѐ (вклучувајќи го ставот кон животот, вкусот, изразот на лицето, верувале или не гласот, ставот на телото и така натаму). На пример, кога сум во епизода на манија, можам да испушам две кутии цигари дневно. Кога ми поминува маничната, ми се слошува и од една цигара и ја фрлам и таа. Литиум карбонатот и останатите салтанати што ги набројавте погоре се стабилизатори на расположението, кои му се препишуваат на пациентот при хипоманичната фаза, за да ја задржи истата. Инаку биполарното растројство се лекува со комбинација од антидепресиви, антипсихотици, стабилизатори на расположението и седативи. Јас пијам антидепресиви, но сум голем противник на антипсихотиците и стабилизаторите од многу причини и затоа кога ќе се најдам во манична фаза на која не можам да ѝ делувам, земам обичен седатив.
    Биполарното растројство може да биде хронично или акутно, и не е воопшто страшно, доколку се навикнеш да го контролираш. И не можеш да си го дијагностицираш себеси затоа што во истиот ден си плачел и си се смеел. Поздрав до сите :)
     
    На Viktorijana, okcenzi, LUCERKA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Ги знам карактеристиките на биполарност и поќето ги имам, и не поќе од еден човек ми има речено дека сум. Не знам дали да верувам или не зошто немам идено на лекар за да бидам сигурна па за сега ќе се држам како „потполно“ ментално- здрава личност. :lol:
     
  19. tina.stavrevska

    tina.stavrevska Нов член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    На irenna и Ana Ane им се допаѓа ова.
  20. Ana Ane

    Ana Ane Нов член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски