Биполарно растројство

Дискусија во 'Психологија' започната од Hayley, 9 октомври 2012.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Мојата приказна е со среќен исход, и јас имам биполарно поремњтување. Ама веќе одамна се помирив со тоа. Имам. Факт. Тоа е тоа. Ништо не сваќам сериозно и се ми е сеедно. Никогаш повеќе не барам од никого ништо и сум среќна. Додека сум во ред психички, се може да биде друго во различни комбинации. И имам и дете и самохрана мајка сум. И? И пак барам партнер не се откажувам. Ако некој од групава бара совет слободно во лп нека пиши
     
    На GirlLove, Bojana890 и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  2. Vesnica pesnica

    Vesnica pesnica Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Kakvi lekovi zemash. Vaka koga citam, kako za kjerka mi da citam, skroz istoto odnesuvanje..

    Kako genetski preneseno?

     
    Последна измена од модератор: 29 август 2019
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Лицата кои имаат директно линија на заболени, може да заболат и самите. Пример од мајка на дете, детето има 50% шанси и самото да заболи...но тука влијание имаат и другите фактори, но треба да се внимава...@Vesnica pesnica
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    7.921
    Пол:
    Женски
    Кога читаме како се однесуваат некои личности со некоја патологија, многу е веројатно истите да ги пронајдеме и кај себе. Но тоа не значи дека ние тоа нарушување или растројство го имаме. Дијагноза поставува исклучиво психијатар.
     
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Мора и некој добар психијатар да најдеме за правилна дијагноза.
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    7.921
    Пол:
    Женски
    Многу го фалат др. Моме Петковски.
     
  7. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Ејј ова е сериозна дијагноза.Психијатрите тешко ја препознаваат,а не па вие самати да си ја дијагностицирате.Мнолгу паметни бе..Бпжр сачувај што нема да прочита човек..:sweat:(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На Angie1432 и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  8. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    10.897
    Не може сам да си дијагностицираш болест. Ако гледате така сите имаме периоди кога сме позитивни и го покажуваме тоа на различни начини, дали ќе споделиш слика на социјални мрежи, дали ќе се пофалиш на роднини, ќе почастиш некого различно е тоа.
    Така и кога сме негативно расположени сакаме да се затвориме во соба, да плачеме и ги кривиме сите за се и викаме дека никој не не разбира како ни е :)
    Тоа не значи дека имаме биполарно раствојство нормално се додека ова наведеново е во граница :)
    Ако е над граница може да се оди на психијатар даваат соодветни лекови со кој што може да се контролира болеста.
     
    На Mrs. Lovett и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Имам работено со луѓе и деца со различни дијагнози и верувајте ми скоро сите се убедени дека се' е во ред со нив. Не си давајте сами дијагнози. Откријте каков интерес имате и работете на себеси и самокотролата. Ме чуди искрено што луѓево сами доаѓаат и бараат со сила да им дадеш дијагноза.
     
  10. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Здраво девојки,

    Ја приметив темава и имам еден мал проблем (доколку е тоа проблем).
    Со една девојка што се запознавме и се зближивме очегледно е дека имаме заеднички интерес и очигледно е дека двајцата гледаме нешто сериозно а не само забава и авантура. Не брзаме одиме чекор по чекор без притисоци и напињања. Девојката (за мое позитивно чудо) после неколку недели ми кажа дека има биполарно растројство. Јас по читањава на нет и по вашиве искуства малку сум загрижен доколку тргнеме и официјално сериозно. Ме мачат прашања како се ќе се одвива, како и дали симптомите ќе влијат на нашата врска и расположение, дали и колку треба да инсистирам за некои работи или подобро е да се повлечам за да не ја предизвикувам и најбитното како би живееле заедно а проблемите од растројството да ги сведеме на минимум.
    Инаку девојката покрај што е физички привлечна за мене е и доста интелегентна и и се восхитувам, Секој муабет и во "up" и во "down" фазите и е за конструктивни работи, полемики за некои гледишта во животот (за коишто 90% се согласуваме) , за се што не е типично да се зборува после неколку недели познанство ( а мене како што гледам и нејзе и годи). Реален проблем или недоразбирање сме немале, но ме загрижуваат некој од симптомиве што се најредовни ( како немање храброст за "eye conact" , нагло позитивно, па нагло негативно расположение, пречестите депресивни периоди кога се изолира од се, слуша депресивна музика и дури си набива комплекси дали ќе ми се допаднела ако тој ден не била расположена). Првин овие симптоми мислев дека се поврзани со редовниот месечен циклус бидејќи пред недела-две баш се поклопија со него. Но откако ми кажа за тоа ме замисли.
    Според вашиве пишувања мислам дека девојкава има некоја блага форма бидејќи е многу независна , живее сама (можеби заради и нарушувањево не сака да живее опкружена со луѓе) и работи прилично сериозна и тешка работа каде што било какви испади сигурно ќе резултираат со отказ од работното место.

    До членката @macencef имам прашање , дали и како ова растројство би влијаело врз нашиот заеднички живот кога ќе почнеме сериозна врска (Бидејќи јас најискрено ја сакам и доколку растројствово може да се одржи под контола , јас немам намера да ја оставам а најмалку како во вашиот случај да ја оставам како самохрана мајка). Мене девојката ми значи и би сакал да знам како да и помогнам кога ќе биде во ваква ситуација .

    Фала ви на сите на одговорите
     
    На ☆P!nselsp!tze☆ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Види дечко, ако таа е самостојна и си работи работа и тоа одговорна, само кога ќе има некоја фаза да и дајш време да се поврати, значи без прашања од типот - што ти е е, или коментари од типот - оти ти така сакаш, затоа си болна. Најтешко ќе биде ако одлучите да имате дете, е тогаш ќе и треба огромна помош од тебе, самото неспиење ги влошува симптомите. Значи, поголемите домашни обврски како готвење, чистење или перење мора да и помагаш да ги извршува, ако не и да ги извршуваш ти, додека не спие со бебето. Јас знам по себе, не знаев каде сум, а не уште да готвам или слично. А инаку за заеднички живот ќе се научиш дека емотивно некогаш пука, и остави ја, ако и се плачи нека плачи, молимте во такви моменти не ја финансира, кога ќе и помине ќе дојде кај тебе и може и да ти предложи да свари кафе или слично. Ние немаме проблеми со интелект, само со некоја контрола на осетливоста, ако ја сакаш прашај ја подетално какви симптоми има кога и е полошо, јас моите ги знам. И најосновно - немој, само немој, кога е во таква фаза сосила да ја вадиш од неа, кога е депресивна или весела. Тешко е да се живее вака, само дај и поддршка. И јас му кажав на мојот сегашен дечко дека имам биполарно пореметување, за чудо, ме прифати и дури и ми се довери и тој. Средината македонска е многу лоша за лица кои имаат такво пореметување. Ќе ја прашаш кои работи ја иритираат од повеќе и внимавај кога се случуваат нагли промени, добри или лоши сеедно. Со среќа
     
    На SURF му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Првин фала ти многу на исцрпниот одговор.
    Ние моментално далеку сме од деца зошто како што спомнав само неколку недели се познавамне и дружиме и сеуште нема ништо сериозно (иако јас би сакал доколку таа прифати). Мене прашањето ми беше кака на почетоков да се поствам за ништо да не ме изненади и да не направам некаква глупост.
    Заклучив дека треба смирено да разговарам, не треба да инсистирам воопшто за да не постигнам конта ефект.
    Фала ти многу на советите и се надевам дека се ќе биде во ред
     
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    , Многу чувствата се на Макс, само поддршка да и дадеш треба. И верувај, после толку глупости во животот, не и се понашај идиотски, оти те бриши и нема твои забрани да толерира или немој ова да носиш или со оној да се дружиш. Има видено многу повеќе во животот и знае што сака а што не. Ако и поставиш забрани - ќе испари од твојот живот, нема ни објаснување да ти дај. Само понашај се добро, и дај и слобода да лета и да сака баш кај тебе да слета....среќно
     
    На SURF му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    За забраните и понашањето идиотско не мора да ми спомнуваш зошто тоа кај сите девојки го практикувам без разлика дали има некакво нарушување или нема. На крај краева не сакам ни кон мене некоја да ми поставува неоправдани забрани или нешто да ми се понаша. Разбирањето и толеранцијата се клуч на успехот на секоја врска безразлика на околностите.
     
    На macencef му/ѝ се допаѓа ова.
  15. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Некако малце брзаш со твоите размислување за иднината кога се уште не сте ништо сериозно, сепак само неколку недели се знаете, како што кажа ти.
    Мислам дека е супер што ти се отворила на таа тема и што ти укажала низ што поминува, и убаво е што ти си се заинтересирал, ама премногу навлегуваш, ко што викаат: ,,На нероден Петко капа му кроиш''.
    Со текот на времето ќе најдеш самиот начин како да се справуваш со неа и ќе сфатиш што точно она сака во тој период, дали да ја оставиш да и помине моментот или пак да бидеш покрај неа. Ако толку си заинтересиран, она нека ти биде прва рака информации, прашај ја се што сакаш да знаеш околу таа тема. Сепак секој човек си е сам по себе посебен.
    Не е лесно да бидеш со човек кој има психолошко растројство, но важна е волјата да му го олесниш животот со твоето присуство и внимание.
     
    На SURF му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Не е толку дека брзам , колку што сакам да внимавам да не направам некој непромислен потег. Инаку и јас е изненадив што таква работа ми ја соопшт прилично нормално и толку рано (што предпоставувам дека таа има некоја доверба стекнато во мене што не треба да и ја изневерам) .А баш заради тоа што гледам по искуствава дека премногу е тежок животот со такво лице, затоа сакам да дадам 100% од себе за да не се посомнева дека не сум заинтересиран за нејзе или дека сум со нејзе заради други интереси.
     
  17. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Брзаш дечко, зборуваш за деца, семејство и заеднички куќен живот. Колку и да бараш совети за тоа и да истражуваш по нет, ништо нема да ти значи кога ќе се најдеш во таа ситуација.
    Убаво е што сакаш да бидеш претпазлив, ама ако и обрнуваш доволно внимание, не би рекла дека ќе се посомнева дека не си заинтересиран за неа.
     
  18. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Никаде не спомнав семејство и деца освен што неколку пати напоменав дека сакам нешто сериозно да излезе бидејќи имам сериозни намери. Затоа уставри и ги барам советите за да знам како да се поставам на долгорочен план. А се тоа само по себе ќе си дојде (ако си дојде секако без брзање и притисоци).
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.808
    Допаѓања:
    97.252
    Пол:
    Женски
    Многу убаво од тебе што си свесен. Биполарното растројство е нешто кое ако се третира и одржува во контрола, може да се живее со него, може да се работи, да се има фамилија. Да некогаш може ќе имате предизвици. Но зарем сите немаме некои предизвици што ги носиме во врска? Кај некои е ова, кај други е друго. Верувам дека со љубов, се е возможно. Двајцата работете на врската, на човек не го дефинира само болеста која ја има. Ви посакувам среќа
     
    На flawless. и SURF им се допаѓа ова.
  20. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Конечно! Ми ја сменија терапијата од Рисперидон, на Занестра и дијазепам :) Веќе 20 години ја примав таа терапија и морам да одмарам и да исклучам кафе, мн јадење, мн одмор додека се привикнам на новата терапија. Можам да кажам дека беше долга и мачна борба....но јас имав 12 години кога ја почнав борбата, прво ме напишаа како шизофренија. 5 години бев погрешно лекувана.
    Ако сакате некаков совет за подобро справување со оваа тешка болест, пишете ми лп или пишете свое искуство.

    Маченцеф има нов роденден денес
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.