Биполарно растројство

Дискусија во 'Психологија' започната од Hayley, 9 октомври 2012.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.116
    Допаѓања:
    31.833
    Пол:
    Женски
    Имав човек во блиската фамилија со БР, и најважно е да нонстоп посетува личноста лекар за да можат да и ја контролират дозата на лекови.
    Ако не оди на контрола и продолжи со истата терапија, може да се влоши ситуацијата.
     
    На Mentalna85 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    "Популарното име" е тоа.
    Полека со препораките по форумот. Претпоставувам дека не си психијатар, па да тврдиш дека многу добро ги познаваш лековите, кој како делува, колку е ефикасен.
    Една од најтешките работи е да се урамнотежи терапијата на БР. Малку психијатри успеале во тоа.
     
    На GirlLove, Scott Weiland, Mentalna85 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Машки
    Многу точно, освен што сите лекови имаат различно дејство и нуспојави дозирањето е многу битно и затоа треба да се контролира лицето редовно значи отприлика два до три пати месечно на контрола или често се закажува на две недели.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.209
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, сигурно ќе знаеше ако ги имаше, ама треба да си разговараш за ова со психијатарот.
    Мојот партнер ги имаше почесто поради Рисперидонот мислам најмногу и неговата воопшто негрижа кон сопственото здравје.
    На топло исто треба да не се изложува подолго време, а тој работеше надвор напротив, и се сеќавам дека психијатарот многу го молеше да ја смени работата некаде внатре, токму поради тие антипсихотици.
    Често знаеше да дојде со дртење, и да не кажувам уште што, а сигурно многу помалку или ништо од тоа ќе немаше ако не пиеше и алкохол плус, пушеше многу, да беше физички поактивен, и ткн.
    Со растројствово и терапијава колку да има њус појави, човек може да се носи и да си живее солидно квалитен живот ако се придржува до здрав и одговорен начин на живот.
    Познавам лице кое живееше 78 години со прва генерација лекови за хив вирус кои беа ужасно тешки можеш да замислиш, ама си знаеше што треба.
    Само волја и едуцирање за сопствениот "проблем", а сите имаме некаков и мораме да се придржуваме до нешто за подобро наше.
     
    На Mumoftwo30 и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  5. fernandezz

    fernandezz Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Pishi mi.
     
  6. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.209
    Пол:
    Женски
    Да, за жал.
    Ама ако лицето соработува почесто со психолог /психијатар поготово при сезонските мени, стрес и останати нивни лични тригери , многу полесно ќе може да се носи со сите предизвици на растројствово и терапијата.
     
    На Just.do.it и Flier им се допаѓа ова.
  7. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Ме интересираат искуства и совети од некој кој што ја има оваа болест лично или пак ја има некој негов близок или познаник и исто така од психијатри/доктори доколку ги има во групава. Се работи за биполарно растројство. Мојата свекрва боледува од оваа болест долги години и живее на епизоди. Има периоди на манија и има периоди на депресија. Тоа се случува само кога не ја зима терапијата која и е препишана од лекар. Кога е под терапија можам да кажам и дека функционира нормално. Дознав дека имала и суицидни мисли, неколку пати и обиди а и лежела во психијатриска болница. Сакам да знам дали оваа болест е наследна, дали личност со ова растројство може да наштети некому (убие, повреди..сеедно)? Имам мало бебе-нејзино внуче кое она премногу го сака, но проблемот е во тоа што она мене не ме сака, слободно можам да кажам дека ме мрази. Два пати сме имале поголема кавга со неа и мојот сопруг и забрани веќе да не гледа сите нас, вклучувајќи го и бебето. Тоа ја прави уште погневна, постојано му пишува лоши пораки за мене, ме вреѓа и сака да ни го расипе бракот и пробува да го сврти против мене и тоа не само него туку цело нивно семејство што до некаде и и успева. Мојот сопруг пробува да оди против сите нив но тешко е, семејство му се. Сега за сега немаме контакт со неа но мојот сопруг сака од есеноска да и даде уште една шанса, демек ќе стивнела топката, јас и она да сме имале службен однос: чао и здраво и да и дозволиме она да ни го чува бебето додека сум јас на работа. Мене таа идеја не ми се допаѓа воопшто, да го оставам моето дете само со саати со некој што е психички недобар, што некој кој ме мрази силно и при тоа не колне…не верувам дека би му направила нешто на бебето но сепак не знам…можеби да му зборува лошо за мене а оно за некој месец прави годинка така што ќе почне се повеќе да разбира. Да напоменам и дека бев бремена сега но неколку дена после кавгата што ја имавме со неа го изгубив бебето. На мојот сопруг не му е сеедно и за двете страни, буквално е помеѓу два огна. Се плашам..се плашам од целиот исход на крај, дека ни го зима здравјето со сите стресови и нервози со неа, дека ќе ме остави вдовица не дај боже затоа што сопругот има проблеми со здравјето и се плашам да не не искочи добро на крај после сите стресови што ни ги прави и притисокот врз него, се плашам дека ќе ни го расипе бракот..Едноставно не сум паметна и не знам што да правам иако сопругот ме убедува дека се ќе биде во ред и она не може да не раздели, јас веќе не знам во што да верувам, што да мислам и како воопшто да живеам со таква личност во наша близина..
     
  8. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Луѓе..
    Се соочив со ваква состоба на многу блиско лице, одеднаш дојде се сосема неприметно а толку многу голема интензивност, не можам никако да делувам, се обвинувам себе си дека не сум приметила порано…
    Многу се плашам дека нема спас, се чувствувам беспомошна, воопшто ме знам како да помогнам ве молам совети дали за брзо се решава ваквата ситуација и фали велосно се искоренува засекогаш?
    Замолувам и инбокс да ми пише некој што има позитивно искуство со ваков тип проблем многу би ми помогнале.
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    26.114
    Колку е тешко да се промаши и да не се дијагнизира?
    Имам блиска личност на која и' е дијагнозирана депресија, меѓутоа сиптомите на биполарност премногу се софпаѓаат, и сумњам дека не и' е дијагнозирано затоа што не оди на психолог и психијатар редовно, односно на сила оди кога е во фаза на јака депресија, и сметам дека лекарите немаат прилика да ја видат манија фазата.

    Не глумам лекар, само се прашувам. Еве еден краток опис: кога е во фаза на депресија која трае пар недели не оди на работа, не сака да стане од кревет, не сака ништо да прави, седи и гледа во празен ѕид, нема апетит, нема интерес за ништо, на сила ја носат на лекар и оди на некакви терапии со бранови, многу многу слабо зборува, и' зборуваш не реагира никако, изгледа физички чудно, речиси како мртовец; кога е во фаза на ние ја викаме хиперактивна, зборува без престан, постојано обвинува 'ти не знаеш, чекај јас ќе ти кажам', избувлива е, лесно навредлива (се лути и ако ја прекинеш во зборување), се смислува некакви планови што ќе правиме, од неодамна многу јако тресење на рацете, итн. Ретки се деновите кога не е во ниедна од тие фази и е нормална.
    Пие антидепресиви, немам појма кои.
    Во глобала не сака разговарање со психолог, дури ни во манија фазата.
    Депресијата и' е дијагнозирана како последица од менопауза.

    Предлог?
     
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    5.191
    Па ако отишла еднаш два пати, не отишла на контроли, може да добие грешна дијагноза, башка ако отишла сама без некој близок кој и ги знае тие епизоди и не ги кажале на лекарот. Зависи и од психијатарот, можеби треба и невролог. Мислам дека треба на добар психијатар да отиде да се ревидираат симптоми и терапија, психолог ок, ама овде психијатар е понеопходно. Да, има биполарноста вакви манични епизоди, ама и не мора да значи. Вакви дијагнози често покажуваат знаци и порано во животот пред 30тата, велиш дека е во менопауза, некаде 50+ можеби, ќе имала и претходно некакви симптоми. Може да е од менопаузата, затоа треба добар лекар. Кажувам само од искуство со многу блиски личности од фамилија, не сум стручна.
    Почината е личноста сега. Но, кога се видов со нејзиниот долгогодишен психијатар ми кажа нешто што може не требаше да го знам. Ако порано ја „добиел“ како пациент, се ќе било поразлично. Зборувам за личност со ментални пореметувања на 40+ дијагностицирани, но дијагностицирани доцна во животот. Затоа сметам дека добар психијатар е нужно. А ќе го најдете со препораки, искуства, и на крај ќе видите дали после одреден период следење кај него ќе има подобрување. Не знам колку ти е блиска личност, но тешко е, не биди како мене, научи се да бидеш посебична, мисли на себе и семејството и не жртвувај премногу од себе.
     
    На Angie1432 и MissChievous им се допаѓа ова.