Наставничката по физика: какви полови постојат? Ученик: Машки и Женски :Д ааххахаххаха можеби вака не ви изгледа смешно, ама на час се утепавме од смеење!
хахаха еве еден од денеска По бизнис едно девојче од класот набројува : чекови,хартии од вредност,трансакциски сметки,кеш ..и се замисли тука малце..кога лупна : МАТРИЦИ ! (наместо меници ) Професорката : Како ?! Како ?! Матрици рече? Да не се меници ?! Дев. : Нее професорке матрици се..Така и во книгата пишува .
При анкета спроведена на градските улици во Скопје, новинарка прашува случаен минувач кој е на свои 50 ина години: - Господине, дали знаете каде се наоѓаат ерогените зони на жената? - Па видете, не сум сигурен, ама мислам дека се накај Куманово!
На македонски зборуваме за Библијата Професорката:„ Ајде кој ги знае десетте божји заповеди?“ Станува другарка ми Таа: (ги кажува сите) и на крај лупна : „не јади“ Сите по земја ************************************************************************************ Правиме муабет со друга другарка, т.е таа ми раскажува нешто и вика: „и така му се истркалаа нозете“ ************************************************************************************ На мсн, една школска ми праќа текст за на школо, јас го читам и после 2-3 минути збунето и враќам: „ А овој Божин машко е??!! „ ********************************************************************************** Со другар седиме во кафич и дојде келнерот да не праша што ќе пиеме.. Другар ми пренесен му вика: „ За мене липа од чај!!“
хехеххе баш сега слушнав нешто што ме насмеа.......... хеххехехе некој ваму низ интернатот вика на цел глас ,,чистам соба за 300 денари, цена по договор`` хихихихихи
Едно мале4ко девој4енце вика: јас сум ќерка на баба Ката!!! Хахаха А ина4е едно детенце сакаше еден виц да каже и наместо плавуша оно вика: и си бил еден плавуш.... и до ден денеска се смеам за плавушот
Час по македонски. Другарка ми го опишува јунакот: Јунакот бил силен и јак јунак, качен на коњот со својот коњ. Час по геогрфија професоре како да ја поправам оценката? и еден другар вика: донеси алати и ќе ја поправиш. а професорот: земи и малку цименто! Зборувам со другарка и и кажувам нешто и таа ме прекинува и ми вели: А вие на пица во Леонардо бевте и само сок пиевте?!!
Еден другар во средно зборува за делото „Смртта на Иван Илич“ : И на крајот од неговиот црн живот се појавува светла дамка, конечно му се случува нешто добро - Тој умира! Физичко: Во која дисциплина победил олимпиецот Марк Шпиц? Другарот: Во трчање со штикли! Англиски: Иван читај! Томи: Абе не на таа страна. Драги: Абе не во таа книга. Педагогија: Зет вла, зет влаинка.... Лелел мора и овој бисер: Која раса на крава е најпознатата? - Мерино овца!
Другар ми што си нема благе везе од француски ја чита новата лекција. Професорката му вика сa suffit (доволно) и тој вели: сa suffit и продолжува да чита.. хахах мисли професорката му помага при читањето Професорката по биологија ни вика: запишете под број а.
Едно дете решава крстозбор и вика :,, Река со 3 букви во Франција?`` Марија:,,НИЛ`` Филип: ,, Еј што значеше тоа КПЈ `` Јована: ,,Комунална партија на Југославија`` Марија чита текст по историја и место да каже антифашистичка коалиција вика:,,Антифашистишка коагулација`` (иначе коагулација е засирување на крвта) Хемија:,, Доколку не ви е интересен часот, можете слободно да го напуштитие јас нема да ве запишувам нема да ве карам...ама`` И пола деца стануваат и она вика:,,Затоа ќе дојдете во јуни да си полагате пред мене и комисија`` Хемија нешто диктира за дома и вика:,, Напишете една равенка...`` Лина:,,Може да повторите прашањето наставничке?`` Хемија:,,Напишете 3 равенки.`` Граѓанско:,, Лина како се нарекува збирот на инстититуции со заедничко име?`` Лина:,, Државен АПАРТМАН (треба апарат`` аххахаха Граѓанско зборува и вика:,, И така на пр. градоначалникот на тинекс`` хахахахах
Граѓанско:Вие што мислите дали нашата држава доволно ве известува и едуцира во врска со опојните дроги ? Еден сокласник:Фала богу не не едуцираат Спојлер а учеников,пафка,пуши све прави
Готвев ручек и на сестра ми и велам: -М, намести кревет, готов е ручекот. -Што да наместам? -Кревет де. -Да не мислиш на маса? -Па што ти реков? Ова ми се случува често
Гледавме со другарка ми филм, и она ми вика ај МadHatter упали светло многу слабо ми се слуша! хахаха
Пред две недели, седиме со дечко ми и гледаме тв и имаше некоја емисијај. Јас зината во телевизорот, гледам, ни мрдам-ни претам. И дојде крајот на емисијава и водителката вели „ до видување до следната емисија“ и во исто време со неа дечко ми ме праша нешто и јас занесена, исклучена од се околу мене, се вртам кон него и му велам „ чаооо“ наместо „ кажи“ и само што го реков тоа, се сетив дека се подизгубив и се вратив во реалноста, па ко си фатив сама да си се смеам Еднаш бевме излезени со моите и на бегање мене и сестра ми не пуштија во една семкарница да купиме кикири. Ни даде тато пари и сестра ми го прашува колку грама да купиме и јас да се позафркавам со неа и велам „ 1 кило“. И одиме да купиме и продавачов прашува колку сакате и таа му вели „ 1 кило“ и јас си реков да не ми поверува таа мене, па да си мисли дека толку треба да купиме и да не закаснам, ко од пушка „ не бе 1 кило, дај за 100 ден.“ и тој кутриот ми вели „ 1 кило е 100 ден., еве овде пишува“. Леле, јас ко го видов тој листот - А4 формат и со големи букви напишано „ 1кг кикири - 100ден“, ми идеше да си ја залепам една. И ко излеговме надвор сестра ми вика „ глупа една, не го виде напишаното?“ После кога му кажавме на моите, ме скапаа зафркавање ама јас веќе се избрукав. НАРАВОУЧЕНИЕ: Не му копај дупка на другиот зашто сам ќе паднеш во неа - така јас сакав да ја зафркнам сестра ми ама јас се лизнав
Лелеееее... Темава мислев дека е за заби Читам Бисери<Насмевка и си мислев дека е за убави заби, убава насмевка Коментарите чудни ми се видоа па се подзамислив. Не ми се гледа нешто како што треба. Време е изгледа да си легнам.
Ние: Наставничке ќе ни ги дајте тестојте? Наставничката: Да деца,ама послем големиот одмор,на трет час ќе дојдам.Има уште неколку треба да ги дојадам Ние се дупнавме од смеа