мајками трудна и брачетми ја прашува мајкаму Мамо зошто вујна е дебела? тетка ми - Па ке има бебе брачетми и онај чичкото ке има бебе?( за некој дебел чоек што поминал во моментот на детскиот ретардиран и љубопитен разговор
на час по историја една школска го прашува професорот:професоре може да одам до веце? и тој вели: не и ова:а што ако се помочам ? a професорот: е тогаш ке биде интересно
Нешто на 4ас по музи4ко, и сега нешто слушаме некои композиции, и сега прашува професорот каков жанр е песната, нешто семејна, свадбарска ли, и еден школски.... депресивна е ваа професоре...
идеме со другарками по бурек и по пат си праиме муабет за пушки, ми кажува што учеле на факс. И влагаме во бурекџилница и јас како куршум сигурна во себе на продавачката и викам дајте ми четвртина бурек со пушка (наместо со месо) на што секако следеше громоглано смеење до солзи
Си праиме муабет со другарка пред некој ден на фб и сеа ни падна у муабет идолов. И сега збориме и она вика: -Пуу бе оној Христијан каков е го*но, лигав, пе*ер низаеден, на сите врти глава и се праи фраер, а Виктор каков е сонце, душа, со сите се слика, им дава автограми и прегратки им пружа! Абе ова прегратки им пружа кога го пиша толку ми падна смешно, се смеев 10 мин. ко во транс да сум! .Абе многу смешно ми падна!
одиме со другарками по пат и си правиме муабет и едно време ја гибам јас му велам плавуша најголема си...и таја вика не ти си поголема од мене...и јас му велам јас не сум плавуша црна сум во косата ти си плава во косата...(а таја е шатирана) и само вика а јас не сум плава ЖОЛТА СУМ ВО КОСАТА... хахаххахаххахаххахаха
бисер од вчера : (XXX) says : odberi si i kazi mi koi filmovi gi sakas.,. ( jas) : ko che odebam che ti pisham ... После ова следеше громогласно пеење ,, ова де смеење зборот одберам доби друго значење
еве еден што кога го слушнав се згазив од смеење одиме накај крушево и мајка ми бидејки учи помали деца во автобусот им раскажува каде ке одиме што ке посетиме и едно девојче ја прашува учителке има ли на мечкин камен мечки ? леле коа прснаа сите во автобусот од смех едвај се присвестив и јас и велам има бе таман работа ке си поиграме со нив девојчето кога се озбили цела и ај подоцна и објаснувавме додека да сфати абе мало дете или порано во средно на час по географија една од мојот клас си раскажува си зборува од што беше досадно не ја ни слушав и коа одеднаш слушнав цезар моламмм од каде сега пак тој не ми беше јасно професорот се разлути кога почна да вика по неа а другите се газеа од смеење и така си ја прекрстивме цезар иста случка со оваа девојче класниот не вика еден по еден да се потпишеме во дневникот и дојде и нејниот ред и кога еден школски се избацува абе зошто да оди цезар да се потпише ке го фрли копјето и завршена работа
Наставничата: Како се вика лекар за уво, нос, грло? Ја: Оторинголаринголог. Ученичка: А жив е уште тој? Ова е свеж кикс од денес.
Пред некое време ми ѕвони домашниот и јас кревам. Беше од оние автоматине од Т-Home за неплатена сметка. Ама јас незнаев. Тоа машкото си збори од таму, си збори, јас слушам. Во еден момент и му реков:- Господине моите не се дома, да се разберете убаво кога ќе се вратат. Овој не престанува. Јас го слушам и си викам каква некултура. Кога заврши му реков:- Добро, фала многу, пријатно. Се изнасмеа татко ми кога му кажав.
Ни беше досадно со дечкото и ајде ќе кажуваме што ни е омилено.... И овој ми вика мене омилено овошје ми е помаранџа и портокал ( наместо портокал и мандарина)
Кај другарка на гости, нејзината мајка; Сине ај дојди до компјутеров , го свртев ЦД-то од другата страна и неќе да продолжи
Лапсуз Лапсузот е ненамерна грешка која се прави во зборувањето или пишувањето. според Фројд крие некоја несвесна желба. Мои најголеми лапсузи се- Имав 2 другарки Мери и Бети и еднаш ги изговорив нивните имиња - Мети и Бери, На писмена по англиски јазик наместо множина за заби јас напишав цицки, (teeth - tits) ! Другарка ми имаше дечко Борјан и го викаше Бојран, јас ја зезав - да, Дојран ! Тоа е се‘ што ми текнува во моментов некои ваши лапсузи ?
Лапсуз Леле темава Ми текна на факултет кога беше жива професорката Јадранка Владова, собиравме потписи и еден колега што никогаш се немаше појавено на предавање, дојде за потпис и најкултурно си праша : - Во овој кабинет ли е проф. Владанка Јадрова. Мислам дека душа не остана во нас што чекавме потпис пред вратата
Лапсуз Има една професорка кај нас, Гордана се вика. И идам јас у канцеларија,требаше да ја побарам нешто.Ја прашувам сменоводителката: -Професорката Гордана тука е? С: Која Гордана? ( имаме повеќе ) - Па Гордана Јанкуловска. Колку се избрукав тогаш,само Господ,јас и сменоводителката знаеме.
Лапсуз Една школска моја оди да си купува на големиот одмор и како секогаш гужва па мора да викаш за да добиеш. И она се запнала Тетка Лидоо дај ми една баничка со виршлаа... и така повторуваше два трипати и кога веќе и здосади викна на цел глас: Тетка ВИРШЛОООО дај ми една баничка со виршлааа!!! И после се ја викавме тетка виршла.
Лапсуз Со дечко ми на телефон цел ден, се слушнавме 100 пати и цело време "душо, срце". И после му ѕвонам на татко ми, и онака ѕвони телефон и од таму татко ми: "ало" и јас "еј душо сакав да те прашам...." Си се изнасмеавме и ме зезаше после некое време ме викаше душо