бисер од братучед ми беше дојден на гости иначе е од австрија и зборува српско-хрватски. за ручек тато нарача скара и одевме тројцата да ја земеме. другиот ден го прашуваме што сака да јаде и вика „па може опет ЦКАПА “ ние сите со 220 прашалници над нас а тој кутриот кога ја земавме скарата прочитал СКАРА ама на латиница - ЦКАПА
Прееска мајка ми збори на телефон, и наместо да каже: Факултет за одбрана и мир. Она вика: Факуртет за одбрана и мил.
Купував пудинг во пордавница и продавачката ми вика: -Ова последно е? Но, јас имав и други производи земено и ми се слушна дека ме прашува дали е посебно. Па и викам: -Не, не, заедно е се! А ова се случи денес на испрашување по македонски: Проф: ајде уште едно прашање за 4 и те ослободувам... Е: Проф. прашајте ја што е во хороскоп!! Порф: Не истражуваме овде астрологија! Додека проф. го кажува тоа ученичката која се испрашува гледа во другарката и и вели: Н: А*** кажи миииии...! А: Од кај да знам јас за тебе?! Тие што го слушнавме ова прснавме во смеа!!
Хахахахаххахаха ме изнасмејавте. Еве едно бисерче од една моја другарка Отидовме во град јас и уште две девојчиња и носевме Ray Ban.И незнам што и текна на една реши да ги пробува нашите наочари.И кај сите различно се гледаше.И пред да ги проба моите праша: Миа твоите наочари како гледаат? Јас и другото девојче се скинавме од смеење а она па уше не разбрала шо е толку смешно.Толку се озбили во пробувањето на наочарите :geek: Кога и кажавме шо е толку смешно,нешто вака и беше реакцијата
На сестра ми лапсузите. Иначе 22 години има ама си треска лапсузи ненормални и тоа: (овие од вчера се сите) 1. Купив јас сирење и такви седнуваме да јадеме и Сестра ми: Кој го купи сирењево? Јас: Па јас нели бев до продавница. Сестра ми: Убаво е ептен. Јас: Па ја ли? Сестра ми: Јадам јадам! 2. Имавме пинџур за јадење и лапсузот на сестра ми на истиот ручек од првиот лапсуз: Татко ми: Еј ми се погодија пиперките мама им расплакав. Сестра ми: До кого поздрав? За овие лапсузи цел ден ја заебававме сестра ми леле такви бевме цел ден А и третиот 3. Гледаме вчера Ѕвезде Гранда и пее Аки (не знам дали го знаете) и дијалог меѓу мене и сестра ми: Јас: Еј овој ќе пее песна од Аца Лукас. Сестра ми: Еј позната ми е песнава чекај како се викаше? После 5/6 секунди Сестра ми: Ауууу да бе оваа Угаси светло. Наместо Упали светло ! Абе такви цели уште се смееме на лапсузиве по дома
Пред некој ден на мама и објаснувам нешто и и викам "во последно време мене оргазмот....", а јас јадна сакав да кажам организмот ....додека јас менував бои мама само ме погледна и се насмеа
денска на тв стар имаше нешто дали се оргинали тренерките и патиките(ко бајаги аддидас или пума глупости таму)и он вика па не знам некои се со поминати рокови ):
Оговараме со уште две другарки И******: Леле даде видија онаа каква е во фацана. М*****: ХАХАХАХХАХА Јас: Абее валда до гените или нема добијано (најприбрана) И******: Абее даде таа можда имат добијано ама место со вода и сапин се мијат со то и знјш зато е онаква М*****: ахахахахаххахаах абее достате аман! Проф: А** што е смешно ? И****** кој добил, што ? И******: Ам, професоре...им, кажвев дека.......баба добила пезнија
Не се мои бисерите ама се згазив: На усмен испит на медицински факултет: Професорот: „Ако ви е знаењето големо колку и градите, не мора воопшто ни да почнуваме со испитот!“ Се полажил еден професор: „Зошто студентите постојано доцнат на предавања? Па не правите прселба на народите за да дојдете на факултет.“ Во тој момент влегува еден азиец. „Вам ви е оправдано, вашиот пат навистина бил долг.“ - Професор на медицински факултет држи наводно предавање: „Започнуваме со основите на обдукцијата. При тоа, две работи се од клучна важност... Прво: морате да ја победите гадливоста. Внимавајте сега!“ Професорот бутнал прст во задникот на мртовецот на масата, го извадил и го ислижал. „Ајде сега вие.“ Бледи и едвај воздржувајќи се од повраќање, студентите еден по еден го повториле потегот на професорот. Откако се изредиле сите, продолжил професорот: „Втората клучна работа е концентрирано и внимателно да ги следите предавањата. Јас го пикнав показалецот во аналниот отвор, а го излижав средниот прст. Така што, внимавајте на деталите...“ - Професор на трудница на усмен испит: „Почнавте гледам двајца да доаѓате на испит, а пак појма немате ...“ - Седел некој професор во мензата и јадел. Дошол студент и седнал на истата маса без ништо да проговори. Лут професорот од таквата непристојност, му свикал на студентот: „Од кога орлите и свињите седат на иста маса?“ Студентот ги кренал рамениците и му одговорил: „Ок, тогаш, одлетав јас понатаму...“ Преземено од црнобело.ком
Вчера се расппрашувам за цените на количките за бебиња. И ја прашувам продавачката дали со некоја од количките оди транспортер. И оваа ме прашува каде живеам, а јас пак будала и кажувам. И почна она да ми објаснува како не би можеле они транспортот да го извршат на количката, да сум се снашла бла бла бла. WTF ? Ах, ми текна дека оваа не знае што е транспортер, па пак ја прашав дали имаат седиште за во кола за бебиња. И кога и текна што всушност ја прашав првиот пат, се насмевна и се извади како не ме слушнала добро првиот пат.
Му викам на еден продавач на цедиња:-Го имате филмот Ромео и Јулија? А тој ми одговара:-Не, ама имаме други комедии. не можев да се смирам од смеење
И јас знам многу бисери, сега не се мои, на мои не ми текнува во моментов ама знам луѓе што и не се свесни дека кажуваат бисери. Една личност што ја познавам кога раскажува узречица и е зборот онади, онадува цело време, а не можеш ни да претпоставиш кој збор го заменува со онадување После тоа цело време кога траеше онаа серијата Љубов во офсајд, она упорно си ја кажуваше Љубов во осфајт хахахахахаха, мислеше дека е така правилно иако читаше и слушаше како се изговара, после тоа кажува беФНе, дојдоФНе, онадиФНе итн, како неписмена да е, а исто така и грешки има во правописот, за град пишува граТ, за дожд доШ итн. а иначе најсмешно нешто ми беше кога ми донесе да си ставам шеќер во кафето на налепницата на кутијата за шеќер, пишуваше шеЃер хахахахахаха. Иначе други зборови што ги употребува се паНтент (патент), ваЛда (ваљда), чиЖми (чизми) и немој да ти ШЛАПА устата многу, зошто ке те ИСПИЧКАРАМ А една друга моја другарка еднаш упорно тврдеше дека ПЕТОК 13ти пред неколку месеци кога било, се паднал во недела Слатко се изнасмеавме
На работа : Јас : Здраво, Повелете Господин : Здраво девојче за мене ке ми донесеш оргинал сок без Чаша Јас целата збунета продолжувам : -Ахам во ред, Puma, Adidas, Nike, Gucci, Lacosta каков сакате ?
Бисеров се случи уште на првиот час по англиски во средно.Мојата школска читаше текст на англиски и имаше да прочита excuse me и таа прочита ексќузми ми До ден денес има некои што ја зафркаваат, кога ке рече нешто таа некој ке се убаци и ке рече ексќузми ми Не е многу смешно девојчето згреши но смешно е што сега си доби прекар ексќузми ми
И ова,можеби не спаѓа во бисери ама морам да го кажам Мајка ми излегува од една канцеларија и во занес излегувајќи тропа на вратата(како што тропаме кога влегуваме некаде) Е со солзи се имам смеено на ова