Си идав од Охрид со такси, ама бев седната напред. Назад седеа двајца мажи и таксистот најде уште еден патник и тргнавме. Ама 4тиот патник беше ѓупка/ромка и имаше бебе со себе. И кога влегуваше за да седне, дека таа со бебе, а назад веќе двајца имаше + колата не беше посебно голема и беше малку тесно изгледа и му вика на тој до неа: Извини малку ќе се плеснеме, ама не е страшно!
Сакав да бришам прашина па се симнав до подрум да земам крпчиња. И одам во подрум и го отварам фрижидерот. И сега се чудам гледам лубеница и викам абе не дојдов за лубеница, ни за кајсии, за што дојдов? Се вртам го гледам шкафот и викам еее абе за крпчиња дојдов. Мајка ми ми рече неверојaтна си
На сестра ми: Ќе отворам врата и прозор да продува ветер.. (сакаше да каже промаја) можеби не е смешно.. ама во моментот..
На вечера,во домашна атмосфера. Вечераме мирно и со уживање, топло лепче и еурокремче. Братов џвака ,џвака ,и сиот занесен во јадењето прашува : -Луѓе ,зошто на еурокремов нема упатство за употреба? Не знаев кај да ја пикнам главата од толку што се изобличив од смеа !
Од братучетка ми. Муабетот беше нешто за купување и дека е скапо, а она на тоа: „Што ти е бе, не го зимам ова, не сум ти јас РОТФАЈЛЕР“. Пукнав од смеа, а она упорна е дека не е ротфајлер
Се расправаме нешто со другарками т.е ми играше мајтап за една глупост и јас на цел глас: -Викторијааа, напуштија вратата (наместо напуштија просторијата)
Една од пријатели на друга и напишала Ајде Јоци оденден и све нјаубаво (срекен роденден и се најубаво) и си викам дали е пијана или што е работа?
Вечерва на плажа со еден другар од друштвото праевме муабет за некојси цртан, и јас му викам: За онај цртанон со кравот лав прајш муабет?
од денеска: абе злато ти зеде пица за тесто? Мислејки тесто за пица ама така сонлива па и гладна и ајде што не укапирав што кажав ок он си се смеее и после неколку минути поточно откако ми истече кафето се свестив и укапирав што кажав....ептен сум брука некогаш
Една роднина 7 годишна прееска си игра надвор вади кај мене и ми вика ја се разумем о цвече ако ниси знала. и јас ја гледам онака ( . и бидејки она се разуме о цвече стави вода на стапот со кој беше потпрено цвекето а не на цвекето .
Одиме со сестра ми да си земеме нешто за јадење и таа: " За мене една блага со виршла." (мислеше вишна) Кога поминувавме со сестра ми покрај Гимназија и викам:" а вие на кој спрат живеете" (сакав да кажам на кој спрат учите)
Ми се јаде сок од јаболко. Исклучи ја вратата. Ја скинав чашата. Испив многу благо. Фискална протеза. (фиксна) Чувај место до мене. Трчав пешки. Седеше стоејќи. Неможам да гледам, затнат ми е носот. Вдишувам чист воздух од воздухот. Вака изгледаат микроорганизмите под хороскоп. Хелада се наоѓа во Грција, а Грција во Хелада. Летачки риби. Ќелава со плетенки. Не бев јас, Елена беше. (ова е извадок од алманахот ) И ова не е кикс, ама кикс е. Се возевме во кола.. И јас нешо си пеам.. ама само со „ммм“ (незнам како да пишам) и само сестра ми му вика на татко ми: Тато зашо волку ти тропа колава?
прашува наставникот по географија кој е главен град на македонија а ние зазборени за скопје главен град и ни текнува дека драчево е населба во скопје нели (бевме тогаш на гости кај другарки во драчево) и сега што да рокнеме за да се смеме ептен беше тапа часот сите креваат раце и ние три во хорр драчевоо