мнооооогу од дамна беше ова негде основно мислам. симпатијата ме праша колку е часот, беше негде 12 56-7 а јас секогаш кажувам на рамното и бев толку радосна што ми зборна и ми велам 12 и 60 мртва ладна. тој: колку ?! 12 и 60 бре ! ми направи една кисела фаца сигурно си помисли која глупача сум хахахахха
Во нашиот гред има фестивал на дувачки оркестри. Седиме вечерва со другарка во еден кафич и таа вика: "ќе мора за догодина да научам да свирам на труба, за да победам". А јас и викам: "Ок, јас ќе научам да свирам на саксовон". И ме гледа замислена и вика: "А да пејам јас... Уствари јас можам во исто време и да пејам и да свирам". Кога сфативме што кажа, прснавме од смеење.
еден бисер со мајка ми..ги испракавме гостите и јас по влечки .. му викам на мајка ми ми студат нозете и мајка ми вика ами шо не си кладе вентијага..ко сфативме двете се умревме од смеа!
Еве една случка што беше многу многу одамна, уште во основно. Една наставничка нешто ни кажуваше, и ни вели : „Абе деца не туку се мувајте насекаде...“ (жената мислеше, да не одиме секаде) но децава подруго ја сфатија, и цел клас по земја. Ех, тоа е...деца.
Бидејки сите често споделувате искуства од училиште, прееска кога се бањав ми текна една глупост која ја истресов во 2 или 3 одделение (пред некои 12-3 години ). Дејството се одвива во училница на час по „Природа и опшество„. Најубава и нејзината другарка разговараат и се смеат скоро цел час. Наставничката видно револтирана откако неколку пати ги опоменала, се врти кон Најубава и вели: -Ајде Најубава стани и кажи кој се наоѓа на врвот на ланецот на исхрана? Најубава станува сигурна во себе,(пих какво прашање), и како од топ: -Тато! Наставничката се труди да ја скрие насмевката и вели: -Зошто Најубава? Најубава: -Зошто тато дома е највисок, прв седнува да јаде и секогаш прв ја јаде супата и прв завршува! Што ли сум мислела незнам, но прееска под туш бев кога ми текна и ќе прснев од смеење
Бев 4 одд. И имав англиски, и требаше да читаме некој си текст.. и една ученичка наместо да прочита pictures, она скроз нешто друго, што не треба.
бевме на курс по англиски и сега секој посебно треба да го чита текстот... и доаѓа на ред една моја другарка..ние внимателно следиме и тааа наместо the crow is sitting on the tree,рече the crow is shitting on the tree... се изнасмејавме...
Еве баш сега гледам на ТВ некоја отворена програма и еден се јавува и вели: Гледач: Оу мај гад!! Водителката: Оу мај гад?? со кго разговарам? Гледач: Јес, оф скрос!!
Бевме денес на базент со сестра ми, ама пред тоа таа беше на оториноларинголог и и кажа дека и се затнати ушите. Пливам јас накај нејзе во базентот и сакам да ја потопам и тогаш таа свика: "Не, не, немој, ќе ми се затнат ушите, после со што ќе дишам?"
На час по англиски имавме некоја дискусија за нашита баби и дедовци што работеле пред да се пензионираат. И професорката ме прашува : Does your grandmother worked in shoe-shop? И јас : Oooh, no no . She worked in a shop for shoes. И сите ко грмнаа да се смеат, тек тогаш сватив каква глупост сум треснала.
Муабетов се случуваше во 3 саат сабајле, во такси во Велес. Таксистот, еден другар напред, јас и уште еден другар и другарка позади. Сите (пот)пивнати, и другаров на сувозачко се разврза со муабет. (Да речеме дека другарот се вика Климче) И за да се направи фраер, му вика на таксистот „Ти да им кажеш на тие и тие...Климче на сите к*рот да им го јаде!“ Имаше пауза од 5 секунди, почнавме да се смееме ко луди, и џабе му беше што е вадеше после „Не не, обратно, они мене, не ја нив!“ А такви бисери по англиски јазик има мал милион. На курс, пред многу години една другарка чита текст и наместо She is penniless, прочита She is penisless. Ај тоа, а ние дечурлана од по 12 години, и професорката мртва ладна и вика: Па нормално дека е пенислес, ЖЕНСКО е.