███████████ogrebi misem!Stavi ovo na zid 5 grupa ili strana ili u 5 komentara ikad to zavrsis ogrebi misem ovo crno i pokazace ti se IME ONOGA KO TEVOLI April 8 at 2:26pm Коментар 1 : ne uspeva ova April 16 at 10:49am Коментар 2 : lele pa normalno ne uspeva koga e laga hhhhhhhhh April 17 at 6:29pm · 1 person
Игравме карти вчера со сестра ми.. И сега на нејзе и беше поблиску масата, на мене подалеку.. И ја и викам: Дадо, абе тебе ти е до колена овој, мене не.
Пред некој ден на дедо ми му викам, дедо нема ништо интересно на телевизорот исклучи го и тој вика оди провери на другиот што има.
Еднаш баба ми место павловичева рече прличкова. Пред некој ден бевме со сестра ми да си купи нов мобилен и вработената ни раскажа како дошла некоја бабичка и ја прашала што треба да направи затоа што и истекува договорот за интернет. Таа ја прашала дали сака да го исклучи интернетот, а бабичката и рекла: "Нееееее, јас не можам без интернет."
Пред да ви го кажам ова, водете сметка дека јас сум крава од 17 год, а мама има 41 година. Седнувам јас пред компјутерот, а само што се истуширав и на мојата бањарка гледам бубамара. И таква викам по мама ”Мамоооо има бубамара на мојата бањарка” И таа, ”А тоа е среќичка, сега земи ја бубамарата отиди надвор и кажи, Летни летни бубамаро, покажи ми го патот”. И јас таква целата напалена излевам на терасата и мама по мене. И почнувам да се дерам ”Летни, летни...” и случајно се сопнав од влечките и бубамарата падна некаде. И мама почна да вика ”па ти не знаеш да одеш и мора ли толку да викаш, да те слушнат комшиите?” Јас целата потресена се вртам да ја најдам и и кажувам на мама тажно, со кренати раце ”Не знам кај ми е патот”. Кога сфативме како се изглупиравме и како се понашавме како мали деца, како луди се смеевме цел ден.
Пред малку седиме со брат ми во двор и комшивката му вели:комши не са бањаш денес(мисли за во базент) и тој:мер секој ден е велигден? а комшивкава:што мер ти само на велигден се бањаш?
Читав на фемина за најскапата јахта на светот и сега да му кажам на брат ми Му викам ејј знаеш најскапата јахта на светот била произведена од златина и плато! Тојд што????? Јас:Па од златина и плато (наместо платина и злато) Тој:Каква златина какво плато?
Се спремам да излагам и на врата татко ми ме прашува "Кај ти е јакната" а јас го слушнав "Кај ти е другарката" и му викам "Еве ја иде" и ко шо носи наочари ги потспушти на носот и ме гледа така одозгора и ми вика "Сине, тато добро си?" И чекам пред сендвичара и една нарачува сендвич и и вика на таа "само ќе ми ставиш повеќе буњаковец" место буковец и јас тука патос а она уште вика, е добро де, слично е
Бев излезена со една другарка чиј дечко има брат близнак. А јас не ги разликувам за жива глава. И случајно го среќаваме дечко и. И добро се испоздравивме, тие си се бакнаа и сега тој си оди кај што си беше тргнат и уште недозаминат, јас и викам: Кој беше овој дечко ти или брат му??
На час ои англиски пред неколку години во основно требаше да кажиме некоја реченица за нас,јас цело време во мене си составувам и си викам ке кажам sometime Im very lazy,ама кога почнав да зборувам се збунив и кажав Sometimes Im very crazy
Овој лапсуз и се случи на другарка ми. Беше зима и замрзнато џам. Се спремивме кај мене двете, и излагаме во град двете натртени на штикли а таа па и сукниче имаше облечено. Отидовме со такси до кафичот и сега да влеземе. Оди другарка ми прва и сега да отвори врата да влеземе. И влече таа, влече, и влече...ама вратава не се отвара. А јас пак сватив дека треба вратава да ја турне, и од што почнав да се виткам од смеење не можев да и кажам. И се најде некој кавалер одвнатре што цело време не посматрал, ја отвори вратава. Ама другарка ми како што беше цела обесена на врата и нервозно ја влечеше, појде со се врата. И се лизнаа штиклите, и на мразот пред врата се спука и со главата дирек во кафочов внатре. Сите во неа гледаа, и за "филмското" влегување аплауз и дадоа. За греота, се поцрвене и дечково што ја отвори вратата ја подигна и вика јас сум крив, јас ја повлеков со се вратата. Лелееее, цела вечер пукна од срам девојчето, а и јас со неа. Бевме центар пажња...хаххах
Со баба ми гледавме ексклузив и даваа за Ејми нешто и баба ми ме прашува дали е од Македонија. Јас и велам дека не е и објаснувам од што умрела а баба ми вика "Епа не е за жалење кога пие дрога"
Излеговме со друштво и ајде духови ќе викаме ама пола се откажаа и останавме 4-5 се фативме за раце мижеме и викаме „Го повикуваме духот на Курт Кобејн....“ и едни се смеат и ај се растури кругот. И јас им „Е шо е сега толку ли е тешко да речете го повикуваме ку*от на Курт Кобејн“. Ваква бев а сите се смеат и тие што не викаат се засрамив убаво ама и слатко си се изнасмејав. Јас имам навика са станувам касно и околу еден или два часот отидов во продавницата спроти улица, влегувам и велам „Добро утро “ што беа внатре ми викаат нели е доцна за добро утро и јас пак не е. Oва е од преска седеме на тарасат и викам на брат ми „Дај ми ги клучевите од лустерот“ (наместо скутерот) и викам „овај де скутерот“.
ахахаха леле седам со сестра ми и мајка ми ... И сестра ми пати од бубчакоалегикопаникологија и почнува да врска кога виде едно чудо на ѕидот . Али чудово беше сантим големо и дебело . И мајка ми се затрчува од маса ЛЕЛЕ ПАЈААККК.. Она пати од пајакофобија и со влечка оди да го мавне кога ова чудово полетува и сестра ми вика ТИ РЕКОВ НЕ Е ПАЈАК ... И мајчево плавуш , Е КАКО НЕ Е ПАЈАК ВИДИ ЛЕТА !! и тука незнаеш дали да почнеш да плачеш или да се смееш ... Не и е прв испад , ама добра е за плавуша Мамо мори ако не си ти денов ќе беше лош лов јо
Застаната на шанк, во вансериска состојба Добро, не до толку Ама бев ептен опуштена и малце немав компас што се‘ и на кого кажувам. Разговарав со постар господин кој го гледав прв пат во животот. Тој ми ти фатил исповеди на велико, чиниш јас попот, па ајде. Си кажува, си кажува човекот и во сите работи што ми ги изнакажа за животот негов, ми спомна дека завршил на психијатрија. Јас, со сите мои таленти и со мојата неверојатна слушачка (не)способност, на то му одговорив: Ете видиш. Цело време само се жалиш. Што не кажа досега? Ете и ти си завршил негде. Дрш
Oвој бисер до ден денес ми е поим кога ќе видам полициско возило-марица! Имаме англиски час, негде 3-4то одделение, и вадевме некои нови поими од текстот или слично, еден од поимите беше police officer. Кога дојде ред да ги повторуваме, една од соученичките чита( инаку ѓон за англиски )и стигнува до овој збор и чита( буквално ): ОФИЦЕ ПОЛИЦЕ! Ај што ги прочита како што се пишуваат, ама и обратно бе!
Јадев лубеница, и татко ми ми вика: Ако, пи чај, мочај. И јас: Тато, ова се вика лубеница. Па да де, на лубеницата мислев.
Влага татко ми во соба пред некој ден, некаде 1 сатот по полноќ, а јас киснам на фемина.... Тој: Реина, легна ? Јас: Да! Тој: Ама ќерко не си легната ? Јас: А не, не, не... ...И коа скопчав што кажав почнав да се смеам ко будала...