Секој петок пред часови имавме изборен предмет. Но, имаше еден беган служител Коле кој не не пушташе да се качуваме нагоре во училницата и заради него често касневме на изборниот предмет, затоа другарками реши да се пожали на класната и вика: Наставничке Коле овој доле ...
ШКОЛСКИ БИСЕРИ: Професорката по географија:Децаа сакате ли да се прошетате низ Македонија? Сите:даааа Професорката:Оди Петар донеси ја картата... Професорката: Децаа сега ќе ви ги дадам тестовите...xx-единица XX:Уxx фала богу мислев дека е двојка .. Толку деца за денеска ..Лекцијата ви е на 2203 година
-Мајка ми: Шивско Писе (Пивско Шише) -Јас: Ричи пичи (Пица од кај Ричи. замислете го како тоа звучи, со универзален англиски акцент )
Си правевме муабет дека многу млади брачни парови во светот ги одбрале датумеите 09.09.2009 или 10.10.2010 за правење свадба посебно овој во 2010 демек 10 била среќен број. И една се залета вика ’’еее арно ми кажавте јас мојата на 13.13.2013 ке ја правам на сите 13 им е баксузна мене ми е срекна’’. Сирота ке остаре чекајки го 13 месец.
Се возиме во кола јас, сестра ми, татко ми и 2 братучедки. Јас зборам по телефон со мајка ми и одеднаш снемува мрежа, разговорот се прекинува, а јас викам "Ииииии, снема нет."
Сите праеме тест по физика само николче во последната клупа си пуштил филм и ужива. Оди професорката до него и му вика: - Ти дома немаш ли си компјутер? - Немам професорке (а има) - Ама јас ќе го прашам татко ти утре! - Ее ја утре ќе си купам.
На еден час по англиски не знам кај ми бил паметот за relationship читам рилатионшип и тоа упорно два пати го повторувам и кога после ми текнаа, аааааа рилејшншип
Со школските на пица сме кренати и влегуваме во една пицерија, поголема, и сеа јас прва сите позади мене одат, јас водам и си мислам „леле бе колкава била пицеријата“ и тргнувам кон задниот дел, позатемнет беше, другите позади мене и туку одеднаш гледам втора јас и веднаш ми текнува дека е огледало па ај да не се усрамам си правам кругче налево и сите позади мене како вовче си завртеме кругче низ пицеријата
Овој мора да ви го кажам, не е мој туку на Калиопи На промоцијата на Синако ги насобра сите мали и тие почнаа да се туркат и ова на микрофон вели ќе ти остане ноктот во рака бидејки ја влечеа за рака
Во МкДоналдс, при нарачување салата и сега ме прашува таа на каса: кој сос? И јас, наместо 1000 острови реков 1000 СОСОВИ. И добив еден поглед: wtf?! колку?? Се поправив после среќа, инаку кој ќе плаќаше толку.
Во школо прашува наставничката по географија "Kои држави спаѓаат во Централна Европа?" И Валентино одговоара "Германија, Австрија, Америка, Полска..." ! Хахахаха и ние кома, прснавме од смеење цело одд.
Ова е намерен бисер ама сепак прснавме во смеење: проф: каде се создаваат гласовите? С: во стомакот!! Е да, стомакот не заболе од смеење после!! Само да ја видевте неговата мртво сериозна фаца во моментот на изговарање..
Бисерите се лично мои,многу се ама неколку ќе напишам *коза крастава *куќа асфалтирана *грачка (наместо страчка) ко ќе ми текнат другите бисерчиња ќе ви пишам...
Сакав да и кажам на другарками дека имам алергија на интимата и не можам утре да одам на базент и и велам абе јас утре неможам на базент имам енергија таму долу. Кога се свестив со реков
Денеска на пракса на школо, професорка прашува да наброиме неколку примери за лого на некоја фирма и ја: ПЕЛИСТЕРКА - Кралица на водите, а оно е КОЖУВЧАНКА ....
1.тресни го ѕидот од глава 2.Одам во Тинекс и и кажувам на продавачката: -Измери ми 300 кила врат (на сечкање) (наместо 300 грама) 3.Овој не е мој туку на мама - Облечи хулахопки врз фармерките наместо хулахопки под фармерките 4.Еве уште еден сличен : Одам на шопинг и ми се допаднаа едни фармерки јас наместо Колку се фармеркиве јас Колку се фармериве