Порф. по англиски го прашува еден ученик кој зборува како навиен: Проф: Ајде А. стани. Што значи 'd prefer? Пошто проф. се движи на кај него, другар му вели: скини го листотттт!! И овој ко од пушка: Скини го листот, проф.!!!
Бевме на географија, и еден другар, ги набројува планетите.. Плутон, Уран, Сатуран. На другарка ми и се спиеше, и ја болеа нозете.. И две во едно: Леле, ама ми солзи ногата. И не ми текнуваат сега некои други.
Болна сум , имам вирус и татко ми вари супа Седнуваме да јадеме и татко ми ни две ни три Што супа е оваа со три фидиња??
Си имам јас во клас едно другарче, а ова е последното негово откритие: Проф: на што бил напишан „Канционерот“? се мисли на кој јазик С: на листови од зелка, проф!! А ова е нешто мое: А: зошто, проф. тој не и кажал ако ја сакал толку многу? се мисли зошто поетот не и кажал на љубената зошто ја сакал Јас: Е да бе А. мислиш ова шпанска серија е!!
Хаха стварно се изнасмеав па ај да споделам и еден мој лапсуз да кажам. Кога бев во основно имавме една сенвичара многу блиску до училиштето и сите на врата чекавме да звони и со трчање. И некако стигнувам на ред и го гледам тогаш симпатијата не само мој него на пола училиште купува тост и таква вадам парите и ја пружам раката и жената (вработената) ми вика. Девојче ова ти е визит карта... Јас цела поцрвенев... Баш она зини земјо голтни ме. И да биде срамот поголем целата веќе избунета вадам едвај пари и викам една блага кифла со кечап и мајонез. Тоа беше врв. Дури и продавачката неможеше да се воздржи, а јас пукнав од срам и го изгубив апетитот. Киксче на баба ми: Телефонот мој оставен на вибрации а сум го заборавила дома и се враќам и баба ми ме пречекува на врата и ми вели Влези одма внатре телефонот ти е болен. Јас таква си викам што се случи сеа уште тоа ми фалеше и прашувам како мислиш и таа вика па се тресе вика на неколку пати од сабајле со прекини... хахахахахха прснав од смеење. Дедо ми -шлицла/шницла -Њурјок/Њујорк -конфуктер/компјутер -интермец/интернет и многу другииииии...
Седиме друштво и муабетот ни беше нешто за нова година нешто кој ден паѓало и јас им викам иииииииии замислете нова година се паѓа ПЕТОК 13 и сите се прснвме од смеење
5:1 се чита „5 две точки 1“ . Една личност од клас ја кажа оваа глупост на математика, зборувавме за пропорцијални отсечки, ово - оно и оп, една глупост плус. А треба 5 спрема 1 . Всушност, тоа е и најголемата глупост која сум ја слушнала во последно време.
хахахах стварно се изнасмеав баба ми вика барбика /бербика розово/розево dog/tog и не ми текнува појче
Хаха имаше една песна чудна жена беше вера..... така некако ја ко мала ја пеев Чудна жена беше Вера од кај Миќо(татко ми) доведена