Со другарка ми зборуваме за кошарка и ми вика - Да не ти е тренер тој со ќелавата коса јас хахаха теа се слушна шо кажа? и да уште едно Една другарка на одмор место да рече оди гушни ја маца таа вика оди гушни ја чешмата хахаха
Наставничката по географија..... ја предава лекцијата и едно време ѕвони ѕвончето......и наставничката:Аман бе....Добре 27 минути порано си го чука.... учениците:од каајј знајш бе?!?!? (Добре се вика служителот што го ѕвони ѕвончето )
Сте слушнале за дехидрирана вода? Е место дестилирана реков дехидрирана кога ми текна што реков после неколку секунди бев како смајливо
Седиме сите дома и брат ми почна да изведува бесни глисти.Едно време се смири, седна, ги прекрси рачињата и важно рече јас сум принц.А татоко ми пак го праша каков принц.Овој без да се мисли ни секунда како гром од ведро небо рече психолошки принц Слушнало детето нешто ама очигледно дека не разбрало Или пак јас не разбирам каков е тој психолошки принц
Седиме вчера со дечко ми кај мене, а на телевизија оди некој филм со Жан Клод Ван Дам. И дечко ми: Абе како се викаше актеров? А јас како од пушка: Жан Валжан! Се гледаме така бледо неколку секунди и почнуваме да се смееме. Па ме зеза он и ми вика: Ааа ете кој читал книги
Една моја братучетка кога беше мала за колбавче велеше пожеге нз од каде до каде од колбавче пожеге ама знам дека и ден денес се смееме за тоа
Се вратив од школо, прилично изнервирана.. И почнав да си пржам јајца. И татко ми ми се плетка меѓу нозе.. остај прво зејтинот нека се загрее, стави волку јајца.. бла бла бла.. - Па добро бе, ваљда знам како се варат јајца! Работата беше, што јас пржев јајца. Ама бев онака изнервирана, не ни помислив што кажав. И покрај тоа се насмеав.
Денес на географија професорот предава лекција: -Значи, покрај Скопје и Велес други загадени градови се и Битола и Кичево. Дали знаете зошто Битола? И сите молчиме, појма немаме зошто Битола бил загаден град и еден другар вика: -Зш имат зоолошка градина! А на мекдонски нешто изведувавме и професорката ни вика: -Добро бе деца, до кога вака? Уште не научивте што мрази вашата професорка по македонски? во смисла дека мрази такво изведување и глупирање на час И еден другар вика: -Луѓето од Лакочереј!
Еден школски денес на час по Физика и вика на професорката -’’Професорке овде не работи компјутерот!!’’ -’’Види дали работи глуфчето“ ЦЦЦ и професориве не се присутни на час психички,не само ние
Професорката по бизинс ни кажуваше за некои стари фирми како работеле, и ни кажува и вика не знам вие дали бевте родени тогаш, може бевте ама многу млаце ( веројатно мислеше дека сме биле мали, а не малце родени)
Бисери на едн мој школски од кој цел ден се смеам. Вчера имаше родителско и мајката на мој школски зборувала дека по цел ден му зборувала дека треба да учи,да биде помирен.....и му рекла добро бре татко ти доктор, мајка ти полицајка а ти што ке бидеш и овој рекол таксист За греота жена велела -што да му правам треба да го убијам. На час по англиски професорката го тера овој истиот да прочита есеј и му вели немој да речеш дека сестра ти ти го напиша знам дека може таа сакам од тебе да чујам и овој ни две ни три -аа не професорке са немум јас со неа
го прочитав ова и се сетив..дојде пред неколку дена кај мене другарками и сакаше да седне на компјутер, кога се мавна со ногата во куќиштето и му вели извини
Мајка ми:Инди мама ајде да ручаш. Јас: Сега бе мамо само нека се излуфтира јадењето малце. (наместо да речам да се олади)
Еден школски среде час вика : Како се прат бе глупи деца?? Класната: А јас да го прашам утре татко ти на родителска како се прат,па нека ти објасни дома
Лани на час по биологија требаше да ги дава тестовите. И јас и пишам на мајка ми порака: Мамо уклучи тестовите(наместо бољерот) И мајка ми се чудела цело време што е финтата со тестовите. Леле кога ми кажа што сум и пишала се згасив од смеење.
Сонував нешто.. не беше воопшто пријатен сонот.. И сестра ми ми вика: Ако сонуваш повеќе од толку секунди, ќе умреш во сон. А пред тоа.. ја сонував нешто нејзе, и ми вика: Елена, ако умрам ќе ти ја скршам главата, само уште еднаш ако ме сонуваш.