Еве неколку што сум ги запишала од професори и деца. - Цртежов не е од лани, туку од минатата година. - Северно-јужниот појас. - Колку е мокра водава.. - Електрични полжави ( полнежи ). - Бог да го прости, уште е жив. - Јас кажав дека реков. - Риба од сом. - Милка од чоколада. - Учебниците се сино плави. - Исклучи ја чешмата од штекер. - Дигитален леб ( диетален ).
На голем одмор, бевме во една сендвичара, како сакаш наречи ја.. И сега, не прашуваат: - Кој е за тост со печурки? Другарка ми- Јас! Јас-Она! Сакав да кажам јас и она, ама дека она кажа јас, јас реков она.. Сега незнам ни да објаснам, ај невер мајнд.
Денес на часот П: Дали знаете зошто ние ( фармацевтите ) ги изучуваме ветеринарните препарати? У: Па, има фармацевти шо работат и у земјоделска аптека.
На час зборувавме со професорката за тоа дека минималната плата се покачила она ова.. И при коментирање вика: Да,да.. само незнам дали е тоа бруто или НАТО ..
На татко ми му ја раскажував серијата од Љубов и казна. Јас: Назан беше кај Бора и тој што работи за Саваш, не ми текнува како се викаше.. Татко ми: Шериф? ( мислеше на Ешреф )
еден школски на екскурзија му вика на шоферот: ее ај пушти ладното парно, место климата. хахаххаххааа
Одевме накај школо. И видов нешто.. Еј видете, помаранџеста месечина. А тоа, сонце да ти било, при изгревање, ама јас си мислев дека е месечина при заоѓање.
Ова јас го кажав прееска Гледам на почетна на фејсбук статус од групата Долина на волците, како е можно да сум ставила лајк јас на таа група нема никогаш да ми биде јасно зашо го мразам тој филм најмногу од се и и викам на сестра ми Аиии абе кога сум ставила јас лајк на волина на долците
Во основно,наставникот по ликовно беше забеган,и сите на часот што сакаа правеа...и еден ден гледам другарка ми пишува нешто на листот и го дига за да го прочитам и напишала:Види ама личи на Ѓорѓи Колозов (за наставникот дека личи)...и ајде се изнасмеавме шо се изнасмеавме и си одам дома....и еве по неколку саат ѕвони домашниот и се јавува една моја баба која многу замара,се сака да знае...и ме прашува кој ти предава воа,кој ти предава ноа и ми вика а кој ти предава ликовно...и јас залетана Ѓорѓи Колозов ....леле коа ми текна шо кажав,неможев да се соземам од смеење ...и и викам абе грешка,тука гледам неш на тв за него па затоа погрешка така ти реков...ајде добра е се снајдов некако,ама после тоа кога и да го видев наставникот ми текнуваше на случкава
Беше пред неколку години кога мојот братучед од Србија ми беше на гости.. И се шетаме така,го ’’запознавам’’ со градот..Јас тогаш не знаев многу српски,и братучед ми ми вика:Живеат ли тука људи?Јас мислев за луди А тука баш во една висока куќа живееја едни будаличишта се занимаваја со дрога со крадење..И јас му викам да да живеат,понатака пак ме прашува живеат ли овде људи,јас се збунив си рекоф што му е на секое људи људи.Па дал господ не сме сите будали.И пак не се разбрафме
Пред повеќе години, додека бев уште девојче , кај мајката на тогашниот дечко на роденден отидов, најнормално и честитав со подарок и се, полнеше накај 50 год.,.и она на шала насмеана ми вика ''уште две три години и може да умрам а ?". Јас у секунда си израчунав за просечна некоја си старост и со мојата глупа искреност и реков " неее уште два триесет години да ни поживееш " мислејки да бидам љубезна а она од широката насмевка одеднаш ме погледна луто бесно, божем јас сум и скратила....и долго ја држеше
Колку е бисер не знам ама јас ќе го кажам па што и да е... Учев за испрашување по нега на болен( пред две години ) и требаше да научам повеќе состојби со медицински термини... Си ги научив по мое и другиот ден ги прераскажувам на другарка ми и наместо "Misserere" јас си велам мисесере Трагично е што јас сум си ја научила како мисесере а не мизерере и си повторував повеќе пати мисесере Другарка ми прави фаци и ми вели да повторам, а јас сигурна во себе мисесере па мисесере.. И само ми вели : -А да не е misserere? После кога сфатив што зборам, се изнасмеавме и си велев Фала му на Бога што не и го кажав тоа на професорката
Оваа случка ми ја имаше кажано тетка ми јас не бев на тој настан Едно лето братучед ми од Србија дошол на гости тогаш имал околу 10-11 години и отишол во продавница по сладолед и побарал овошен сладолед да му понудат и продавачката му рекла :Од јаболка сакаш ? - не Од праска ? - Не. А од кајсии ? - Од Србија сум, тука на гости Се смееле со продавачката додека не ја укопчал работата братучед ми
Страм ми е да речам што треснав вечерва Тато вели таква мисла само на Ајнштај може да му текне. -Единствено добро за Бадник е тоа што не треба да се приберува масата бидејќи тешко е да раскренуваш кога си прејаден