Имало некој човек кој пто работи со татко ми,и си купил телефон. И другиве што се вработени го прашале дали го зел во пакет (интернет,фиксен тел и сл) А тој му одговорил „Не го зедов во пакет,во кеса го зедов‘‘ Не можам да се соземам од смеење цццц
наставникот по историја наместо: дежурните да станат и да ми ги кажат отсутните - отсутните да станат се сокинавме од смеење
имам многу ама само неколку ми текнуваат: -на тетка ми пишувале некој извештај и таа место спрема пишала сперма -на сестра ми јас сум компјутер на пасење(сеуште незнам што сакаше да каже) -мој го ставив телефонот на пасење
Бранковски Цветко. Има уште 1 минута и 56 минути (секунди). Па кај нашле Ракомет и Кога лисјата паѓаат, да даваат во исто време. Иии, сите гледачи викаат, ова гласачи, навивачи де.
На ова го замислувам НИколас Кејџ - YOU DONT SAY? Дечко ми преска ми вика - Еј снуп дог ! И јас - Каде судоку ?
Мои ИСПРЕВРТЕНИ зборови од мала- Кечап-Кепач- Заболекар-Болекар Зима-Рима Барбика-Брбака Иш-Шиш Има и многу други ке ги пишам ко ке ми текне.....
Во петто одделение бевме на планетариум од школо и кога се завршивме не пуштија во Веро да си купиме некое споманарче демек...Јас забрзана оти ни дадоа само 10 минути набрзина купив неколку работи и забрзана одам по скали за да излезам и наеднаш се препнав и за малку што не паднав на едно момче што го запознав кога бев кај братучедами се вика Давид....Сите работи што ги купив летнаа од мене..Сите зјапнаа во мене!..Каков страм!....И на крај Давид ми помогна да ги соберам работите и да ме нема....
Прв школски ден и одма бисери. Ајде за убаво нека е. Час по англиски. Темата: Цена на славата. Во учебникот пасуси за познати од минатото. Меѓу другите и Џон Ленон. Проф: Ајде деца, што знаете за Џон Ленон? Еден крева рака и вика: Јас проф. се знам за него. Проф: Е ајде кажи ни кој бил тој? Х: Џон Ленон е она, како се викаше, Битлс. Да, тој ја формирал групата Битлси. Проф: Добро, а кога умрел тој? Х: Еее од кај да знам јас, не сум календар.
Хахахахха се изнасмеав со баба ми. Бабе ај да му се јавам на тетка ти, без пари на Викс(Вип мислеше) имате така хахаххааха
Мој бисер од вчера: Нешто се расправавме со другарка ми,вика кога одам кај мојон заболекар има салфетки таму. А јас се фалам и и викам..Еее кај мојот има влажни марамчиња ама суви Мислев на миризливине паломи што се во големи пакетчиња како влажните марами
Eдна другарка во средно раскажува лекција што сме ја земале прошлиот час. Абе се уби она да ја раскаже среќна дека ја научила. И така "професорке јас ве молам незнаете како сум научила може јас" бла бла здосади. И проф. и вика ајде да видам колку си научила(инаку професорката беше млада и се зафркаваше со нас, не некоја лоша). И оваа почнува вика епа проф. начелото на контрацепција (контрадикторност е правилно ) и сите се смееме професоркава и вика како како? И оваа пак начелото на контрацепција и проф и вика добро знаеш што значи тој збор што го кажа и оваа не Сеуште не ми е јасно како може на 18 год да не го знаеше тоа
Гледав Езел на компјутерот, маа седе до мене и лупе овошје и и викам: „Мамо види, како ги најдеа сите со шпичести носови?“ „Какви носови ?“ „Шпичести, шпицести де“ Се изнасмеавме .
На ТВ кажуваа за незнам каде имало многу снег до тој степен што биле замзрнати водоводните цевки. Јас ладнокрвно си реков "Таман ќе се стопи водата и ќе имаат снег" и уште се бунам и ги прашувам што е смешно
Разговор помеѓу брат ми и внука ми на ручек: Тој - „Ај бе дете седни да ручаш, уба е чорбава, имат риба внатре.“ Таа (меша македонски-српски) - „Ама ја не волим чорбава во риба.“ Многу бисери тресе малава, бидејќи меша два јазици нон-стоп кажува нешто погрешно. Кога и падна првото запче: „Бабушка, мени ја мало паднал зуб!“ И кога беше помала, наместо „Дај ми го тоа“ .. таа кажуваше „Дај ми ово то“.