Вчера на час по граѓанско наставничката прашува: - Знаете ли дека Иран и објавила Војна на Турција? Што мислите зошто? И еден ученик наеднаш се избацува: - Заради Саваш. Не мислеше сериозно, ама цел клас се изнасмеа.
На македонски Проф: Кои се други водни површини во нашиот град, освен Брегалница и Отиња? Т: Градскио базен.
Денеска доста ги кажав На Сител даваат реклама за Самрак и нели кажуваат во понеделник во толку и толку часот Самрак и како што седам се вртам накај ТВ и викам Сандаккк? После си ја пеам Њујорк и истовремено отварам гугл и наместо Њујорк јас си се распеав Гуууууууглллллл
Откако ручавме јас и брат ми, внукава остана да дојаде. Брат ми како што обожава да ја зафркава, зеде една нејзина Чунга Лунга мастика, ја отвори и малава почна да се лути. Праша: „А каква ти е тетоважа?“ .. а тој вика: „Со Сунџер Боб .. ќе го залепам под мишка за да ми ја впиват потва.“ Малава не сфати, а јас и мама се држевме за стомаци од смеење.
Професорката: и XXX што им правиме на овие 2,5 %o? Се избацува ученичка: ги мачкаме на леб! Професорката: а да и ѓи намачкиме на XXX и да и ѓи дајме да ѓи изеде И сите патус
Топлата, и утре ќе биде печка. (Печката, и утре ќе биде топла) Да се искашлам како луѓе. (човек) Затвори врата, не си роден во брод. (чамец) Они пола се болни, пола се нездрави.
Немам многу бисери ( на мудроста ) ама ова ми е врв: Шампонот се мие со лицето да мислев немаше така да изезе
Од лево врти 19ка, а од десно врти Рекорд. Кога ќе учиш за папараци? (папрати) На пример како некои врвни музичари, како на пример Гоце Делчев, Питу Гули..
Баш ми беше смешно денес на македонски. Ја работевме „Ревизор “ и професорката не прашува како се викала титулата на градоначалникот Антон која сакал да ја земе кога ќе стане генерал во Петербург . И сите се мислиме и професорката ни вели , абе ајде лесно е ова. И еден ученик вели : Сотка Пискуло ( од Солунски Птрдии) . Ми се продолжи животот од смеење
Ја учев историја лекцијата и и викам на сестрами да ме преслуша И и викам како беше тој писателот и сестрами ми вика Франческо Петарда, а треба Франческо Петрарка Кога се свести што зборува се сокина од смеење
Мојот најнов бисер: Леле види ја оваа риба како плива настрана- скршено и е крилцето Десет минути се смеам сама ама воедно ми иди да си направам еве вака
Телефонски разговор со другарка, а јас и кажувам импресии од хотелот во кој бев сместена. Црвените плочки ми го помутија есапот, па следеше : Леле, никогаш немам видено купатило со толку симпатично веце (наместо плочки) . Учебник по македонски јазик на српски. :geek: Ами вторникот у средата? (наместо снегот у средата)
Еден школски и вика на професорката.. Можи да си го видам (мислеше на тестот).. А таја...„Оди види си го ''
Ана ме потсети во СП на тоа бонбоните Бони топ или како и да се викаа. Е јас пред некое време многу сакав да си купам ама ич не ми текнуваше на името како беа и и викам на другарка ми,абе ги знаеш оние шаренине бонбони Тип Топ или Топ Топ,како се викаа?
Професорката по пракса : Е ако де не ќе те силовам јас со сила. ( демек ако сакаш пишувај ако неќеш нема со сила ) Донеси го тоа на лице сместа. Другарка ми во основно : Ај ти не слушај со зум.