ова се случи кога бевме на екскурзија во средно во Црна Гора, и истово го тропна една моја школска додека седевме во едно кафуле
Кога си ставив јас пирс одам на школо и професорката ме гледа и ми вика : земи стави си пирсови на целото лице, слонова коска на носот и оди во Африка...сите се згазија од смеење
За ова мајка ми до ден денес ја зафркаваме. Излезе на тераса да пружува алишта преку нашата соба, ама не ја затвори вратата, па ни влезе мува. Јас седната на фотелја и и викам: Мамо, ни пушти мува. А она: Што? - Ни пушти мува викам. А она: Што викаш? - Ни пушти мува! А она: Не те слушам! - Абре ни пушти мува! А она: Јас сум бог да чува?! И веќе се дерам на цел глас: НИ ПУШТИ МУВААА!!! А она: ДАЛИ СУМ ГЛУВА?! Се разбравме...
Имаше еден школски во средно 1 година одиме на час англиски.Професорката ни кажува да пишуваме само тој шкоскиот не пишува ништо. И проф. го гледа и му вели на англиски да ја фрли мастиката, а тој мртов ладен вели: ама професорке јас неможам да пишувам немам пенкало...
Професорката:Деца кој е отсутен ? Ученикот:Горан Пандев професорке професорката запишува Горан Пан... сите е смеат ама професорке тој е фудбалер Професорката ама мене не ме интересира дали е фудбалер тој треба да си биде редовен на школо...
Марија: Професорке оваа последна писмена ли ни е? Цецо: Тебе последна да ти е ма, пу-пу, скраја да е.
Ученичка 1: Дали знаш да те неволим! Ученичка 2: Чуеш ли тебе говорим! Професор: Ти и ти до неа мрш надвор! Професор: Научи ли ученичке? Ученичка: Професоре па шо ко не знам. Професор: А што чита? Ученичка: Ништо професоре не научив. Професор: А како се вика наслово на лекцијата? Ученичка: Професоре лекцијата нема наслов!
Гледавме кошарка. Тука беше и баба ми и само ми вика: - Бабе, кае онај што го бараше дедо ти, што паѓал викат, Мммм? - Бабо, на кого мислиш? Сестра ми: Мојсоски паѓаше бе. Стварно кае? Ааааа после и текна кошарка гледаме. Ова од денеска. Си гледаме кошарка и мајка ми: - Како беше песнана, ајде да ги поддржиме нашиве Се мисли и почна: ИЗЛЕЗИ ГООООЦЕ, ПРАВООО НА ТЕРАСА И ПООЗДРАВИЈА МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА. И ваква: Ние патос.
Хахахахахахахахахаха ме изнасмеавте еве некои лапсузи мои и на пријатели: -Континентот Македонија -Ме заболе гласот -Се лизнав нагоре -Е сега ми текна да заборавам -Ме боли студот -She didn't wasn't do the homework -Смртно убиени -Симболот за пума е пантер -Цркни да не умреш! -Имам помал брат и го прашувам- Абе коа ке ви дава оној информатика тест? Он:За три недели најмалку четири Ххахахах не ми текнуваат али има милион!!!
Хахаха лелеле,трескам јас вакви глупости. Спојлер дека многу заљубена затоа иначе во моментов не ми текнува некое мое.Ама еве ќе кажам едно кога бевме помали и игравме мижаница(криенка,жмурка). Се броиме сега кој да мижит,ама во песничкава имаше нешто као кажи континент И не брои сега најголемиот тој имаше па незнам 8 години,а има помал брат од него 2 години. И му викаа овој поголемиов на брат му : Тео( сменето е имево) кажи некој контињер(наместо континент,тој згреши). И овај помалиов му вика:Еве овај овде од спроти што е нека бидит. Ние сите другиве патос A i еве уште нешто ми текна. Додека патувавме во автобус од школо.И сега правеа муабет,нешто за авиони и стујердеси. И едно момче викат: Абе ја уште од ко бев,мал ко ќе пораснев сакав да бида стујердеса
Школски во средно на сред час: Извинете професорке, да ве прашам едно прашање од биологијата. Дали машкиот полов орган има коски? Проф. биологија: твојот има ли коски?
Еве нешто од гимназијата каде што учам, првиве три се од предходните генерации. Прашува некој ученик од 4та година: Професорке можит да одам во ВЦ? Професорката:Страмота е матурант во ВЦ да ојт. Eден ученик побарал да оди во WC : УЧЕНИКОТ : Професоре можит да ода во WC ? ПРОФЕСОРОТ : Аман бе се растурате во WC наместо да научиш нешто, ај оди УЧЕНИКОТ : Не професоре јас прв пат одам денес И ПОСЛЕ 3-4 МИНУТИ СЕ ВРАТИЛ УЧЕНИКОТ И ЗАМИНАЛ ДА ПИЕ ВОДА ОД ЧЕШМА ПРОФЕСОРОТ : Абе го фаќаше сега и вода ке пиеш !!!!!!! Влагат ученик на сред час... Ученик:Добар ден Проф:Добар ден Ученик:тука е бетмен? Проф:Бегај таму излагај да не те гледа! учеников ја напушта училницава,и влегува друг ученик кој биле предходно договорени. Ученик2:Јас сум бетмен да не ме бараше некој?!?!?!?! Влагаат ученици од трета година кај нас во училница,ама овие машки,влагаат четворица. И отвораат вратава и викаат: Професорке ние дојдовме по столче да ни дајте! тие сите еден на друг потпрени и ѕиркаат. професоркава си се прајт на три и пол. И јас дека прва клупа седев и и викам: Професорке децава бараат столче Професоркава:Ааа кое девојче го барате рековте ? Децава:Столче бараме професорке. Професоркава:Ама кажете кое девојче да излезит требат,и за кого е то од вас 4рица? Децава:Ние дојдовме по столче,ама вие друго кажувате.Добро професорке,ај долегање. Професоркава:Кажете која е ќе ја пушта и не ја запишува цел час
Имав еден школски и последен час пред матура професорот го прашува тебе Трајче што најмногу те интересира и овај му одговара коли и жени,и сите разбравме заедно со професорот голи жени,кога прснавме да се смееме и се со тоа го зафркававме голи жени.
Брат ми е коски и кожа, да дувни ветре ќе падне. Се шета по шорцеви низ дома и прскав од смеење коа се искикса. Мама: Здебели се дете, види каков си. Етиопија! Брат ми: Зошто Етиопија? Дека носам наочари?