Наставникот по Хемија: - Ако, ако. Ќе молите на крај за оценки, ама кој на крај се смее, ПОСЛЕДЕН СЕ СМЕЕ.
Е ова баба ми ми го кажуваше .... си разговараат две баби Катица и Милка . И Милка и вели : -Кај си мори Катице ? --- Ево перем гачице . -Да не си Като глува ? --- Ево перем без сапуна . -Ебати глуви уши !!!! --- Ветар дува , па че да се исуши ! колку сум се смеела на ова ... ми немаше крај
Двајца наставници на час по музичко едниов предават музичко другиов историја. И правевме нешто муабет,за тоа дека некој од моите соученици свирел хармоника. И овој по историја викат:и јас сакам да свирам ама дудук сум. А овој по музичко(не дослушна излеат убаво) : и му викат па и дудук е инструмент дудук еден!
ја јадам само кравјо сирење и ја прашувам мама - мамо има ли свинско сирење наместо кравјо ја свинско а со дечкоми испаднати бараме кафич и застанавме кај еден,гледа дечкоми дека немаше место во тој кафич и вика - ваму тапа е, нема народ
Баба ми, пред некој ден ми вика: Пиј од соков јас што го правам, немој да пиеш купечки, тие имаат многу седативи. На адитиви мислеше де.
Вчера гледав слики од Зет домазет и само баба ми поминува и ме прашува: Таа Екстра е? Мислеше на Есра.
Со другарките умиравме од смеење за нешто и требаше да се договориме за утрето. И една од нас вика Што ќе правиме утре? Пак ли ќе се скинуваме? И да накрајот се скинавме од смеење
Си седиме со другарка ми кај мене у детска. И го отворив прозорецот, а вратата беше затворена. Другарками: Теди де затвори го прозорот, ладно е. Јас: Абе седи, не е ладно. Другарками: Абе како не е ладно гледај колку ветер дува надвор. Јас: Ааа да дува промаја.
Ова од одморот. Си седиме во соба со татко ми јас и брат ми. И зборевме нешто без врска и јас му викам на брат ми Донт тач прекидач, струја кил! И си се изнасмеавме а татко ми ме слуша и замислен некако човекот И ми вика Па нема врска, не треба да биде Донт тач прекидач,струја дрма вери мач? И јас и брат ми ПАТОС! Алал да му е, поубаво го смисли него оргиналот
Леле се изнасмеав, ај и јас да споделам нешто. ° Час по биологија, и професоркава испрашува и сеа.. Проф.:Наброј ми неколку цицачи Другаров(ко од пушка):Вошка. И тука цел клас превртување, се газиме од смеење ° Час математика и нешто со децимали се занимаваме и другаров. Петре:Колку е 2,3 во децимала? -И уште ваков замислен. ° Седиме на информатика и вртиме муабети кој кај сака да иде, патувања, градови ова она.И се врти другарка ми и вика. Другарка:Париз е главен град на Истанбул. ° И пак да се вратиме на другарот со вошката цицач, он си беше рекордер во киксови.Пак час по биологија.Пак испрашува и нели пак стигната до него. Проф:Што е крвен сад? Другаров изгледа не го слушнал делот со крвен и ко од пушка:Соединетите Американски држави. Можете да замислите каква фаца имаше професорката, а ние на земја. И кога сме веќе пак кај другаров да споделам уште еден кикс.Географија го испрашува, учевме за реки. Проф:Каде се наоѓа Дунав? Другарот(замислен, замислен):Па во Африка. ° Другарка****** пие чај за подобрување на дигиталниот развој(Дигестивниот систем). ° Другар во моментот на филозофирање:Секој си е учебник за себе. °И мајка ми пошто е талентирана плавуша,секад лупа по нешто.Седмо одделение бев и имавме родителска и останавме неколку деца демек да ги чекаме нашите и да си идеме со нив.И доаѓа мајка ми и ми вика Чери промувајте се тука па јас ќе ти ѕвонам.Јас тука една фаца И машкиве ко машки уште и викаат:Не е проблем тетка Б. ќе се промуваме.И си отиде женава насмеана а јас бев
Професорката по Биологија од основно постојано не зафркаваше поради бисерите кои ги редевме на тестови. Имаше многу "новоизмислени поими" во биологијата од наша страна од кои пола ги имам заборавено, ама едно ми останало во глава. Една соученичка на тестот во одговорот на прашањето: "Кои се делови на рефлексниот лак?" меѓу другите набројани делови напишала РЕФЛЕКТОР наместо ЕФЕКТОР. Kако капак на сето ова, професорката одоздола и напишала: "Ова само во диско го има".
Во основно учевме за бањи и такви работи. И професорката праша еден соученик, кој веројатно поима си немал што учиме, Што е бања? И овој : Бањите служат за криминалци. Во средно имав една професорка и учевме за пари, валути. И женава сакаше да каже, добро бе деца, како не знаете што е курс на денарот? Наместо тоа се извика : Аман бе деца како не знаете што е кур на денарот? И еден соученик, петарда и вика, професорке за кур на денарот незнам што е, ама знам за пи*е на париче знам (со вакво фациче )
На училиште сестра ми правеле тест и имало прашање: како се вика чичкото што ги поправа електричнитe aпарати?? одговорот на сестра ми бил: Чичко Ване
Јас зборев, а татко ми легна да спие. И ми вика: - Елена, ќе те молам за најголема деконцентрација! Наместо дискреција.
Пред некој ден мајка ми купила некакви си интегрални макарони утрово ми се јавува и ми вика Направи ги тие интелегентните макарони
Пред месец дена со уште две другарки игравме Каладонт. Веќе го имавме употребено зборот тапан и сега јас во паника .. како ќе објаснам дека сум полна (демек најадена) ко тапан со друг збор? - Никако. Јас: На та - тапан. С.: Ама преска го кажавме, немојт пак. Јас: Абе знам, ама не тапан ко тапан .. туку тапан ко звучник! Цела бев зашеметена вечерта и така го треснав, не дека знам зш. И нормално - одев по улици и замалвев од смеење. И почнав да икам. И после пак смеење, дупло.
Водиме дискусија со друштво нешто за времето и степените со по малку расправија во која јас знам се и да се истакнам ко демек,па треснав:Ај тогаш да излеземе надвор и ке ви измерам со топломер!
Од сестра ми-Ја прашуваат кој е крал на џунглата и таа како од топ-МАЈМУНОТ ( а голема е,има средно ) На тетка ми-ало,Марија?Овде јас сум