Јас како мала.3 или 4 години сум имала и мајка ми ме однела надвор да си играм.И нели,како кај сите пред зграда,доле собрани 100 баби.И една ми рекла "Пу пу што си убава,да те серат кокошките".И јас,кавгаџиче од мало,мртва ладна,вртење на бабава:"Тебе да те селат".Мајка ми до ден денес се смее за ова
Сакајќи да се направам важна дека сум добро упатена во фудбал.... "Чави игра за Барселона, а Чави Ернандез игра за Реал"...тој да ти бил Чави Алонсо ај битно е Чави
Му пишувам сега на дечко ми и гледам не ми враќа, а знам дека ако е на фб тогаш е на покер. И влегувам јас на покер, седнувам на маса кај него и тој пак не ме регистрира, занесен целосно во картите. И добивам добра карта, ставам се, ој ме прати и губиме и двајцата. И ми се јавува по една минута и вика: Ај прати ми некој чип. Викам немам. А тој ми вика: Немам ич, една будала се стави прееска.
Три часот попладне, станува брат ми од спиење. Баба ми: Ќе јадиш? Брат ми: Не јадам јас одсабалје. Јас: Кога си дојде? Брат ми: Ехеее...пред пет минути. Хаххаха а ова не знам дали е бисер ама ај. Бевме со мајка ми кај тетка ми и има таа деца мали па се наоѓа по некоја играчка насекаде. И сега гледа мајка ми нешто на подот и ја прашува тетка ми што е ова..а таа мртва ладна-пајак. И оди мајка ми некаде и се враќа женава со метла и мава по пајакот да го утепа, а уствари тоа гумен пајак да ми ти бил-играче. Се скинавме од смеење. А ова мајка ми ми го има кажувано. Една пријателка нејзина сретнала некоја познаничка и ја прашува што прави, а таа и вели натажено свекрва ми почина дојдов чевли да и купам за погребот. А пак оваа пријателкава и вели со здравје да си ги носи. хахахаха
Седиме во школо со другарка ми,и јас џвакам мастика.Во истиот момент влага другар,ама нервозен и ми вика: ТИ МАКАШ ЏВАСТИКА,А ? Ако,ако.А мене не ми даваш.И таков разочаран кога свати што кажа прснавме од смеење.
Две другарки збореа, на кој изборен предмет се. Јас баш не ги слушав. И после ме прашуваат: - Елена, ти на што си? - На t-mobile. .................... После минута, викам: - Што се смееш, порака да не ти треба?
Завчера седиме со мајка ми во дневната околу 11 и 45. И доаѓа баба ми од спиење за да оди до веце поминува кај вратата од дневната и вика : “Што е ова светла блештат во 12 саатот? ’’. И мајка ми и вика : “Е што светла блештат само во дневнава е запалено (со повисок тон нервозно) ! ’’ И баба ми вика после неколку минути : “Викам ладно е ! ’’ И јас сваќам дека сака да се оптравда и ваква цела . Си оди баба ми и јас и мајка ми почнуваме .
сега бааб ми збореше на телефон со колегата и мѕ вика ''збори на телефон не е страшно сшто се симињаш по скалите'' а јас се изнасмеав...
прееска мајками требаше да одат со братми да берат пиперки и му вика - ајде побрзај треба да береме колбаси,се изнасмеавме,а враце го носеше колбасите да ги стави во фрижидер па се збуни
Седиме со мајка ми и мислиме што да правиме за ручек за утре за гостите се договараме мислиме и на крајот вели: Абе ќе порачаме некое кило чорапи (ќебапи) и готово
Јас седам може саат ипол на ком и еве го татко ми доаѓа. Тато: Чери од кога седиш на ком. очите шо че речат. Јас: Абе тато... ништо нема да ми биде.. Тато: После че викаш ме боле главата и ме скокотка за половината. Јас: Тато не ме голицкај ќе ме боли заб.
Му објаснував нешто на другар ми, зборевме нешто околу родителите. И јас како јас, си лупнав: „Ама знаеш, ретки се таквите како нашите, конзервирани или не...“ И си зборааам, си дрндам, мака немам. Абе, сè убаво Мишела, ама кадеее, каде со конзервите ?
Денеска на музичко наставникот прашува: Како се вика највисокиот женски вокал? И на тоа една другарка: Калиопи!
Еднаш за јадење дома имавме колбаси и пазете го сега разговоров од мама и брат ми. Мајка ми : ( кон брат ми ) Убави ти се колбасите? Брат ми : Да бе,затоа си го вртам колбасов ! ( а тој мислеше на јазикот ) Денес на час по биологија и учевме нешто за клетка и професоркава на табла пишуваше поимите,е арно ама таа има многу "убав",ракопис речи си не разбирлив.И така јас занесена препишувам и го сретнувам зборот сферозоми правилно значи.А јас го прочитав сперматозоиди .И се чудам 1-2 минути,читај пречитај.Пак истото. И само гласно : Абе што бараат сперматозоидиве во составов на клеткиве? И само цел клас по земја,срамови живи!
На к-15 ја даваа онаа од Тони Зен mi casa es su casa и слаткар пее п***a прва класа.... и мајка ми вика: Добро бе како им дозволуваат родителите од дома да пеат вакви песни и сестра ми озбилна и вели: Ама мамо он нема мајка за тоа така пее Па и го правда, будала една кај и текна тоа
- Ај види колку е саат. Вака не е кикс. Ама сакав да прашам, за колку секунди ќе се отвори семафорот. Дека бев во автобус, а на наредната требаше да се симнам.