на факс, беше 11:55 часот (бидејќи предавањата беа по 2 часа, имавме по 10 мин пауза)... професорот: Ова беше се за Теоријата на изборот на потрошувачот (го заврши делот за кој ни зборуваше). Што следува сега (кое поглавје)? ние сите на глас: ПАУЗА !!!
Бисеров и не е некој бисер, подобро би го нарекла глупост. На факс, на предавање по книжевност учевме за една песна кај што имаше многу описи за нешта кои се состоеле од два дела или пак биле обоени во две бои. Во една од строфите имаше таков опис и професоров го спореди со боите на шарена крава ( демек кравава била симбол на природата) и сега објаснува дека најчесто сите природни нешта биле двобојни, па така и кравите биле шарени и дека многу ретко било да се види крава во една боја. И јас така несвесно, занесена, да не закаснам, се исилив и му викам : Јас имам видено крава во една боја! ко демек кој знае што е да видиш крава, ко некое чудо да сум видела и ми текна што направив, а тој ми вика: Добро, добро има и такви крави. Леле ми идеше да се земам и да се фрлам од некаде, се изрезилив.
А јас на одмор со дечко ми у Охрид и отидовме во ресторан и јас му велам на него дека немам кредит на телефонот и во тој момент доаѓа келнерот и вика повелете и јас онака како од пушка ве молам две порции кредит и дечкото само Молам???? и онака една фаца направи хихихи а дечко ми се сваља од смеење....
На први час по историја раскажува сокласничката.... Студентската војна(наместо Студената).... Јуриј Гагарин се КАЧИЛ во вселената. Игравме карти и ѕвони телефонот и братучетка ми наместо АЛО... ЕДЕН На час по биологија Наука за ткивата.... ткивологија
еден школски за една школска: -леле ане ама мрсна коса,сигурно користиш шампон брилијант.... друг школски му вика на едно друго дете: -море кога ќе се врте црквата? а ова: -кога ќе бидиш во топ кондиција!!
ова е малку од поодамна.правиме муабет со сестра ми и татко ми како да ја затоплуваме детската соба дали со печка или со радијатор и татко ми вели : -подобро е со печка оти радијаторот не грее многу а троши многу струја а пак сестра ми вели -е добро бе тато од каде ќе знаат во евн дека се грееме на радијатор
Еден другар од основно одговараше по општество во 4одд и вели : Најголема котлина во Македонија е Португалија ( наместо Пелагонија)
Јас вчера со другарките се расприкажав и кажував за еден што работи во Снупи ресторанот. И наместо да речам Келнер во Снупи реков Снупи во келнер И им викам, ме слушнавте шо кажав?
воа се некои мои киксови од брзо зборење -кусиче на блузи ракави -место цигарите тераат на сер*ње...цигарите пушат на сер*ње -види го џамон шо седнал на човекот. - X- коа ќе снимаме? Y-незнам...ај у петок? X-чекај бе...петок шо сме? -место зборувај,јас те слушам...слушај,јас те зборувам. -влегува брат ми во продавница да си купи кифла,на келнерката и ги става парите на шанкот и нарачуе ПАРИ !!! -две кила кило. и моментално толку ми текнуваат.
Ова од дамна беше ама сеуште се сеќавам.Одам да купам бурек со месо,влегувам и му викам на продавачот -Четвртинка бурек со бурек
Си се возам денеска во автобус и кај Охис се качуваат еден куп луѓе. А апаратчето за куцање карти не работеше. И шоферов ги кине картите и доаѓаат две жени. Жена 1 : Мајсторе не работи? Шоферотт : Не Жена 2 : Леле мајсторе не чука ова? Жена 1 : Е добро де што ако ти ја скини? Жена 2 : Е како да ми ја кини? Сакав да ја чукнам. Жена 1 : И јас сакам да се чукам ама нема. колку сакав да се смеам ама ми беше незгодно во фаца ке им се смеев