Пред македонски, повторуваме за ономастика. Еден соученик: Во ред, ономастиката се дели на топомастика, антропомастика, а топромастиката се дели на хидрономастика, онроно, орономастика и онико, окиро, абе некоја мастика е пак! Часот по математика дојде и нашиот професор по македонски гледа дека еден ученик земал билтен и го листа: Што ќе му кажам на родителите? Х е цел единици ама тој во кладилницата ќе чека двојки. Истиот професор истиот час. Тој се расправа со ученичка која вели дека би требало да имаме шанса уште еднаш да одговараме за темата: Што мислиш К дека ова е 1940 кога професорите се тепаа за децата да учат? Сега никој не се тепа, сите си седат, и мене не ми се седе и тебе не ти се седе ама и јас треба да седам и ти треба да седиш.
Една зафркната наставничка : Јас деца сум многу пријатна и фина жена. На никого не сум му се одврекнала, да му кажам МА или МОРИ.. Што не ме слушаш мори тии? Се изнасмеавме.
Учевме нешто француски за годишни времиња,промени кои се случуваат... И сега едно девојче сакаше да каже за зима и вика: Па наставниче во зима е ладно и студено....
(Професорка)Кој друг е отсутен? (Ученик) Горан Пандев (Професорка) Добро друг? (Ученик) Професорке се зафркавав Горан Пандев е фудбалер (Професорка) Фудбалер,нефудбалер и он во школо треба да иде
Хаха На час по Математика: Наставничка- Бојан напиша домашна ? Бојан- Не наставничке не бев дома Наставничка - Е кај беше..Кај женската,а ? Бојан- Не наставничке татко и не ме пушти !
Испрашува денеска англиски(учиме некоја тема за криминал),и станува еден другар да одговара.Искача овој пред табла и оваа го прашува како се викаат лисици. А друг другар од последна клупа дофрла: foxes !!! Сите патос
Си седиме на музичко и слушаме музика и наставничката вика „Ќе ја запамтите песнава уште еднаш ако ви ја слушнам? Сакала да кажит ако ви ја пуштам. :geek:
Класниот пред два дена ма намести да седам со едно девојче, ама тапа математика. И на час по математика, падна нешто зборот за негатвните броеви и девојчето ја прашува наставничката: - Наставничке, а негатвните броеви мора ли секогаш со минус да ги пишуваме? И цело одд. патос.
Работам у кафич Еден ден му викам на шанкерот Чаша за кисела вода и за пелистерка ( требаше и за швепс) и тој што што кажи пак и јас истото и тој си помислил ај оваа не се откажува ми стави две чаши со лимон јас одам си ги зимам и заминувам и кога се вратив ми кажа што тропнав....
брат ми: знаеш ли дека оваа Нова Година нема да биде на петок 13ти? јас: нормално дека нема да биде, лани беше у сабота, сега ќе е во понеделник и неколку пати истото, дур да сфатам...
Ова од пред некој ден со мојот откачен наставник. Оди другарка ми да му даде проекти и му вика по 100-ти пат наставникуу , и овој дерење - ма дај ученичка не ме силувај
Лелее,јас со братучедка ми шетаме и она ми кажува:Ц,ц,ц види штубава ти е косата,а јас и викам: Ееее,да,да јас сум електрицитет на природата. Наместо реткост бе
Дечко ми сам дома и решив да си спијам кај него. И ќе излегувавме да прошетаме вечерта и ме прашува дали сакам да миеме заби. А јас пак брзам да одговорам и наместо да речам четката утнав работата, реков: -Еве сега само да си ги земам забите. Покасно пак ќе седнуваме да јадеме и тој оди да донесе чаши , јас тргнав рацете да си ги мијам. И се сретнуваме во ходникот и ме прашува кај идам, а јас цела во брзање: -Еве да измијам заби
На час по хемија НАСТАВНИЧКАТА:Кажете една чиста супстанција,и една нечиста односно соеднинение? УЧЕНИК:Чиста супстанција вода а нечиста кал....хаххахахахахха
Ќе одам во сестра ми, со... (пауза) Ќе одам со Џамбо, во... (пауза) Абре ќе идам со сестра ми во Џамбо, де!
го гледаше мајка ми оној филмот на канал 5, Иффет или како се вика....тој што е главен нели е венчан со една, ќе има дете од друга, а сака трета (така нешто) и јас викам "де бе овој од сите 3 по едно дете ќе има, само со женски, што е со некое машко да...." кога ми текна што кажав.....