Рим се влева во Егејското Море. Сакав да кажам Вардар. Кикс на годината. Заминав на ликовно па ако треснам уште нешто ќе ви пишам.
Најголемите киксови на географија ги правам. Наместо да речам средноевропски животни, јас ко пушка: „средновековни, наставничке!!“ ... пак уште и по два пати си повторив. Проста , а тоа да ти било средноевропски . Порано не ми се случуваше олку често наставничката да слуша лапсузи, ама изгледа периодов ќе ја полнам темава со моиве глупости.
Еден мој соученик ми кажува како завршил натпреварот(фудбал) и ми вика :''Абе што прајме Милан 2-2 заврши'' и јас на тоа му врајќам ''аааа изгуби'' потоа сите ме зафркава со тоа.
Цццц, јас целата сум бисери. Ќе ве мрзи да прочитате, ама ке се падните од смеење!! Ова ми се случи еве сега пред пет минути. Утре правам писмена работа по македонски јазик. Денеска ни беше патронат и цел ден сум слободна, и еве кај братучеда ми дојдов цел ден. Крај четири се вратив дома и само што се раскомотив убаво штом почнав за писменава да вежбам, да смислам нешто асолно поубаво и само ми текнува иии кај ке најдам тетратка за писмена работа сега? од кај ке ја купам, утре сум прва смена? Братучеда ми работи близу една книжара си реков ке појдам кај нив ке се јавиме да ми купи една цела испаничена, онака. Добро. И од кај тетка ми демек ке се јавам дома кај татко ми да кажам дека сум тука кај тетка ми да не се секираат. На татко ми бројот му почнува со 070 а тетка ми да ти го запишала со 071. Ѕвониме и јас одам во друга соба за да зборувам. Цела испаничена се јавува некој човек јас си мислам татко ми е. И ни ало ни ништо(а гласот ми се чинеше чуден, како да не е на татко ми, ама јас упорно си кажувам). И велам: Ало тато, јас сум кај тете Јадранка ја чекам Маја(братучеда ми) да ми даде нешто и одма ке се вратам, и човеков ми вика: кај си ти? јас па еве кај тете јадранка, тој ми вика која е јадранка? ЈАС ЦЕЛАТА МИСЛАМ МЕ ЗЕЗА МУ СЕ ДЕРАМ АМАН БРЕ ЈАДРАНКА СЕСТРА ТИ, ЛЕЛЕ.. И човеков каква сестра?? Јас ни извинете ни ништо си помислив кизнајт што се случуват испаничена.. Одам кај тетка ми и и викам кај сврте ти? И тетка ми Па кај татко ти, Горан и беше запишан во именик ама друг број. Јас па како тој не те ни познават?? Кога ја откривме Америка, свативме што е работава и немојвме да се досмејме.. ХАХХАХХАХАХАХ, не е некој бисер.. ама, за смеење е баш, да бевте до мене ке си пагавте од смеа, хахах неможа да се созема.
Ова е бисер на брат ми Вчера влегува дома и: Брат ми: Мамо денеска што празник е цел град е со знамиња Мајка ми: Па сигурно е некој дрзавен празник и оди кон календарот... Брат ми: Ооо денеска е Маркулија сигурно од општинава за Маркулија ги ставиме знамињава и татко ми од соба вика абе утре е Св.Кирил и Методија. ахахах сега тема на муабет ни е ''ЗНАМИЊАТА ЗА МАРКУЛИЈА''
Играме тенис со една другарка(ова многу одамна беше). И она вика - 15:15 ! А третава другарка : За кого ??
Една вечер татко ми си спремаше јадење за сабајлето за на работа и ставил јајца да се варат,арно ама варејки тие потпукнале и цел стан замириса на јајца.Се прибира сестрами дома и едно влегување во врата ме здогледа и прашуват абе сто мирисат вака,и јас мртва озбилна и велам е јајцана од тато мирисаат леле кога ми текна дека муабетов има двосмислено значење ми идеше да пропаднам во земја.
Ове е бисер на мм. Му ѕвони телефонот, беше некој од неговите колеги (со кои да нагласам имаат ептен луд и несекојдневно близок однос, ептен се сите во предобар однос) и претпоставувам го праша -што правиш? и овој ко од пушка-си го држам малиот и слушаш од таму пцовки :evil: ... и после следи објаснувањето на мм дека го држи синот во раце и вистина беше така... И сега тоа-си го држам малиот , некако ни стана интерна шега
Мене летово ми се деси одиме со татко ми в град и јас почнав да прам муабет која година беше една серија снимена оти пред то читав на нет, никако да ми текни.И ко ми текна ко од пушка го прашвам: -Која година беше `96та???.Се изгазив салам од смеење, не можев да се соземам.Идам дома и и кажвам на мајка ми таа вика после `95та, пред `97ма Имам уште многу за кажвање шо не се мои бисери ама се прејаки ептен.Најчесто случки од автобусо, не можи да нема некоја зелена, ко еднаш една жена прашва: -Оди Јавор??; а шоферо и вели: -Покрај него врви. Е на ова сум се изгазила, абе кај нас не можиш еден салам да најдиш сите сме кој од кој Ако има уште некое ќе пишам пак
Се враќавме од шопинг со моите и седиме во кола и праиме мубает за пензионерите и гужвите во автобусите низ Скопјево. И почнувам да зборам јас како тоа нема никаква смисла што прават така, дека воопшто не ги жалам и дека кога се бутаат они ги бутам и јас и баш коа го кажував тоа викам „...си примаат они и лакт во бурек.“ - место бубрег. И во тој момент почнуваме сите да се смееме и смееме и смееме.. И уште ме исмеваат за тоа. А јас сирота ем ненаспана ем гладна и ке голтам букви, тоа е
Ми текна уште едно.Еден професор кај нас на училиште, влегва и чита по азбучен ред кој е тука кој не е тука.И ко стигна до број 25 прашва тука е ние му велиме чантата тука му е, а тој вели не прашвам јас на кој му е чантата отсутна
Другарка ми : А од каде ќе купуваш фустанче? Јас(мислејќи дека ме прашува каде ќе одам по јадење) : Од пекарче .
Збораме преѓе со мајка ми на мобилен, јас на училиште бев и сега збораме за лекојте шо требаше татко ми да ги земи од аптека.И пред то зборав со него, ми вели тој јави и се мајка ти јас до аптека ќе одам сака да се слушни со тебе.И едно време занесена мајка ми ми вели "абе кај ми летна татко ти?".не можев да се соземам од смеење. Еден ден со другарка ми празен имавме требаше да чекаме за изборен и и го кажвам јас вицот за полицаецот шо го запрел еден чоек и го прашал демек ај да видиме колку си пијан, Мики Маус е куче или маче?, се смејме едно време ко несалам и другарка ми на докрајо вика "епа куче треба да е" (мислеше глушец да речи).И продолжи смеењето до солзи
Зборував на мама со телефон и кажувам ми се јавија од некоја агенција не ги сфатив.. ми кажуваа некои глупости. Мама: Агенција за глупости?
Денес, со легендата моја - мајка ми. Седи на компјутер и вика, абе , тетка ти е уклучена,и јас од пушка- пиши и !!! И она:Абе какви пишии,кој ке дреме на шпорет сега.... И јас: :? мори,каков црн шпорет, ти викам на тета пиши и!!! Она:Аааа, тетка ти правела пишии...! И јас доволно изнервирана:Што ти е на тебе бре, пишии ти израснале во главата Она:Е доста веќе НЕМОЖЕ ПИШИИ И КРАЈ, ОДИ КАЈ ТЕТКА ТИ ЈАДИ АКО ПРАВЕЛА!!!!!!! И јас: Абре што ти е жено ти викам ДА И ПИШЕШ НА ТЕТА, луда жена И она:АААААААААААААААААААААААААААА....