Малце бисери од тинејџерските години * Дали може да те сликам? Колекционер сум на природни несреки * Ако телефонот ти не звони , да знаеш дека сум јас, шо не ти се јавува * Нашата маса поздравува вашата маса со поздрав плати ми сметката * Јас сум бугарче обичам (сакам) вино и ракија да пијам, сабајле на закуска а после...после кат ме фати не ме пушта * Жените се како жабите, имаат голема уста и се плашат од штркелите * Платата е како циклусот на жената. Доага еднаш месечно и трае само 2-3 дена
Вчера беше ова,другарка ми раскина со дечкото од Скопје и се трескам : „ Доста со тие од Скопје,најди си некој од Македонија ’’ А денеска пак,друга ми пишува порака дека задутре имала годишнина со дечкото,и наместо да и вратам „со среќа“ или „честито’’ со цел памет и пишувам „наздравје“.
Пред малку седевме со колешките на клупа во парк и поминува една пријателка ми вели што правиш, и јас мртва ладна еве шетаме
мајками ми вика нана кај е телефонот а јас ваљда гладна сум била и така у мислена и викам ееллел мамо ама си за никаде па кај може у фрижидер е сигорно
Луѓе,ја сум ви дете за све паре Ја прашувам другарка ми кога и беше роденден,на 11ти или на 12ти август и ми вика дека била родена на 11ти,точно во 00:00,па ја пишале на 12ти. А јас,со цел памет,се замислувам 5 минути и и викам:Чекај малце,ти си прво дете во '98ма!? После 10 секунди реализирав што кажав и уште ме заебаваат за тоа.А и треба.
Професорката по македонски ме изнасмеа ...испитуваше и сега тој шо го стана не можеше да се сети на одговорот и професорката:Клештите со зборови ги вадите?
Братучед ми кога полагаше за кола Тој од комисијата го прашува: која година си на факултет ? Братучед ми: Со трета возам
За истава случка имам пишано, ама за бисеров со кој се засрамив пред наставничката НЕ! Крај 18 : 30 сатот зимата си одиме од училиште, и пред врата еден другар наш помалку часови имал дошол со неговиот питбул, и сите се думаме како да излезиме, страв ни беше и пред нас една наставничка и јас : Наставничке пазете, ред бул
Не се мои бисериве, ама мајка ми ми ги кажувала ги правеле како мали со вујко ми, на редот ги има многу, што ќе стасам.. Еден ден требало да одат на училиште и мајка ми била горе на прозор, а вујко ми го имал клучот в рака.. и мајка ми му викнала да и го фрли да слези долу и да заклучи, арно вујко ми го мрзело и си рекол ќе го фрла, првиот пат не успеал вториот пат не и со сета сила клучот на покрив.. Двајцата се стаписале, ама што ќе прават заминале на училише, и напишале писмо за баба и дедо: Ние сме на школо, клучот е на покрив И вечерта се враќаат незнаеле што ги чека со клучот, и го виделе дедо ми како се качил на покрив а баба ми ја држи скалата.. АХАХАХХАХАХА Вујко ми многу сакал да шарка по завесите, ѕидовите и еден ден решил да си ја реализира идеата, зел фломастер и боици и почнал да си ги црта рацете, баба ми и дедо ми не биле дома. Кога се вратиле, никој не признава и дедо ми ги натерал да ги стават рацете на ѕидот и се покажало кој е уметникот Порано како мали играле мижаница со комшиите и кај да се скријат, каде каде? Во полското веце И се стуркале двајцата и вујко ми пропаднал па потоа се извлекол, мирисал како јоргован, можам да претпоставам И уште една глупост, моја и од брат ми.. Мајка ми и татко ми излегоа вечерта и ние двајца сами, ни рекоа да заклучиме и да го извадиме клучот ама јас : неееееееее, немат да заспиеме и го оставив клучот на врататаа. Арно ама сме заспале, кога се вратиле мајка ми и татко ми исплашени каде сме, ние си грчиме дома, до мене имаше 3 телефони мајка ми ѕвонела но без фајде, тако ми тропал со стап на ролетните на ѕвонче ѕвонеле, без фајде И после го викнале братучед ми се пикнал низ малото прозорче од веце и одвај си влегле дома..
Незнам колку е смешно ама ај ќе го напишам... Им дававме ружи на наставничките за 8-ми март и ја баравме наставничката по геогрефија. Прашавме едно девојче од нејзиниот клас каде е таа... Јас: Каде е наставничката? Девојчето: Па мислам дека не е тука... Ааа да да таа е за Виена. Јас: Завеена??!! (сите ме гледат чудно) Другарка ми: Аха да завеена е до ден денес ме зафаркаваат за завеена
Еднаш зборувавме нешто со другарка ми и се мислев дали да кажам божее или господи, и испадна гоже босподи Аа еве ми текна уште една Имавме биологија, а наставничката ни е малку забегана И се караше со нас и ни вели: Кога сум ве навредила бе ѓубриња едни
- Бидејќи средно завршив економско и професорката по економија го прашува еден школски и му вика кажи нешто за кривата на побарувачката кај се наоѓа и тн. и овој и вика ене ја шета надвор. Ама прснавме да се смееме сите цел клас. - Еден ден јас и цимерката си седиме и дојдоа некои другари/ки и правиме муабет за станови. И јас им викам абе убаво е да имаш двособна соба да си живееш.... и така си продолжив да си зборувам и сите зачудено ме гледаат, а јас онака прашалници им викам што ме гледате бледо така и прснаа да се смеат сите. Има и други бисери, но не ми текнува моментално.
Ова вчера мислам дека беше Наставничката: Немојте да зборувате додека јас зборувам. Јас не сакам такви учеБници (наместо ученици)
„Aкo ова не беше фаул, тогаш како Чековски шутираше со десната рака преку левото рамо.’’ коментарот на Игор Трпески http://brkajrabota.mk/zabava/humor/2813 ... or-trpeski
Денеска на час по хемија наставничката објаснуваше нешто од претходната година, и таа рече бромид, а на мене и 2те другарки ни се слушна кромид Коа земавме да се смееме, наставничката не гледа остро
Не е мој ама мене ми е смешен,ја слушам братучедка ми како раскажува лекција по географија и на цел глас се дере др дрн и доаѓа АВИО-КОЗМЕТИЧКАТА индустрија и јас и влагам викам пази да не се нашминкаш во авио-козметичката индустрија и прснавме од смеење (авио-космичка индустрија) Идеме на сок со другарка ми и јас порачувам швепс и келнерот ми вика нема може ли миринда лимон и јас па да,и доага келнерот ми го става сокот и другарка ми абе ти глуп си па таа ти рече лимон и овој да бе па миринда лимон и оваа пак па лимон бе не миринда и јас тука викам да марка миринда ама лимонов сок оваа во земја пропадна.
Си купила мајка ми фармерки и сега ги пробуваше да ја видам.И викам дека убаво и стојат,и доаѓа после 3 минути со фармерките у рака и ми кажува дека биле фирма Бонита.Јас зачитана во компјутер,и климнав само со главата,а она пак ме прашува каде претходно ја видела фирмава,познато и било,што имала од таа фирма.. А јас мртва ладна,занесена,се избацувам: Банани бе мамо. Некоја секунда покасно се сетив што кажав и патос
На час, во школо. Седевме (нели, нормално). И другарка ми нешто ме праша, ама јас не ја слушнав што. Па ѝ реков: - Во 9 саат ќе ѕвони. И она почна да се смее. - Те прашав, кој победи лани на Евровизија? Па добро, ова првото прашање (одговор) е најчесто поставувано.