Ова на час по информатика,не е којзнај што ама јас си се изнасмев како и целиот клас Професорката по инфо:Ајде деца уште 5 мин ѕвони,ставете ги книгите в ранец. *сите ги стааме Професорката:ајде последниве минути видете на интернет за најнови технологии Едно дете:Ама професорке нема интернет Професокава:епа да продолжам да испрашувам тогаш Цел клас му се обраќа на детево:ЕЕеееееееееееееее што ја лажеш професорката еве има интернет
Колку што се сеќавам на некој бисерчиња од средното 1 Час по англиски јазик Професорката објаснува граматика .. еден од учениците ја прашува „ПРОФЕСОРКЕ ОД КАЈ СИ ГО КУПИВТЕ РЕМЕНОТ„ професорката низ смеа „ОД ПРОМЕС„ 2. На час по географија Влегува професорката и веднаш и се качува притисокот кога погледнува дека 2 те најблудни ученички се на час и веднаш им вели „АМАН ВИЕ ДВЕТЕ ВО ПОСЛЕДНАТА КЛУПА НАПУШТЕТЕ ГО ЧАСОТ НЕМА ДА ВЕ ЗАПИШАМ„ ученичките го напуштат часот а професорката пофторно коментира „ОД ОВИЕ ДВЕТЕ ЧАСОТ МИ СТАНУВА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА„. 3. На час по психологија : Влегла некаква бубачка и една од ученичките „ ПРОФЕСОРЌЕ ВО УЧИЛНИЦАТА ВЛЕГЛА НЕКАКВА БУБАЧКА ОГРОМНА Е„ сите гледаат каде „Марица каква бубачка е таа„ -прашува професорката „Професорќе ќе да е лебарка „ кажува некој ученик . Професорката оди да ја види и низ смеа „АБЕ ОВА НЕ Е ЛЕБАРКА ОВА ЦЕЛА ХАМБУРГЕРКА СТАНАЛА„ Неможам да се сетам сега на друзи како ќе се сетам така ќе ги напишам.
Си седам ко нормален чоек(пардон човек) и си јадам индијанки...ко по некое време гледам индијанката на пола..изедена едната половина...е сега настапувам јас тукаа! Ја гледам индијанката така ко да сака некој да ме стрела и:Кој ми ја лапаше јадранката?
Имавме час по информатика, и наставникот е МАШКО И се блокираа сите компјутери, и јас одма да кажам- НАСТАВНИЧКЕ компјутериве се блокираа И наставникот- Јас НАСТАВНИЧКА сум ? Јас- Се извинувам НАСТАВНИЧКЕ, се збунив Се изнасмеавме сите И секој час Наставничка го викам
Во средно,си имавме бисерко во класот -Коњаци(коњаница) -Ѕвезда Деница(ѕвездена верверичка) -Мецана(мецена) Од мене -Дај ми малку домашно
Пред некој ден другарка ми ми се јави и ми вика еј Дарк што правиш и јас и` викам еве книгам чита, наместо читам книга и за уште потрагично да е тоа 2 пати го повторив
наместо да речам,пишува реков пиЧува...еднаш брат ми ми го грабна телефонот и јас му велам еј чекај треба да ми се јави ххх да ми се јави...наместо да речам треба ххх да ми се јави,јас уште еднаш да повторам,да не не ме разбрал хаха
Минатиот понеделник,имавме час со класната и доаѓа таа,влегува и само едно дете: Наставничке видете си ја скршив ракава - Абе ова да не е некоја шега?Прво *****(т.е. јас) па сега и ти? Ова вас мода да не ви стана?? -Не наставничке,сакав да ја повторам*****(т.е. јас) ние цел клас патос btw вака кога го читате не е смешно,ама да бевте сведок на случката ќе ве болеше стомакот од смеа
Влегувам во пекара да купам леб, продавачката ми го дава лебот јас и ги давам парите. Таа: Фала! Јас: Ништо! Таа: Ете толку ретардирана сум значи!
Одам на продавница и на продавачката место да и речам кило портакали јас и велам ај 1 кило протокали засрамота ха аххаха
Бисери шо сум целата..ручек време,си ручаме дома...и сега ми влезе нешто измеѓу забите и дека мајка ми беше до кујната да земи нешто му велам: Мама ај дај чепкалка...за..чекај бе како се викаа овие и покажвам на забите,отворам уста...како се викаа бе...заби!Е дај ми чепкалка за заби.... оф леле
1. Проф. по географија - Кои не се изохипси? Јас- Изонехипси!!! 2. Исфарбај се шатирана. 3. Која боја ти е омилена? Јас- Карирана. 4. Прв час во кабинетот по биологија на еден хамер имаше напишено: Засадено грав во вода. 5. Новиот професор по физика често ни се обраќа со "вие". - Еднаш рекол на еден ученикда оди да земе креда, но му се обратил со ВИЕ, и сие ученици од редицата излегле. А професорот и прашал зошто сите излегуваат, на тоа тие одговориле "Па вие рековте ВИЕ" 6. Правиме тест информатика и имаше прашање -Што улога има кулерот? на тоа јас напишав - Има улога да кулира. 7. Другарката што седи до мене ја прашува професорката по англиски "Teacher can I close the џамут" 8.На час по хемија професорката ме праќа по звучниците и проекторот, а моја другарка ја прашува "Професорке може да одам со неа" на тоа професорката одговара "A, да добро сум. Благодарам" 9.Земјотрес - да ја треснеш земјата од подот!!!! 10. Атом- не делив ( ама е делив) 11. На час по англиски професорката вели "Го слушавме Listening, сега да продолжиме." 12. Учиме за едначење по звучност свршен вид -> умре несвр. вид -> умира мој соученик вели: Ѓибересува 13. Бараме за "Его" - друго јас... (Wikipedia) - "Его" - неделен магазин кој се печати и издава во Битола. 14. Проф. по географија: Постудена вода од лед има ли? - МРАЗ 15. Најбројна група на број ( вели проф по биологија) 16. Македонски: Една стилска фигура? Про.....? Еден другар: ПРОЛЕТ 17. Проф по француски: Дали знаете како настанал зборот monsieur(монсју)... и ние велиме од miss you. 18. Баба ми раскажува некои индиски серии и вели - Таа залуде и ја носија во Бардовци. 19. Мајка и на мојата најдобра другарка ја прашува помала ќеркичка- Со што се занимааваат луѓето во општината? Малата одговара - Моментално со политика !!! Сите ми се запишани во едно тефтерче и си го чувам во слободно време се смеам на нашите глупости
Професорката по математика кон некои од учениците што беа немирни: „Ќе ве избркам, ќе ве запишам и пак ќе седите на час!!“ Професорката по англиски налутена кон сите од класот: „Добро, вие ме разбирате ко ќе зборувам македонски?!“ И еден ученик: „Јас и англиски ве разбирам професорке“. Сите по земја.
Со сестра ми гледаме на пазар 3 за кучиња. И гледаме: „кучиња Самојед“ Сестра ми вели:„Е што може да бидат?! Мачки?!“
Уште во 8 одд, бевме на час по географија и наставничката кажува дека Австралија ја открил Џејмс Кук и еден мој соученик и вели: Така е наставничке и таму се сретнал со Петар Пан ахахаххахаха Исто така во 8 одд, бевме на час по англиски и сега наставничкава Прашува како се викаат железни пари на англиски и сите велиме ПЕНИ и еден мој соученик прашува како се во множина и наставничката вели ПЕ*ИС ахахаха хахахха се пресмејавме, смеење до солзи Еве уште нешто на час по физика наставникот ни вели запишете фокусно растојание и едно девојче шо учеше со мене му рече на наставникот да објасни кај се наоѓа и една друга соученичка и вели: Мори 100 пати ти кажав на 116 страна во учебникот аххахахахахх Исто така на час по биологија наставничката прашува кога почнува пролетта и едно девојче шо учеше со мене вели на 21 ЈАНУАРИ! ахахахахахаххахахаахха И на час по англиски едно машко не беше немирно и наставничката му вели АЈДЕ излегувај надвор и машкото и вели на наставничката: Ова е моја куча живео сам ту! ахахахахах
денеска со мајка ми си правиме муабет и и велам дека мајка и на мојта другарка ја препознала на родителското,и мајка ми не ме чула и ја повторно и велам:Абе знаела чија ќерка имаш .После и двете се смеевме