Јас еднаш реков дека урдата се преурдила,наместо прокиснала! Исто за некој реков дека е прост како тиква!
Од сега нешто ново Баба ми беше кј нас на гостии Јас: Леле ми се спие Брат ми: Спиј ако ти се спие боже господи Баба ми: Што? Ќе ви дојдат гости? Брат ми: Нее, и велам да спие Баба ми: Не спие бре, прави палачинки(за мајка ми, бидејки пред тоа зборувавме за неа )
Имам многу откачена другарка и лепка бисери нон стоп 1. Еднаш збориме за како да ни пораснат градите и оваа ни пет ни шест вели : - Ако јадеш многу такви ќе ти пораснат смоки??? 2. Одиме во сендвичарата "5ка" да си нарачаме за јадење, а претходно зборувавме за хип хоп. И дојде ред другарка ми да си порача и му вели на типот: - Ај еден тост со хип хоп. И почнуваме да се смееме и оваа да се поправи вели: - АЈ една 5ка со тост ! 3. Одиме во трафика и другарка ми прашува : - Има смоки смокич? - Од домати? - Нее, тие од коски што се! 4. Си седиме на клупи во школо и другарка ми му вели на другарот: - Еее, ќе дојдете кај мене во петок да ГЛЕДАМ филм?
Се шетаме другарки и по пат се сликавме со апарат и едната вели - Ставете го апаратот во ТАКВОТО и тргнете веќе еднаш! Ке однема ТАКВО после ке нема со што да се сликаме !! ( Мислеше ставете го апаратот во футролата и тргнете веќе еднаш! Ке однема батерија после ке нема со што да се сликаме!! ) И уште еден! Седеме во кафич и пиеме топло чоколадо,а една другарка порачува и ладна вода и ја носат водата ја испи целата и наместо да каже - Леле,ме болат забите од ладново.. Она вели -Лелеее,ме пецкаат забите од шо е ладна водава
Се шетаме другарки и по пат се сликавме со апарат и едната вели - Ставете го апаратот во ТАКВОТО и тргнете веќе еднаш! Ке однема ТАКВО после ке нема со што да се сликаме !! ( Мислеше-Ставете го апаратот во футролата и тргнете веќе еднаш! Ке однема батерија после ке нема со што да се сликаме!! ) И уште еден! Седеме во кафич и пиеме топло чоколадо,а една другарка порачува ладна вода и ја носат водата ја испи целата и наместо да каже - Леле,ме болат забите од ладново.. Она вели -Лелеее,ме пецкаат забите од шо е ладна водава
Ахх,тие мој одлепени другарки Се собираме на кафе и една другарка вади пари,а другата и вика: -Лелеее,колку многу железни монети имааашшшш
Брат ми е второ одделение наставничката по Англиски секогаш кога имале час го испрашувала се на него и се исто, еднаш брат ми решил кога ќе го праша да и рече не ви одговарам - тоа и го направил .. Потоа таа му рекла дека сега ќе му пише 1 во тевтерот а потоа во дневникот , го отворила и без да го вклучи пенкалото се правела дека пишува, а тогаш брат ми и рекол наставничке а да го вклучите пенкалото за да напишете ?? Кога рече дома на нас ние пукнавме на смеа... АЈДЕ ДА СЕ СЕТАМ ПАК ЌЕ ПИШАМ А ДОДЕКА ДА СЕ СЕТАМ АЈДЕ ПИШЕТЕ
Еден циган (ром) сиромашен што живее во Струмица-Баница ќе гласал за Вемеро Демене (Вмро Дпмне) зел телефон од оние старовремските што не покажува кој број се јавува и го нарекува Iphone 5 и вели: јас да ти кажам ќе гласам за Вемеро Демене , (и се дере на глас) напред Зајев напред Зајев напред Зајев !! ХАХАХА СЕ ПОМОЧАВ ОД СМЕВ И СЕГА ЗА КОЈ КЕ ГЛАСА xD
Се "караме" со сестра ми за камерата на таблетот. Јас: Е дој да ти кажам ја на тебе. Кој беше последен на таблето?! Ја! (значи, јас сум го расипала).
Пишувам за Горјан Петревски (биографија) и си мислам во себе „завршил основно училиште во родното место“... но телевизорот ми одвлече внимание и Мила генијалната несвесно пишала „завршил основно училиште во основното училиште“. Ако не кикснам, жива да не сум!
Старите нели викаат нече гром у коприву. И една школска, што е како IQ 15 истресе „Ќе удре гром у коприва“ И ова е мое - „Тоа дрво личе на дрво“
бисер од другарка ми,која упорно го повторува Hаместо да рече си-тру за оној парфемон,вика цитрус ...ее слабо англискиот...
еден ден бев целата растчаана натаму наваму и влегувам во една цвекара и јас наместо здраво јас и викам на продавачката повелете...лелел кога се свестив што кажав кога прснавв да се смеам а со мене и таа и др што беа таму...и истиот ден во целата збрка на една постара комшика од маало наместо добарден и викам добравечер на сред бел ден
Јас вчера.... - Ем чадор носи, ем возак точи. Не... го точи возакот. И тука следуваше триесет секунден* молк, додека да ми текне, кој беше зборот.
Зборев со другарка ми на телефон и..малце ги помешав градовите и државите Таа:Ја виде сликата од ***** со ******? ***** отишол во Црна Гора. Јас:Да бе,во Белград. Таа:Црна Гора.. Јас:Па да бе. `молк` Јас:Чекај што ти реков,кај отишол?! Таа:Во Белград,Црна Гора. Јас: Јас уствари цело време на Будва мислев,а нејзе и викам Белград..
Бев збркана еден ден и од школо враќајќи се гледам дека ќе се разминам со една жена што ја познавам, и мислам дали да и речам Добар ден или Здраво. И на крај реков Добро.