На еден тест, во трето или четврто одделение на прашањето: Како се оплодуваат кокошките, следам јас со легендарниот одговор.. "Кокошките се оплодуваат со расни бикови." Крај. И плус 5- добив на тестот САМО заради ова прашање хахаха.
Утре почнуваме со тренинзи и јас сакав да отидам заедно на игралиштето заедно со татко ми , зашто и тој порано играл кошарка па да ми пмогне околу некои трикови . И јас вчера му кажувам дека денес сакам да отидеме на игралиште и му кажувам што планирам да правиме таму . И ни две ни три му велам : - Може да направиме ( т.е. јас да направам ) и дев и лесен двочекор . - Каков двочекор ? - Дев и лесен . - Ако ќе го напривиме и тој ама ќе направиш и десен и лев двочекор . Е тогаш дури сфатив што сум кажала . Ама што да правам овие денови ако не лапсуси и да нижам бисери .
Прегладената јас низ главава секакви јадење ми поминуваат хамбургери,седничи со стекови,макарони,шпагети,лазањи,пици.... ама демек некоја диета ќе држам или здрава исхрана и нема јадење на вечер. И му викам на дечко ми : - Леле само да знаеш како ми се јадет сендвич со хамбургер Крај.
До ден денес ме зафркаваат за ова: Умрев ЗА глад! - Одговарам македонски основно за „Македонска крвава свадба“ не знам кое одделение и ми вика наставничката ај раскажи да видам дали ја имаш читано драмата. Јас предтоа цела силна да да ја читав за да не ми стави минус или што беше да не си го расипам просекот оти цело време петки имав. И ок, станувам и ми вика ај кажи ми како умрел Осман Бег (мислам дека така се викаше) и сега јас стојам здрвена поим немам и тој што седеше до мене ми вика „се удавил во бурето“, јас ни две ни три ко од пушка „епа наставничке се удавил во бурето“. Сите погледи беа свртени на мене, наставничката а јас пак силна „што ви е бе што ме гледате“. Сите се убија од смеење, а јас од срам си седнав во последна клупа. Морав да редактирам бидејќи само што ми текна на ова.
Го прашувавме еден другар дали ќе оди на кафе со девојка која му е само за секс. И другаров вика: Не пијам кафе со неа ќе ми пренесе СИДА. Се послав значи
На час по географија, повторување, втора година. Професор: „Наброј ги планетите.“ Ученик: „Не знам, професоре.“ Професор: „Како бе не знаеш?! Ајде првата, Мер... Мер...“ Ние (шепотиме): „Мерцедес, Мерцедес.“ Ученик: „Мерцедес, професоре.“
Оваа случка е од летово. Бевме на одмор у Грчка и по плажите минуваат црнци и продаваат очила, крофни ова она, и минува еден црнец со врвки за коса од оние украсните. Црнецот: Здраво мама, тата, Србија? [мислел дека сме Срби] Татко ми: Не, не Македонија Црнецот му ги покажува врвките на татко ми Татко ми: Не не, фала Црнецот: Ааа криза Македонија, криза. Сме се згазиле од смеење.
Денес читав нешто на канал5. И прочитав дека некој Македонец се јавил во полиција и рекол дека преку кабелот за струја му влегол вонземјанин. Хахахахахахах Македонче што се не ќе смисли.
Беше некаде пладне и јас одам на натпревар. И гледам една жена поминува, ја знаев, и сега не знаев што да и речам дали Здраво или Добар ден. И на крајот врти сучи, и реков Добро Ај бидна.
Одамна немав отидено на гости кај братучедка ми, и последниот пат кога бев сретнав една нивна блиска комшивка ( со која секој ден пиевме кафе) ама во тој момент се блокирав и заборавив како се вика жената а веќе почнав : што правиш теткаааа ти ама тоа ти беше најтивко што може да се изговори.
хаха има многуу, ама ај ова на кратко. Во сред зима се криеме во подрум кај другарка за да не одиме на први, чекаме мајка и да искочи за да се качиме горе да пиеме кафе. Ама мајка и од тараса видела дека не сме искочиле и се дереее, излете кај се скривтее хаха и јас и викам речи абе не се криеме барам сандали, и таа и вика на мајкаа и бара сандалиии, а мајкаи што ке ти се мори сандали во сред зима качи се горе не си чешлана во косата хахахаххахаха
Вчера со другарка ми седиме на фб на чат. И јас и објаснувам за мојата слика на фб од двете страни додека ме сликале фатиле добри кадри. И таа како гром од ведро небо( гледала друга слика во моментот) ми вика: "Каде гледаш, педерчиња". Хахахаха лелел
Пак јас. Мајками го оставила јадењето на плин и ми вика: "Бубо јадењeто на плин ли ќе стои". Јас:" Јас не сум крива што си го оставила на пинтија". Hahaha
епа ни дојде нов професор (млад-згоден)и откако заврши неговиот час имавме голем одмор и во ходници гужва и тој да ти бил зад мене и јас распричана ме допре за грб ја го видов и мислев сака да помини и му велам извинете и тој молам? и јас пак како? и тој па цело време прашуувам како ти беше името и јас аааааа елена јас сум и тој добро и си замина и после другарка ми ми се скапа од смеење а и друго имаше едно видео -анкета од канал 5 и овој циганов кажува од кај собирал железзо и на крајот го прашуваат колку заработува и тој вели многу и таа го прашува колку и тој вели МАЛКУ ПОЌЕ и на англиски проф прашува со овие зборови колку комбинации може да се направат и јас многу и таа колку многу и и вракам МАЛКУ ПОЌЕ и сите патос
Час по иновации: Професорката:Ајде деца кажете ми дали знаете некој кој добил на лото и се променил? Ученикраскажува нешто треска таму* Професорката:Добро де и дали се променил? Ученик:Да Професорката:Како? Ученик:Се здебели
Во седмо одделение иде еден родител и ја згреши човекот училницата во погрешен клас дојде испага типов и јас леле овој колкави бидермаери има (бикембарди)...цел клас у кома