На школо по македонски имаме прилично млада професорка. И сега прозива еден од школските за новата лекција и тој станува и таков целиот - Што да направам? И професорката му вика - Стој на раци, одма! И овој - А не можам стој на раци, на нози ако може И го прашува кое е второто дело на Крчовски и овој - Вчера ме прашавте тоа, уште не знам
Имав еденш школски забеган малце со паметот, детето многу си фантазираше и цело време лажеше нешто, односно не лажеше туку просто не знаеше па си трескаше глупости. Ииии ви викам јас, хахахха, имавме историја а професорот ни беше малку шегаџија, и му вика: Проф: Орхан ти имаш ли девојка? Орхан: Да, професоре. (нема врска нема девојка) Проф: Е од кај ти е девојката бе Орхан? Орхан: Од Шпанија! Проф: А од кој град? Орхан: Од Атлетико Мадрид!
Моментално ми текнува само на ова.. Пред неколку месеци, додека бев дежурна на училиште, на часот по македонски заборавив да кажам отсутни и професорот не запиша уште еднаш мене и школската со која бев дежурна..И доаѓа класен час и класната прашува зошто дежурните не запишале уште една недела..Јас, целата изнервирана, велам "Професорке, заборавивме дека сме отсутни и не кажавме дежурни" Уште ме зафркаваат за тоа и дефинитивно ќе ми стои во PS во алманах
Татко ми на ручек пие ракија како што е редот вика - На здравје, и јас од спроти него - Фалаа, здравје да имаш
Го натерав брат ми за доручек ѓевреци да иде да ми купи и како ај демек ќе јадеме тоа,доаѓа он и вика "Еј,абе јогурт иаме? Ај иди види" И ја идам до фрижидер јогурт да барам,и му се враќам и му викам "Keep Calm и нема јогурт" по голема глупост не можев да треснам
Ова од средно беше. Другар: Аа Битер заљубена е, само балади објавува на Фејсбук. Јас: Не бе, жими мајка не сум. Исто така од тоа време. Јас: Пак вратата падна. Другарка: Не падна вратата, кваката падна. Истата другарка имаше палто кое ме потсеќаше на еден убиец од филмот Урбани легенди и и викам: Имам гледано еден филм, абе убиецот твој имаше исто такво палто. Другар 1: Учеше? Другар 2: Учев. Другар 1: Колку е тоа многу?
Седиме со другарка ми на маскембал и гледаме еден дечко облечен цел во бело и јас велам : во што ли е маскиран? И другарка ми како од пушка : фарбар , бојач .... оооо молер
Во средно. Влегува професорката и си запишува час се по ред и вика -имаме домашна?! И школскиов вика: -ее нема професорке цела ја испивме xD. Каква закон професорка, уште враќа - па свари си пак и ќе донесеш тазе
Игравме брза географија јас и другарка ми против дечко ми и еден другар. И дојде на ред буквата Т. Си кажуваме што имаме напишано и дечко ми вика е сега ќе ви кажам едно јако растение, ова сигирно го немате. Тифус. И јас се изнасмеав, кое растение бе викам, болест е тоа, бактерија. И проверуваа на интернет што е тоа тифус уствари.
Седам така...уствари чеј..стојам бе и така во една далечина од 20тина сантиметри(абе џабе тројка не накачаив математика) и се загледав во едно розево кутивче мало така...И мене ми се прочита дека на него пиши дурекс(знајте шо е то да не објаснувам) и мене свеста ми зеде..си реков откаде никна ова...се доближвам и читам доколенки тамара некоја марка таму...ми олесна Моите визуелно мисловни бисерчиња...не е едно моето... А кога ќе ми текни еднаш пред да излегувам тато ме испраќаше и јас пред да излезам зедов застанав пред татко ми и се крстам во него...после ко се свестив Многу бисери имам во моето мозоче...кој аудитивни кој визуелни....абе
Pravam muabet na telefon so tatko mii majka mi vo megjuvreme mi kazuva so da mu kazuvam zosto taa bese zafatena i mu velam a sakas da ti ja dojdam namesto da ti ja dadam i majka mi se krsti i me gleda prvo ne skopcav a sledniot moment vekje od smeenje mi doagjase da se tresnam od zid a pred nekoe vreme se javuvam kaj edna nastavnicka na sestra mi i sega namesto da kazam zdravo tuka sestra i na*imeto od sestra mi* jas ko nekoja nezdrava vikam zdravo tuka sestra i na **moeto ime*abe se obrukav za site pari i sekako ja skolo profesorkaata prasuva so e potrebno za da se napravi drama i jas likovi namesto dejstvo i neznam sto uste...abe talent
Не е баш бисер ама не е ни за во категоријана Зини земјо голтни ме па ајде овде ќе го пишам. Се деси пред неколку години. Доаѓа чичко ми со кој живееме во иста куќа, работеше нешто и ми вика: „Имаш ти молив?“ Јас слушнав дали имаш пролив... Се чудам што е сега работава, го препрашав ама пак истото го слушнав и онака зачудено одговарам „Не“... И мајка ми тука беше вика „Молив, молив те прашува дали имаш“ и неа ја разбрав и викам као да се извадам некако од ситуацијата „Не знам, мислам дека немам, ај да видам...“
Пред некој ден на маж ми му викам ај дај ми шампонот да измијам садови ( авторов бараше сјај кој мм го беше зел предходно за нешто ) Александра плаче , јас подготвувам млеко ја гледам и и велам : " Милош , не да плачеш , сега мами ќе ти даде млеко " .. после 5 минути ми текна дека уствари Милош стои до мене цело време и се чуди си вели шо и е на оваа коа не плачам јас ..