На латински сите седиме и професорот прашува "Што е мензис?" И јас се избацувам како од пушка викам "Менструален циклус професоре!" И професоров се смее и вика не,мензис значи месец на латински. Сите фатија да се смеат
Ама ме насмеавте со бисериве! Еве нешто се сетив и јас.Си одев накај дома со другарка, и денот многу јако беше сонцето. Па идиотот што сум, место да речам "Ме заболеа очи" одма треснав "Ме боли сонцето"
Гледав пред некој месец стари слики од времето кога татко ми бил у војска у бивша Југославија . На сликава беа татко ми па кучето Атос и другар на татко ми . Јас како од пушка : " тато , другарот , кучето .. " Братучедка ми прсна од смеење а јас ја гледам чудна и и велам : " шо ти е мор , шо се смееш .. ?! " ме гледа и вика : " ај види убоо " и ја пак : " тато , другарот , кучето " .. После ми текна дека другарот го направив куче а кучето човек и викам : " ооо , абе , тато , Атос и другарот " . У средно имавме еден згоден ама зафркнат професор . Некои од машките имаа земено кока кола литар ипол шише и чаши . И сега не ја бере кока колава под клупа па мораше на земја да седи . Влегува професоров на час , запишува отсутни и ја гледа кока колата и им вели на школскиве : " немој многу кока кола да пиете ја порано , на времето кога се вработив у школово многу кока кола пиев и многу хамбургери јадев . Знаете колкав бев ? 150 кила у врата не ме береше . Ка топка бев странично влагав " пола саат се смеевме .
Правев нешто муабет и сакав да кажам ,,има многу патници за Охрид'' ама поминувавме покрај една пекара, и видов пишуваше кроасани и реков ,, има многу кроасани за Охрид''.
Ахахахахахаха резиил сум . Па вакааа бев впродавница купвав бомбоњера и пишеше цена 159 денари, и фино лепо си ја зедов и одам на каса ја чука бомбоњерата и ми вели 199 денари ја онака мртва сериозна.. ''НЕМА ШАНСИ БЕ " кога зеде да се смеее она ја прашалнициии и му викам па 159 пиши жената здив неможеше да земи ја се сетив шо кажав и двете се изнасмеавме ми кажа дека тоа била помала до неа одма и ја сменав и ми вели чупе како ми беше ужасен денот шубо ме насмеа .. јааа умреееев од срам
Во кафич: "За мене едно нес кафе без нес." Без шеќер сакав Кај другарка: "Мајка ми правеше слатко од диви СВИЊИ". Диви СМОКВИ мислев.
Malce odpoodamna ali aj bruka si e bruka Me barase drugarka za na kafe ama vo istiot moment I decko mi mi pisese na viber. I sea ja so dvajcava pisam. Ova vika ajde brzo.. I ja I pisam eve ma, samo da mu pusam na decko mi I idam... Tenka e linijata pomegu pisam I pusam.
Со баба ми ја глеаме емисијата на Васко Ефтов и јас у тој момент и викам на баба ми Бабо како се викаше овој и она вика абе кажи гоо леле не ми текнува и ја викам аха ми текна Ефто Пупиновски У школо бев застаната пред табла и презентирав за наркоманија и наместо превенција реков провинција.. сите чудно ме гледаа и проф. ми вика Кимберли што зборуваш и јас цела се збунив и викам превенција извинете Само трескам глупости..
Влегувам во маалска продавница каде маж е продавач притоа полна со комшии и на рафтот за влошки не можам да најдам секојдневни и на цел глас викам "Комшо имаш ли влошки за една употреба?" (место секојдневни реков за една употреба) Сите со подсмев гледаат во мене а јас не сваќаш што грешно кажав и продавачов ми вика "А ти ги преперуваш?"... Тек тогаш ми светна кликерот што зелена одкинав.... поцрвенев од срам и без збор излегов Месец дена од срам не влегов во продавницата
-2 пати ми се случува во продавница црна фанта да барам, сеуште неможам да си разоткријам и разобјаснам во мозокот зошто барав црна фанта, дали од неспиење или од заљубеност незнам... -Со другар одиме да набавиме материјал за една скулптура што правевме и требаше да купиме 2 килограми глина и три метри жица, и другарчево му вели на продавачот дај ми три метри глина и 2 килограми жица.
Баба ми пред некој ден..Гледаме одбојка на телевизија..Во кадарот освен играчите беше и еден од тренерите.. Баба ми: А овој доле голманот е? Јас: Не бе бабо, ова одбојка е, нема тука голмани. Баба ми: Ааа добро, јас се збунив, ги измешав мислев кошарка дека гледаме...
На бисерите од мајка ми луѓе им нема крај.. Пред некој ден седи на фејсбук и си отворила страница од чевли, сакала да си порача некои онлајн. И ги отвора чевлите и некој во коментар прашал колку пари се. Овие од странава и одговориле на жената дека ќе и пишат цена во инбокс. И мајка ми ми вика Е каде е сега тоа инбокс? Како јас да видам што и одговориле нејзе во инбокс за да знам колку се? Епа сум се смеела едно саат време
Vo srednoskolskite denovi, na cas po geografija stana da odgovaram. I jas pocnav si zboram li zboram i stignav do pcenka. I velam: pcenka e glavno lebno ZIVOTNO.... site se skinaa od smeenje, pa I jas.... A sakav da kazam glavno lebno ZITO
Кикс од основно: Череперен мозок. И ден-денес се смејам Кикс на фемина: Јас уште не сум во брак, а камоли мажена. Ноу комент
Јас целата сум бисери Од денеска нешто свежо: Си купив чоколада и велам како забегана "хаха сега ќе си ја јадам три дена по малку" едно отварање и за нецел час цела ја лапнав јас по малку ќе сум си јадела
Hahahah citajki gi vasite lapsuzi...mu tekna za vo sredno koga se izglupirav...Zimavme nova lekcija i profesorkata imase rabota nesto, pisuvase na katedra i mi dade jas da im citam na skolskite od nejzinata tetratka...Citam jas citam i na edno mesto kaj so imase zapirka, mesto zapirka jas "ZAPICKA" hahhaha skolskite me slusnaa i ne mozea da prestanat da se smeat. Sreka so profesorkata zborese nesto so tie vo 1 klupa i ne zabeleza