Седиме со дедо ми, и ми вика : Каде го остави тоа КАНТАЊОНОТ? И јас цела збунета, одвај да разберам дека сакал да каже КАНТАРИОН Леле уште се смеам
Имам постара комшивка која е од Русија и веќе којзнае колку години е тука, ама никако да научи убаво македонски. И денеска одам во продавница и ја начекувам неа и и вели на продавачката "Има sprite во тегла?" И продавачката зачудена цела, мене ми иде да се изнасмеам.. И дури се разбраа дека мисли на лименка....
Работев во еден ресторан, и доаѓаа еден млад пар Турци, со малото. Многу фини луѓе. Не збореа нашки многу добро, оти нели од Турција. Секој ден пиеја чај, и нивното омилено - кроасан со срање...овааа сирење де. Првиот пат кога ми кажаа, муцкава си ја изгризав да не пукнам од смеење, а понатака симпатично ми стана и ми беше жал, оти ми беше срам да им кажам т.е. не знаев како да им објаснам. На крај, се оправија. После тоа јадеа кроасан со сРње.
М:има чај ? Ј:да има од нане и од (шумски)морски плодови M:не знам веќе шо да ти кажам.... Ј: J=јас М=мама
На англиски курс порано место feather кажав педер не знам од кај ми текна... Другарка една во Тренд нарача кока кола од лимон.. и така
Бев да купам цигари , ама ги немаше тие што ги пушам и и викам на продавачката дај ми вест тие црни со црвено ( вестот се скроз црни , марлборо се црно со црвено ) , ме гледа женава и вика мислиш вест црно компакт ? Викам не , тие со црвено , црна кутија со црвено . Ама тие се марлборо и ми покажува кутија . Пропаднав . Оф викам да марлборо , не знам зошто се вест ги викам и збришав со брзина на светлината
Седев со мајка ми и и реков чекај малце да се чујам со министерот. И она ми вика со кој? Со инструкторот де. Не знам од кај ми дојде министер да кажам..
До карантинов е кај и да е , од фрижидер ќе излезе . Да не бидам офтопик . Пред некој ден , имавме мајстор за врата дома , фамилија ми е човекот , и ме прашува : - Како сте по дома ? Јас како од пушка : - Одлична е вратата , и многу брзо бидна готова Човекот ми вика : - Абе внучке , вие како сте , вратата како врата , убава ќе биде каква може да биде , кога таква ја нарачавте . Му одговорив и ме снема со брзина на светлината .
Отвори го фрижидерот....(мислам на прозорецот). Вклучи го фрижидерот....(мислам на телевизорот). There's a pattern here, wonder why?
Да си додадам... Си оставил една мајца во фрижидерот (мислам на машината за перење). Jesus help me. Жими се не сум опседната со храна хахахах до солзи сама си се исмеав.
Виша сила ти кажува почесто да го посетуваш фрижидерот , како сите нормални луѓе последниве три месеци ..
Професорот по фискултура што ни беше не знам точно што сакаше да каже, ама беше изнервиран нешто, нѐ караше и му се испушти зборот улошки Знам дека збркан беше нешто и навистина не се сеќавам што сакаше да каже ама многу ми е смешно, не можам да престанам да се смеам кога ќе ми текне на ова
Морам да споделам со вас значи. Ја прашав мајка ми кога ќе одиме до град да купиме либидо. Сакав да кажам, мидер. Среќа не знае што е либидо, но сфати дека сакав мидер да кажам, па ме поправи.
Имам многу но еве денес влегувам во продавнница за органски производи и наместо чај од ехинацеја велам чај од ајахуаска ми треба и повторувам неколку пати и уште ја лута дека чудно ме загледа излегувам и после половина час ми текна уствари што сум рекла.