Блиску до изневера

Дискусија во 'Врски' започната од enca.69, 31 јануари 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.402
    Е драги мои форумџики, веќе пријателки, можеби требаше да го ставам проблемов во врски, но еве почнав тема затоа што е сепак проблемов специфичен...убаво викаат никогаш не викај никогаш...јас викав и во еве каква ситуција се најдов...како што сигурно сте читнале од другите мои постови, се спремам за свадба во јули, го сакам дечкоми, супер е се...речиси се, ради проблемите што јас свесно ги создавам...зависна сум од драми...и све беше така ок...бирав венчаница....и што се случи...еден наш пеач кој многу си го обожаваааааааам...ама многу го сонував пред едно недела дена....далеку од тоа дека сум опседната со него...кога беше актуелен ептен онака ми беше у срце, ама сега не е толку па и сум го подзаборавила, и не ми беше јасно од кај да го сонувам, али после сонот апла почнав да мислам на него...ко тинејџерка некоја, и го побарав на фб, на неговиот профил...ме прифати....му пишав само да ми каже кога ќе има настап во ск...и тој ми врати, и ми побара скајп, многу сум му се допаднала...му дадов скајп и еве веќе три ноќи ние зборуваме до 6 сабајле...се враќа за недела две во ск и сака да се видиме...да ми спрема вечера, но синоќа и првпат спомна дали би сакала да бидам интимна со него.....крш...да бидфе бељата поголема, со дечкоми ноќеска имавме најголема караница до сега...страшно...али јас незнам што да правам...го сакам дечкоми, сакам само да го малтретирам во крвта ми е, ама не и да го повредам, не сум го изневерила до сега, освен на почетокот од врска, првите 3-4 месеци, а заедно сме 5 години, воопшто не одобрувам неверство, го осудувам, ама тешко ќе одолеам на вечер помината со тој човек...далеку од тоа дека е славен,не е тоа...туку најверојатно јас сум чувствувала нешто длабоко, ама поради мислата дека не е можно, ваљда сум потискала...а и поради мојата теорија дека неможеш да чувствуваш нешто за некој што не го познаваш, и секогаш сум ги осудувала оние кои се трескале по славни личности, а не ги познаваат...а сега се што тврдев и упорно стоев позади тоа, се ми се тресна од глава со ситуацијава...а и со муабетот ептеееен се поклопуваме....нејќам и нема да го оставам дечко ми...но не сум сигурна дека ќе одолеам на искушението....совеееееееееееееееттт.....
     
  2. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    154
    Прво-немој да се обвинуваш себеси заради појавата на чувства, кои досега биле непознати за тебе. Второ-Седни убаво и размисли дали таа средба треба да се случи, затоа што многу добро знаеме дека разговор на интернет е нешто многу поинаку од разговор во "живо". И јас имам долга врска и знам дека одвреме-навреме чувствуваш дека ти треба внимание од некој друг. Сметам дека таквите желби и чувства се моментални и не се вистински бидејќи ти со дечкото имаш сериозни намери и тоа дефинитивно не вреди да се расипе заради моментална заљубеност-опсесија. Мислам дека фактот што не сте се виделе со дечко ти е одлучувачки да ти треба близина од некој друг...Чекај го него, заборави ги плановите за средба со новиот. И секако, не мора да ме послушаш, само ќе ти кажам се најдов во слична ситуација пред неколку години и не и одолеав....сега многу жалам заради тоа. Поздрав девојко
     
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.402
    Иванче фала ти...само не си ме разбрала...дечко ми е тука...овој другиов не е тука, тој си доаѓа за недела две, па треба тогаш да се видиме...да не беше дечко ми тука можеби и јас оваа желба ќе ја припишев на тоа.....сепак фала ти многу...ама работата е што мислам дека, што и да направам ќе се покајам подоцна...тоа ми е проблемот...поздравче
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    кога го прочитав постов некако многу филмски ми дојде ситуацијава твоја....навистина не викам невозможно, но тешко е за верување дека баш на ваков начин ќе се развиваат работите. Сега јас не сум никој да ти кажувам што да правиш но на твое место не би отишла на таа вечера и веднаш би прекинала контакт со таа личност, во случајов пеачот :?
    прво и самата кажуваш дека си среќна со дечкото и дека планирате свадба, зошто да си ја расипуваш сета таа среќа и сите работи кои си ги вложила во врската толку време, ете претпоставка и да се случи нешто со пеачот потоа ќе ти биде многу потешко.....а од друга страна можеби на него му има удрено славата во глава и со самото тоа што сватил дека ти си му обожавателка почнал да флертува и го искористил тоа за да на некој начин манипулира со тебе и си го задоволи егото и си ги крене акциите. Немој да се навредиш ама отворено ќе ти кажам мислам дека ова твоево е тинејџерска занесеност и дека за оваа личност не чувствуваш љубов, ниту пак страст....не вреди да ризикуваш!!!!
    мој совет ти е да ја употребиш опцијата DELETE од фејсбук и скајп и да се посветиш на организирање на свадбата ;)
     
    На srcekrsacka и EleMental им се допаѓа ова.
  5. Anonymous

    Anonymous Guest

    Ти си таа која што треба да избере.Во овој случај да знаеш што сакаш,да размислиш и ако добро процениш да можеш да ја спасиш врската.Дечко ти знае за се,сигурно си му кажала.И пооради тоа имало караница,и бил поврден и се плашел и тој се држел за својот став да не те изгуби.И тоа што го кажа Ивана,тоа што комуникацијата на нет и очи во очи.Знаеш дека ти се допаѓа малце типот од фб,односно те привлекува со неговиот сензибилитет.Но ти него не го познаваш како твојот партнер.Очигледно е што мислам,ако имаш потреба од нешто поинакво тој е моментот кој можеш да го искористиш,но потоа можеш и да се каеш.Мојот совет е да го направиш тоа што го сакаш,вистински.Секој има таков пероди,но ти пак ке го сакаш својот партнер..и 5 години врска се голем успех.Имај убав ден :)
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.571
    Јас тука не гледам ама баш никаков проблем...
    Ако ти сакаш да бидеш уште една во низата плеснати придружено со евтина романтика,повели.А како капак си ја расипеш свршувачката и потенцијалот за успешен брак,плус откако ќе те откачи овој пејачов...ситуација за мерак.
    Јас повеќе гледам проблем во твоето однесување кон свршеникот,него ли пејачов...
    Ако сметаш дека имаш вредност за девојка од една вечер,повели.Фраерот ако знае дека ти имаш свршеник нема да се однесува како задни сељак во маало и да се освојува,тоа е моронски,неџентлменски,исфристрирано и искомлексирано,тогаш типот навистина не е ок и е типичен сељак.

    Мислам дека треба да продолжиш со свршеникот и да поработиш на својата размазеност како не би се довела повторно во таква тешка караница со него,да си го спуштиш неразумно големото его (показател е и ситуацијава со пејачов за него,ама во некоја друга прилика) и да разбереш дека бракот кој ти следува е ствар на компромис,разбирање и разговор,ама не само во кој ќе зборувате,туку и ќе се слушате.
     
    На mims-89 и femina11 им се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.402
    Колку само сум ви благодарна....не дека јас незнаев што правам или слично...свесна сум дека се глупирам, а не ми личи како прво на годините :lol: ама од пуста желба си ја правев ситуацијата замаглена....штознам , можеби само посакав свесно една таква вечер да поминам...не дека незнаев дека би било една вечер, не ни помислив дека би останала понатака со овој пеачов, ама можеби и паниката од судбоносното да, ми ја поттикна желбата да поминам една таква вечер...ама страшно ќе биде ако ми се уништи се ради тоа....свесна бев за се, ама потсвесно :lol: и супер, вашиве постови како ме треснаа од земја, посебно на лилит :lol: (во позитивна смисла нормално) така да сосема се приземјив..AMA MAЛЦЕ КАСНАМ:::МАЛЦЕ ПОИШЕ УСТВАИ.... синоќа теравм муабет, ама се скаравме на крај, јас сум таква, и без разлика кој е и што не се познаваме, си терав по мое, и му се инаетев, и се скаравме на крај...се исклучив од скајп и му пишав збогум....за сабајле во пошта да имам точно 20 пораки од него...и на зид ми имаше напишано....уникатна,те бацувам и не те оставам....катастрофа се направи...среќа дечкоми е блокиран овие два дена, ама кај и да е некој ќе му каже, пошто дигнаа фама сите мои 200 пијатели, стварно ли е тој....среќа што му кажав дека правам муабет...ама не колку време и до кај стигна ситуацијата....само дека правим муабет за кариерта негова...сега после ова на зидов господ знае што ќе биде....а вечер на скајп ќе му го кажам вицот за ова јавново глупирање....а и го блокирав од фб...ама можда малце касно :? ....ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕ ОД НИШТО КАКВА СИТУАЦИЈА И ПРОБЛЕм....како што ми напиша некоја од вас погоре....филмска ситуација, влетав за секунда...неможам ни да сватам дека сум учесник, се доживувам како беспомошен набљудувач....и се освестувам во поблем....МОРЕ МАЛЦЕ МИ Е :|
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.162
    Види, ништо страшно ова со ѕидов. Прво, ти расчисти си со себе - значи ништо не си направила, и немој да имаш грижа на совест, ама научи ја лекцијата. Второ - на дечко ти кажи му дека сте правеле муабет и дека на типов му бил интересен муабетот со тебе, и затоа така ти пишал. Мислам кој како ќе го сфати постот, ама не мора да значи дека има нешто. Значи изглади ја ситуацијата, и плус кажи му дека си прекинала контакт или нешто такво. Или дека почнал да ти се пушта па си прекинала контакт. Види што е најприкладно, најди начин. И трето, стварно среди ги работите со дечко ти.
    Иначе се дешаваат вакви работи. Ми се има и мене случено, ама исто така се освестив на време, па остана само на неколку онлајн муабети и неколку смс пораки. После тоа ми се гадеше и од сама себе и од другиот, како сум можела да помислам такво нешто, ама ете сум помислила.
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.402
    Ариел многу ти благодарам....ама ептен...мене најмногу ме исплаши и извади од такт, постот, затоа и го цитирав, зашто звучи ко да имало веќе нешто,незнам што сакал да постигне со тој проклет пост, а воопшто не ни мислам дека е така ко што напишал, значи не се занесувам воопшто....а со дечко ми така ќе средам, претпоставувам ќе ми успее,ама проблемот беше во мене и во мојот дебилен мозок во тој момент...сакав да го направам тоа да си дадам ете таква една вечер,свесно, знаејќи дека е само една вечер, и не дека се занесувам дека тој се заљубил или ги мисли сите работи што ги кажува, ама ете сакав, по можност никој да не дознае ...и се да продолжи по старо...и бев решена...ама...не сум сигурна дека после тоа ќе можам јас да си простам......поздрав и многу фала на сите
     
  10. tate

    tate Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    prAJ SHO ZNAJSH DEVOJCHE..........TOA SHTO TI ZBORUVA SRCETO NAPRAJ GO........IMASH SRCE???? ILI........

    I NE PRASHUVAJ RADI REDA..............TAA SANOC SEDI NA SKYPE....PAK NAS NE PRASHUVA.........TAA EDVAJ CHEKA DA GO VIDI.....PAK USHTE PRASHINA NI FRLA VO OCHI...........EHEEEEEEE, PILE MOE........BIDI SI SVOJA,,I SHTO E NAJVAZNO ISKRENA SO SEBE SI....DOBRO????/
     
  11. bubamara

    bubamara Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Нормално е дека сите ние потајно се надеваме на таква некоја како што рековте филмска врска или што и да биде...но комплицирана ти е ситуацијата...затоа најдобро премери си сама што можеш да добиеш а што да изгубиш и дали би била задоволна со тоа...позз...
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.402
    Fala vi mnogu na odgovorot ste se potrudile....samo jas ovde nikoj ne istepav da mi pise, pa ni vas....samo ako nekoj saka...kako sto i jas davam mislenje ako na nekoj mu e potrebno....ako jas frlam prasina vo oci, i prasuvam radi reda , toa go pravime site na forumov....na site moze da im se dade odgovor praj sto znaes, ama ne e toa poentata,....jas da sedam na skajp, i svesna sum sto pravam, samo od iskustvo znam deka vo ovie situacii glavniot igrac , sega jas ne gleda najdobro...i deka od strana so ladna glava nekoj moze poubavo da vidi....i nema sto jas da frlam prasina ili da sakam da postignam nesto drugo, zatoa sto niti me znaete, niti ve znam, a mi e gajle dali ke recete bravo ili pak sram da i e na ovaa....nemam nikakva korist da stavam situacija radi reda....ne se poznavame ....i da e bravo za nekoja od nas i da e sramota, ne se znae koj e pozadi toj profil neli.... A VIE DRAGA GOSPOGO....ILI STO I DA STE , MOZE DA PROSETATE I PODRUGITE TEMI I NA SITE DA IM PISETE PRAJ SI STO ZNAES....TOA E MNOGU KORISEN SOVET....I AKO SITE PRODOLZIME NA TOJ NACIN KAJ I DA E KE ZAMRE FORUMOV....POZDRAV
     
  13. zkjb

    zkjb Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    41
    BRAVO.....pameten odgovor na takov dobien "sovet ili odgovor "kako da go narecam ....mislam deka prvo si dosla do takvo iskusenie poradi toa sto i samata velis deka do nekade si go obozavala doticniot,no kako i sto rece samata mislam deka nema potreba da stnes uste edna crtka ili pak da veruvas na internet dopisuvanja so nepoznati,mnogumina se logiraat so drugi iminja i imaat izmislen profil mislam deka ne si dete za da potkleknuvas na takva provokacija,sepak razmisli si dali e vredno da go napravis toa .......ti posakuvam se najdobro:))
     
  14. fannya

    fannya Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    zdravo enca da ti kazam i jas bev vo slicna situacija pred nekoeisto so pejac so koj se dopisuvav preku fb isto mi pisuvase ubavi raboti se zatreskav i jas neznaev sto da pravam i aj se dogovorivme da ideme na kafe da se zapoznaeme i neznam kaj mi bese pametot otidov i se razocarav katastrofa u ponasanje u zivo iskompleksirana budala za malku ke mu dozvolev da si leci kompleksi na mene me vikase i kaj nego doma potoa so nego ali ne prifativ go izbrisav od fb i prekinav sekakov kontakt so nego dobro e sto se svestiv na vreme ke napravev ogromna greska da se slucese nesto ke izlezev budala devojka za edna nok i toa so klosar a gi ima mnogu na nasava estrada inaku ne krijam se raboti za robert vukelic da ne se raboti i vo tvojot slucaj za nego Se nadevam deka moeto iskustvo ke ti pomogne da si razmislis i da ne napravis greska te sovetuvam da go zaboravis i da prekines sekakov kontakt so toj zasto ako napravis nesto mnogu ke se kaes jas se kaam sto izlegov samo na kafe ako napravev nesto poveke ke se ubiev Pozz se najubavo
     
  15. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    608
    Ne sakam da zvucam:"PRAJ STO ZNAES!" :lol: :lol: ama bi sakala da trgnam vo druga nasoka.
    Sekako deka od celava situacija so brakot dobivas "studeni noze" i ne sakas da go izgubis deckoto,a od druga strana situacijata dosla do tamu ,do kade sto dosla......
    Licno smetam deka nemoze da dojde do ovoj stepen ,ako se e vo red so tebe i decko ti i deka nego go sakas 100%.
    Po mene vakvi situacii se slucuvaat ako nesto fali.
    Pred da stapis vo brak treba DOBRO da se prasas sto e toa sto fali ,bidejki (sum vo brak ,pa zboram) koga ke bidete edno izvesno vreme vo brak,toa sto e mana ima da bide MANISTE!
    Isto taka treba da znaes(sto ne se somnevam) deka otkako ke reces"DA" nema poveke drugi mazi,makar i za edna vecer,a do toa "DA" mozes SE da si dozvolis.
    Ne se poznavame i ne te znam kakov karakter si ,medjutoa ako mislis deka mozes da se smuvas so nekoj i posle "mrtva ladna" da prodolzis ponatamu i toa da e plus za tvojat avrska ...togas GO!
    Medjutoa ako te jade "zmija" posle ic ne probuvaj.
    Ne ti vikam NEMOJ DA PRAVIS BILO STO...naprotiv ako imas "stiskavec" napravi i ne zali..zali za nesto sto ne si go napravila....
    Ne se karaj so decko ti,neka ne te opteretuva toa sto svadbata e na povidok,tuku pogledni ja realnosta vo oci i NEDAJ BOZE podobro bidi nesrecna nekolku meseci posle raskid ,otkolku cel zivot vo los brak...
    Za kraj ke kazam deka ne velam da raskines ili sl.,medjutoa treba seriozno da se prasas ZOSTO go maltretiras decko ti i se karas so nego ,kao sto naveduvas,mislam deka ima nesto!
    Pozdrav i se najubavo!
     
  16. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    И јас го делам истото мислење со babyketi дека можеби е подобро убаво да размилиш за се што те чека понатаму, подобро е да ставиш крај на една врска отколку да поминиш цел живот во неа а да знаеш дека не те исполнува.А ако пак само сакаш да имаш едно искуство повеќе па зошто и да не направиш нешто "лудо" kako што вика babyketi додека не си влезена во брак можиш да испробаш такви работи(мада јас не се согласувам со тоа затоа што по мене верноста е темел на секоја врска).Во секој случај останува самата да решиш за тоа
    Поздрав!
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Vaka..jas sum nova na forumov.Gi citam site temi i postovi i prekrasen e..a clenkite spored toa sto mozam da zaklucam uste poprekrasni :) .Pozdrav do site!Me zaintrigira situacijata na enca69..pa nakratko ke pisam sto i kako mislam.Jas imam iskustvo..od mnogu odamna bev vo vrska so eden peac od nasata ni estrada :) .Se se sluci spontano,toj bese uporen i padnav sto bi rekle na negovata uposrnost.Na kratko..traevme negde nekolku meseci..krajot go stavi toj.E vaka..obicno tie licnosti(javni)se preokupirani so sebe,so toa sto go pravat..posebno maskite se so kompleksi deka se pozelni za sekoja taka da ne im se veruva.Enca69 ti momentalno mozebi si "zanesena" so toa sto ete si vo kontakt so javna licnost i ti imponira..te svakam kako se osekas..plus ti i potajno si imala nekoi cuvtsva za nego..eve dosle tvojte 5 min i neznaes kako da se spravis so toa.Mila moja, ti sama samo mozes da znaes i resis.Megjutoa nemoj so toa da si ja stavas vo prasanje tvojata dolgogodisna vrska.Tvojata sreka.Jas sega od ovaa distanca prosto se prasuvam sto li pravev so doticniot ama ete i toa moralo da mi pomine niz glava.Sum se dvizela vo tie krugovi..poznavam nekoi od niv.Retko koj e spusten na zemja.Jas sum za toa da se sledi srceto...taka da ke ti kazam sledi si go svoeto srce i neka bide sto treba da bide.Ti najdobro sama znaes sto treba da pravis.I so sreka ponatamu :D
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.402
    Леле колку сууууум ви благодарна....на пат сум да ја средам ситуацијата ;) ....одлуката брзо ќе ја донесам, благодарение на вас и на вашите совети...посебно им благодарам на двете девојки кои ги споделија своите искуства, со наши ,,јавни фацки,,...ми послужија нивните искуства...фала ви најмногу...поздравче
    п.с. не е Роберт Вукелиќ :lol:
     
  19. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    608
    Nema zosto da se zablagodaruvas..tuka sme ako moze da pomogneme....
    Pisi sto ke napravis,site cekame razvrska.
    Poz.
     
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.402
    Јас длабоко ви се извинувам што ве мобилизирав со проблемов...па не пишав....ама немав сила...а имав и многу обврски....полесно ми беше да не пишувам, за да не размислувам...ми требаше вниманието и за еден многу важен проект....значи не се смени многу.....морам на почетокот само да разјаснам нешто....јас воопшто не размислувам да прекинам со дечко ми или да не се земеме...го сакам неможам без него...мислам не ми паѓа на памет дека би можела да завршам со некој друг...и тоа што се карам и го малтретирам....таква сум....зависник од драми....идиотка по малку......било така со сите дечковци....едноставно во врска не правам компромис...кога се работи за се друго, за животот воопшто, на сите им попуштам, ме искористуваат до максимум, дури ме прават и будала :lol: но не ми пречи, секогаш попуштам...но во врска сум доминантна и толку...свесна сум дека нечини...ама неможам поинаку и ме прифаќале таква...а и дечко ми нема против...ок сум...ама по мое да помине.....значи тоа не ми е доведено во прашање...со мојов драг пеач уште :lol: е комуницирам...инсистира да се видиме...три дена бевме скарани, драми, ми прави некои љубоморни испади....затоа што и со него се однесував така...доминантно...ми е гајле....шо очекуваше он...ама му кажав...ке се видиме ама несакам кај него да одам на романтична вечера...а и двајцата, а и сите вие :lol: знаеме дека само така ќе ја викаме вечрта, а дека ќе се очекува...поинаков завршеток....издејствував да се видиме, запознаеме на вечера во град....и ако имам и тогаш желба ...ќе се смувам......па шо...ајде место моминска ова нека ми биде...ми се допаѓа стварно.....ама само така да си поминам една вечер..којзнае што ми е....а толку сум против неверство....и имам принципи...ама...па шо ....ајде толку ќе биде...во брак нема ;) тоа сум сигурна...или па не...се зезам...сигурна сум, исто како што знам дека сакам да имам една ваква вечер..можеби и притисокот од таа глупава свадба и се.......или барам иззговор....незнам ...и решив да не размислувам па многу па.....ах уште да можев да бидам сигурна дека ќе си простам после тоа.... :x ама нема везе...ќе си мавнам две три после тоа...и тоа е...и кажувам на другарка ми...та 6 години во врска не извара....3 месеци пред брак спиеше со бившиот..............ми вика ...ама ич не ми е криво... :lol: убава вечер, никој не дозна(знам само јас)...заврши, го сакам, го обожавам маж ми....па јеби га..........ај ваљда ќе си простам...ама ќе ви пишам...да знаете...зашто ве сакам...и да ме осуди некој со некој пост...и да ми даде подршка...........јас многу ценам...сепак тоа значи дека тој човек се потрудил за мене......а јас едноставно обожавам некој да се грижи за мене и да му е гајле...затоа што јас сум таква....и фала ви за се 8)