И јас носев долги години, ама некако тешко за одржување ми беше, и ја пораснав. Не можеш да си дозволиш со ова bad hair day и да си врзиш репче, хехе.
На други ми се свиѓа како им стои, еве на @koritsaki преубава и е. А, на себеси не ми се свиѓа кратка и не би ја носела ваква, уствари и немам храброст да се ишишам вака, цел живот со долга коса сум, барем подолга од рамениците, пократко не сум ја носела, освен можда ептен помала кога бев до раменици уствари ми беше еднаш . Дури и кога многу коса ми имаше паднато пред некоја година пак не се решив до толку да ја скратам за боб фризура, а сега откако колку толку ја оправив уживам долга да ја носам... Плус исто како @Guns N` Roses мека, тенка и права коса имам, оваа коса повеќе за тие што имаат густа ми личи дека одговара, на поретка коса ко мојава и јас мислам дека на ништо нема да ми личи фризурава. Кога те читам како јас да пишувам значи секогаш, што е работава, косите дури исти ни се.
И мојата коса е многу тенка и ретка, и баш кога се шишам кратко , особено како што ми е сега , изгледам како којзнае колку густа коса да имам а не е така
Година дена имав ваква фризура бидејќи косата ми беше оштетена и морав да се шишам. На други им се допаѓаше како ми стои, а на мене не баш.Ме нервираше што не можев да ја соберам во реп. Едвај чекав да ми порасне.
И мојата изгледа погуста кога ја шишам вака. Моментално ми е под рамењата ама во план сум да ја скратам. И јас сум скоро цел живот со боб
Јас имам тенка и ретка коса и на предлог на фризерката почнав да ја шишам боб. Косата добива волумен и ми изгледа густа. Кога ја носев долга ми беше залепена и бев како две без три влакна. Ми сметаше на почеток што не можев да ја врзувам ама си купив убави шноли и го собирам само горниот дел.
И јас знам дека боб фризура, или може и долга ама степенасто шишана(на слоеви) додава волумен. Мојата е рамна и долга и од тежината губи веќе волумен.
Многу ми се свиѓа овој тип на фризура, пред 2 години пробав да ја носам вака и едвај чекав да ми порасне за жал. На фризер ми изгледаше нормално супер средена, ама кога ја измив после тоа… Мене ми е природно брановита косата (ако не ја исушам со фен) и имам слабо влакно. Требаше да ја пеглам секој ден на оваа должина за да изгледа убаво. Можеби би пробала пак некогаш, засега немам толкава храброст.