1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Богињи - архетипови на жени

Дискусија во 'Психологија' започната од Lilit, 16 октомври 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Во нашето длабоко несвесно се кријат арехтипови кои ни ги обликуваат ставовите, однесувањето и личноста. Тие некогаш ни помагаат, но и не пограничуваат и ни оневозможуваат да ги развиеме вистинските потенцијали. Без разлика дали се поистоветувате со сопруга, мајка, мудра жена или воин, во вас има простор за сите нив.
    Многу луѓе се убедени дека она кое што им се случува им се случува само на нив и се поразлични од останатите.Тоа размислување не е далеку од вистината. Нашите амбиции, склоности, однесувања се такви заради околностите кои не одредуваат од денот кога сме родени, но постои и нешто што е дел од длабоките слоеви од нашата душа. Тој дел кој спаѓа во длабокото несвесно, често е под влијание на сили кои се во човечката психа препознаени од античка доба и во митовите се пренесуваат од генерација во генерација. И така, сакале или не сакале, можеме да се препознаеме во другите.
    Карл Густав Јунг, осовач на аналитичката психологија, го разликувал несвесното во два слоја, лично и колективно несвесно, а баш од колективното несвесно се темелат митовите и симболите, се развила и архетипската психологија кои по него ја усовршувале многу следбеници - јунгијанци. Една од неговите ученици е и Џен Шинода Болен која со својата работа навлегла и во најдлабоките слоеви на несвесносто и архетипските сили кои влијаат на нашата личност, под влијанија кои се толку различни, а сепак толку слични едни на други. Комбинирајќи ја грчката митологија и архетиповите кои од неа се развиени - внатрешни , длабоко несвесни обрасци на доживувања и однесувања - Болен во својата книга Богови во секој маж и Богиња во секоја жена ги опишала типовите на мажи и жени давајќи им имиња на богови и богињи од старогрчката митологија.
    Архетиповите можат многу да ни помогнат да го развиеме своето однесување и избори, но и да ни дадат идеја како да си помогнеме себе си за нивното активирање. Баш на тој начи можеме да ги ублажиме или оттргнеме негативните обрасци на однесување и да станеме подобри, урамнотежени и среќни луѓе.
    Постојат седум темелни архетипови кои владеат со жените, а кои ги проучила Болен. Афродита- архетип на љубовница, Артемида - архетип на сестра, Атина - архетип на татина ќерка, Деметра - мајка, Хера - сопруга, Хестиа - мудра жена, тетка и Персефона - мамина ќерка.
    Може да се препознаеме во еден или во повеќе архетипови кои владеат со нашиот живот во различни животни циклуси. Ова е само кусата верзија на анализа на архетиповите на жени.

    Афродита - богиња на љубовта и убавината, архетип на љубовница
    Претставува сексуалност, уживање и убавина, присилувајќи ја жената да оствари креативна и прокреативна улога. Врз жената која доминира овој архетип е заводничка, дама, ги привлекува мажите и ужива кога тие се во неа заљубени. Жената може да настојува многу и да бара, а себе си ќе се реализира ако ја развие својата креативност. Често сака за деца, но инспирација за тоа за неа не е мајчинството, туку заљубеноста во мажот со кој сака потомство. Интересно и е да заведува мажи, но често не е среќна во љубовта бидејќи воглавно ги привлекува оние кои за неа или спрема неа не се добри. Ќе имате особено проблематичен однос со мажот Хефес, кого мајка му го отфрлила, па спрема жените најчесто чувствува и привлечност и омраза. Заљублива е и за секој маж мисли дека е оној вистинскиот, но само додека трае нејзината заљубеност. Друг чест образец е да се заљуби во маж кој неа не ја сака.Може да и помогнат развојот на архетиповите на Хера или Деметра во мајчиството или Хестија со цел под контрола да ја стави својата страст која може да биде разорна.

    Артемида - богиња на ловот, архетип на сестра
    Персонификација е за независна жена, насочена кон достигнувања и има натпреварувачки карактер. Жената Артемида живее во движење, потребни и се постојани предизвици, а брак и деца не и се потребни ако нема активни архетипови на Хера или Деметра. Иако и недостига емотивната блискост, лесно ќе ја компензира со близок пријателски и сестрински однос. Често е разочарана во односот на другите, лесно ги повредува другите како и опростување на себе си и другите. Така станува свесна дека и е потребна блискоста како и независноста која ја поседува.

    Атина - божица на мудроста, архетип на татина ќерка
    Претставува рационална, самоуверена жена која владее со разумот, а не со срцето. Може да биде престрога и така да ги исплаши мажите. Во однос на мажите тежнее кон партнерство, рамноправност и почит. Како ќерка која е таткова миленица, наклонета е кон моќни мажи кои и одговараат на архетипот на патријахален татко, шеф и водач. Сака успешни мажи и сама го бира својот партнер, но често ја разочаруваат. Решението се наоѓа во пронаоѓањето на детето во себе и да се откаже од семоќноста и да изгради квалитетен однос со својата мајка. Развиваето на сопствентото мајчинство и активацијата на архетипот на Деметра ја учи да ја разбере сопствената мајка, другите жени, но и себе. Тогаш станува спонтана, опуштена, а воедно им дозволува на другите да ја утешат и прегрнат, откажувајќи се од улогата на воин и мудра сезнајка.

    Деметра - богиња на житото, архетипска мајка
    Претставува жена нагонски ориентирана на сопствените деца. Овој архетип симболизира мајчински инстинкт, особено ако станува збор за жена која има ќерка. Она може да биде широкограда, но и деструктивна мајка која не знае да се одвои од своите деца кога ќе пораснат и сака по секоја цена да ги контролира. Така може да се однесува и во однос на мажите, станувајќи нивна мајка. Бракотне и е приоритет, како на Хера, а за разлика од неа секогаш ќе одлучи да ги поддржи своите деца, отколку својот маж. Пасивната агресија и депресија се најчести проблеми со кои се соочува, особено кога децата ќе пораснат. Решението го наоѓа кога свесно ќе се откаже од контролата, поттикнува независност кај сопствените деца и развива сопствени интереси кои ќе и осигураат цел и надвор од мајчинството.

    Хера - богиња на бракот,архетип на сопруга
    Нејзина првенствена цел е бракот и мажот кој секогаш ќе биде на прво место. Ја привлекуваат грижливи и способни мажи, а на својот сопруг во секоја ситуација ќе му даде предност, дури и пред сопствените деца. Денот на венчавката го смета за најважен ден во животот. Може да биде исклучително љубоморна и посесивна ако е несигурна во себе. Негативна страна на жената Хера ќе ја разбуди отфрлањето од страна на нејзинот маж. Ако мажот ја изневери, својата лутина ќе ја насочи кон љубовницата. Среќата на жената Хера зависи од тоа колку и е мажот посветен, колку му е важен бракот и колку ја цени како сопруга. Дури и кога ќе се разделат, се чувствува и се однесува како легитимна жена на бившиот маж. Немажената Хера ќе се чувствува неисполнета и неуспешна. Насоченоста кон работата и создавањето, како и активирањето на Атина може да ги ублажи негативните последици од овој архетип.

    Хестиа - богиња на оганот, архетип на мудра жена, тетка
    Тоа е осамена жена, но жена која во сопствениот дом пронаоѓа мир и задоволство. Често се тивки и ненаметливи жени, а ако доживеат емотивна повреда, се повлекуваат во себе. Може да се чувствуваат како странец во сопственото семејство, изолирана од браќата, сестрите и родителите. Сексуалноста не и е важна. Привлечна е на традиционалните мажи кои сакаат тивки, ненаметливи жени кои се грижат за домаќинтвото. Ако доживее загуба на емоционалното поле во сопствениот дом, потребно е да го пронајде сопственото јас. Основна задача за неа тогаш е да работи на сопствената самодоверба и да ги активира архетиповите на Атина или Артемида.

    Персефона - господарка на подземјето, архетипска мамина ќерка
    Жена која е склона на покорност, жртва, удоволување на другите и потреба другите да ја сакаат. Нејзин основен проблем е неспремноста да порасне, преголемата блискост со нејзината мајка и пасивноста во однос на ставовите на околината. Во однос на мажите несвесно се прилагодува на она што мажот сака она да биде. Младолика е и прилагодлива, што не значи дека не е силна. Негувањето на трпението, како и способноста да почека ситуацијата да се промени и разјаснат нејзините сопствени чувства се едни од најзините најважни позитивни карактеристики. Развивањето на способноста за слушање, воздржување од предрасуди и осудувања можат да и помогнат да ја развие чувствителноста кон останатите. Развивањето на добрината према себе ќе и помогне да ги развие најпозитивните аспекти на овој архетип.

    За подетално проучување на архетиповите прочитајте ја книгата на Болен.
    Каде се пронаоѓате вие и што ви е неопходно да промените кај себе си и својот архетип?
     
    На eliesaab, MarchelineAmaru и Padre им се допаѓа ова.
  2. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    37
    На eliesaab и Azriel1 им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.762
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема, штета што не е активна. Сметам дека само еден тип од овие е (посилно) изразен во секоја од нас.

    За оние кои го читаат Фројд, дали ја имате Фројдовска читанка од Котеска? И ако може коментари околу книгата, малку сум скептична дали е добра.