Не купувам боенки. Неколку луѓе ми имаат кажано дека се тешка превара. Пари давам само на стари изнемоштени луѓе,што стварно се гледа дека не го прават тоа од збес.
Кога им даваш храна ја фрлаат,сакат пари да им дадеш. Повеќе не давам пари на просјаци особено на тие малите деца ќе им дадеш па одозгора и ке те пцујат.
Еднаш сами ми кажаа во која установа ги донираат парите. Е уште да знаеја дека познавам личност од таа установа, која ми кажа дека првпат слуша за ова и дека не им стигаат никакви донации од боенките. Не ми е јасно како уште никој не одговара за ова што го прават.
Јас купив, донирав. Имав болен во фамилија од рак и ми беше некако како поттик бидејќи знам низ се што поминуваат овие луѓе. Нека му служи на чест ако е лага.
Хиени и мршојадци не ни требаат. Голем зијан е што ја газат земјава. Луѓе што нашле начин да профитираат врз туѓата несреќа не заслужуваат да бидат наречени или третирани како луѓе.
Зошто со таа личност не одите да ги пријавите некаде? Јас следно кога ќе ми понудат боенка ќе прашам за каде се парите и кога ќе ми каже иснтитуција ќе и речам еј каква коинциденција јас таму работам. Да видам како ќе реагира.
Пријави кај нејзините надлежни. Па сега гледам пренасочиле средства за други цели. Порано не беше за заболени од рак.
Ми се вртат неколку вакви боенки со зеленчуци и животни, книжулиња, па и ЦД по дома. Си викаш ај, што е една стотка ако помогне некому. Ама не... Мислам дека и овде по форумов имаше (или бар некаде онлајн), ама не знам на која тема баш, дека овие се жива превара. Ја имаше фирмата, ДОО Медија Планет, на тапет ради ова. Сега, земете ги со доза резерва бројкиве, секако, ама се беше кренала фама дека од тие сто денари, 50 одат кај нив за печатање, околу 20-25 да ги исплатат овие што продаваат и останатите во добротворни цели за кои никаде нема извештај. Мислам дека промотериве и не одговараат многу кога ги прашувате било што, прво затоа што и самите не се информирани, а второ затоа што и така им е кажано, а знам од примери и дека неретко ги исплаќаат многу помалку од што им рекле, демек не постигнале процент или нешто. Така да, жалам што ете, луѓе се залажуваат (вклучувајќи ги и овие што продаваат), ама подобро ќе си префрлам на нечија трансакциска отколку на овие. Едит: Добро памтам, еве нешто околу нив.
На два пати имам купено вакво нешто, еднаш во ГТЦ и на работа ми дојдоа еднаш и тоа е. Некогаш непријатно ти е да не купиш. Во кафана со друштво си и ти досаѓаат, иста тактика како циганите. Со девојка си или во друштво и ќе ти се појави некој/а да ти бара пари, е сега што ли ќе помисли девојката/ другарите ако не дадеш, нема време ни да размислиш и ајде ќе изиграваш хуманитарец. Иако за давање пари не мора никој да знае колку помагаш или не, не ете, тие што помагаат највеќе го прават таму каде треба и без никој да знае.
Јасно, мене уште одамна ми беше сомнителнен овој начин на собирање на донации. Од самиот пристап на оние кои продаваат, до содржината на списанијата/боенките кои ги продаваат, дрскоста ако во моментот немаш да им дадеш пари... хмммм. Е сега дали сето тоа е легално и во ред, тоа најдобро си знаат службите одговорни за тоа, како и самото Здружение кои ги поддржува во целата акција. Очигледно дека ги толерираат, со оглед на тоа што веќе со години им функционира системот. Како и да е, јас лично, а верувам и други на кои не им се допаѓа овој начин на искажување хуманост, сметам дека најдобро е да се помогне на личносно ниво или пак директно на некоја организација која е проверена и чии активности се транспарентни и конкретни.
Jas kupiv pred edna ned boenka I na nea pise oti e pecatena od media planet I mi kazaa oti parite odat za decata so retki bolesti ja kupiv ovde vo strumica
Купив еднаш бидејќи осетлива тема е ракот за мене. Еднаш и на кафе седнати со колеги купивме 3 боенки. Но тоа беше последно. Секој ден низ Штип истите ми додеваа за боенки. И само им кажував дека веќе имам донирано. И јас дознав дека е превара и веќе не купувам. А и самото тоа што се нападни и убедуваат се гледа дека не е хуманост во прашање туку профит.
Баш неодамна бев седната со снаа ми во Зафир и дојде еден дечко, ни понуди боенки, не се ни претстави од која организација е ни каде ќе бидат донирани парите, само дека се за деца болни од рак. И снаа ми искоментира дека и е сомнително, плус 100 денари за боенка што ќе ја најдеш за 20 денари. Ама купи зошто те погодува така кога ќе ти кажат за што се наменети парите, плус внука ми обожава боенки и си рековме ај. Дур бираше која боенка сака да ја земе, се гледаше дека дечково е нетрпелив, само цупкаше во место за побрзо да ги земе парите и да си отиде. Не знам што да речам, и јас чисто се сомневам дека париве воопшто завршуваат во хуманитарни цели, или пак донираат ретко некоја смешна сума.
Забележав денес и вчера една жена што продава во ГТЦ боенки, баш си помислив дали е некаква измама или не. Во најмала рака наплаќа без фискална, што многу ме иритира. Се прашувам каде може да пријави човек да направат инспекција. Во УЈП веројатно може заради тоа што не издава фисклани сметки... ама друго место не знам. Edit: малку прочепкав по закониве. За донација потребно е да ти издадат потврда за донацијата. Како изгледа таа потврда уредено истотака со правилник. еве линкови од УЈП и службен весник: http://www.ujp.gov.mk/files/attachm...manje_na_donacii_i_sponzorstvo_12.01.2020.pdf https://www.slvesnik.com.mk/Issues/37bc5655edfc414da3183656095f8db7.pdf
Пред некое време имаше на телевизија некој прилог за оваа организација. Заклучокот беше дека парите одат за плати на вработените и канцелариски трошоци, а не директно на семејствата на децата болни од рак. Еднаш сум купила, уште пред да го видам прилогот на ТВ и ми пречи тоа што и квалитетот е многу лош. Уличното списание Лице в лице е друго. Таму половина оди за продавачот, а остатокот е за печатење на списанието, обуки на продавачите, доста работат на нивна интеграција. И самото списание е доста добро. Значи зависи од случај до случај, ама треба да внимаваме што поддржуваме. И тие треба да се транспарентни, ако е за организацијата, нека кажат дека е за организацијата.
Двапати ми имаат дојдено, имам купено. Не, не и не. Еве ги чекам наредно да дојдат. Па и сајт имаат, не за друго. Колку грешки има внатре, ама правен е колку да стои. Сега се промовираат со една книга, напишана од пензионерка. http://medijaplanet.com/
Мене што ми се има случено. На ден на полагање, собрани колеги, дел надвор од амфи, дел внатре чекаме да почне полагањето и доаѓа една жена облечена во бел мантил како да е вработена на клиника и продава боенки 150 денари, паричните средства наменети за дечиња болни од рак. Не понуди, најкултурно кажаме дека немаме пари, студент колку пари може да носиш, за пат и за храна да си купиш и да имаш некој денар да не ти затреба. Кога одбивме да дадеме пари почна агресивно да се однесува, како не ни било срам да не сме донирале пари, дури ни се закануваше дека ќе кажела на професорите. Призорот беше страшен.Од тогаш се прашувам каде навистина одат тие пари и дали навистина се за таа намената или пак се измамници.
Стар пост, ама наидов на негов, па да прочепкам. Се сетив, на времето, сопругот на ќерка ми и имаше купено енциклопедија за диносауруси. Толку многу јазични, правописни и граматички грешки не сум видела на едно место, а спорни ми се и фактите што ги има таму, ама за тоа еве да не тврдам. Освен тоа, ситни, непрегледни букви, корица како од списание, сосем непогодно за едно дете, кое патем треба и литературно да чита, пишува и говори.