1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Божја казна

Дискусија во 'Религија' започната од Unfaithful18, 19 јули 2010.

  1. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Како Господ никој не е !
    Тој што верува во Господ знае дека постои Божја казна.Тој што прави лошо таа Божја казна когај тогај ќе го стигне.Е сеа вака...Од мајка ми па колешка и кажала на мајка ми дека некоја не знам од каде имала клиничка смрт и потоа оживеала.Меѓутоа за тоа време додека била "мртва" имало врати не знам точно колку и за секоја врата имало по еден грев што луѓето го прават.Доколку се пројдат тие врати,пр:влагаш во една ја проаѓаш,влагаш во друга и таа ја проаѓаш и се така до последната врата па после идеш во рајот.Но доколку останеш во некоја врата не одиш во рајот или пак да се покаеш па после...не знам точно како беше.Вратите биле за тие што краделе,за тие што абортирале и мајките ќе ги јадат децата живи,има и други ама само ова запамтив.Иначе оваа жена напишала и книга за ова само не знам како се вика.
     
  2. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Хмм.. па јас тоа повеќе би го нарекла, кој што си посеал, тоа ќе си жнее. Се на крајот, сите ќе си платиме. Е сега баш и не би го нарекла тоа Божја казна, затоа што не верувам дека Бог не казнува, мислам дека ние тоа сами си го правиме, затоа што и кога ќе одлучиш да направиш нешто лошо, тоа самосвесно го правиш.

    Би додала и дека кога ќе направиш нешто добро, добро се враќа. Во ова сум најубедена во животот и никој неможе да ми го смени мислењето, па незнам и каков пример да ми даде, затоа што тоа што си го имам осетено на своја кожа, тоа ми е најверодостојно.

    Инаку S.N.E.G.U.L.K.A ќе можеш ли да прашаш некој што знае како се вика книгата и да ми пишеш во ЛП ? :)
     
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не би го протолкувала тоа како Божја казна, туку едноставно сами се казнуваме себе си.

    Бог е премногу добар за да не казнува дотолку што и големи гревови простува само со покајание.

    Но, не може да одговара за нашите грешни постапки. Кажано е, што е добро а што не, што треба да се прави а што не.
    Потоа, со нашите постапки сами си се казнуваме, ако правиме лошо, кога тогаш лошо ќе не снајде сакале или не. Така функционира тоа, не затоа што Бог е лош и сака да не казни, туку едноставно како што кажав ние сами си се казнуваме.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.151
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    Верувам. Јас кога ќе направам нешто лошо, веднаш се случува нешто што ми е казна за направеното. Се трудам да избегнувам лоши дела, но некогаш немам избор.
     
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Божја казна, карма, тркало на животот, како сакате речете го , верувам во тоа. Како ќе си посееш така ќе си жнееш, како ќе си постелиш така ќе си легнеш. Нејасни ни се случувањата во животот, но секогаш се заслужени.
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не постои тнр. божја казна. Кое задоволство или корист би имало едно такво совршено битие како Бог во казнувањето на луѓето?

    Но постои причина и последица (или како што велел Исус, што сееш - тоа ќе жнееш).
    Не е Бог тој кој што ги создал нашите причини, оттаму, не може и нема зошто Тој да нè казнува.

    Во духовната литература, Христовите објави за денешницата - Бог се споредува со сонцето.
    Сонцето едноставно си грее, не мешајќи се во тоа дали и каде се наоѓаме ние. Ако одбереме да бидеме таму каде што грее сонцето, ако го пратиме движењето на Сонцето нас ќе ни биде топло и светло. Ако одбереме да стагнирме во место, ќе искусиме ноќ - темнина и студ. Не е сонцето тоа што ја предизвикало темнината, туку неговото отсуство. Така и во нашите животи - маките не ни ги праќа Бог туку нашето духовно стагнирање, следењето на нашите темни патеки наместо патеката на Светлината.
     
    Последна измена: 30 јули 2015
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Има народски кажано една поговорка Господ не е мачка да те гребне,е па мили мои со тоа се кажува дека секој ќе си го добие заслуженото за секое сторено дело,ако си направил добро дело имаш награда а за лошо знаеме што следи нели?сепак имаме избор,од нас зависи.
    Не за џабе рекле,правдата може да задоцни ама никогаш нема да остави ништо непоправено или неказнето,нашиот Господ е Совршен,секој со покајание може да се врати од залутаниот пат во неговото стадо,ама не секој го избира тој пат,се повеќе има злоба во луѓето,на некој задоволство му е само да уништува да убива и сл,е за таквите мора да има казна,било Божја,било некое тркало на животот,кој како сваќа ;)
     
    На 2212, Orthophill, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.151
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    Она што на некој му се чини како казна, всушност е лекција и повик кон вистинскиот пат. :sun:
     
    На LegallyBlonde13, Таа Сум, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    ^ Ова е најголемата причина која сѐ повеќе ме оддалечува од религијата, покрај сите оние неоправдани ограничувања кои се или пак одредени верници си ги прават дел од религиозните сфаќања.
    Отсекогаш ми биле необјасниви тие оправдувања, па уште и глорифицирање на страдањето. @Црна Ружа ми ги погоди до срж чувствата на оваа тема со постот во СДК од пред некој ден.

    Тие животни удари кои се преиспитуваат како Божји казни, им се случуваат и на многу луѓе кои не го заслужуваат тоа.
    И не, од најтешките трагедии во животот не се учи ништо, туку се срушува дел од светот за личноста.
    Да не почнуваме и за сите неправди во светот... @Bitter-Sweet, дали и за гладните и/или болни деца таа судбина е лекција и повик кон вистинскиот пат?!

    Од зборовите како лекција, искушение и сл. веќе се ежам од револт, најискрено.

    Патем, да, дупла е темата :)
     
    На x.Daisy.x, Lella, Читател и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.151
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    Да.

    Дали ти некогаш си се заинтересирала за религијата, да научиш нешто повеќе, да сфатиш зошто се случуваат некои нешта кои ти изгледаат неправедни, како на пример болните деца? Јас таа реченица што ја напишав погоре не ја напишав од памет, затоа што така сум прочитала некаде. Таа реченица е само одраз на она што сум го научила, она низ што сум поминала. Некогаш и јас мислев така како што ти мислиш сега. Животот, сепак, ме научи на многу важни лекции. На крајот, моето искуство во однос на оваа тема се сведува на таа реченица погоре.
    Иако ти и некои други членови сметате дека јас живеам во некој друг век, дека имам закоравени ставови, дека намерно одам контра, па превртувате очи кога ме читате, се што јас во животот сум искусила е совршено поврзано и има одлична смисла. Кога пишувам на некои теми, точно знам што пишувам и зошто.
     
    На LegallyBlonde13, Таа Сум, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    You, you :devil:

    [​IMG]

    Ајде објасни го чичково низ призмата на причинско-последичните односи од постапките на овој свет.
    Или не мора тоа, ајде објасни како тоа дете кое во моментов умира од маларија во Бангладеш тоа го заслужило, кои се тие страшни злочини кои 4 годишниот Малик или Амра ги направиле, што кажуваат светиите за тој феномен?
     
    На x.Daisy.x, YoungandBeautiful, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Македонија.
     
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Море добри 3 од 4 луѓе во светот веруваат во овие ствари :worried:
     
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ти нели се чувствуваш казнето што живееш на Балканот? Госпот ти го сторил тоа.
     
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    34.240
    @Bitter-Sweet

    А затоа свештените лица силуваат деца? За да ги казнат од прва ,, рака ,, затоа што сите се раѓаме грешни?!
    Шо згрешиле тие деца?
    Срамота! Мизерии!

    Али тебе не ти се десило тоа, па ќе збориш тука да не речам глупости.

    Море, да ви кажам се што мислам за вас, нема да ме банираат на форумов, туку од целиов нет.
     
    На x.Daisy.x, YoungandBeautiful, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Глупости !
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.151
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа јас не пишав никаде дека некое дете заслужило да умре или да гладува. Несреќите во животот требат да не направат better, а не bitter. За ова многу може да се пишува... и јас некогаш гладував, и јас некогаш бев во болничка постела. Најпрво се прашував зошто Бог ме казнува, со што сум го заслужила тоа. Долго време ми требаше за да сфатам дека тоа не беше казна туку само лекција. И си ја извлеков поуката.

    Инаку, не се сите несреќи поради Бог. Да не заборавиме дека постои и злото... поради тоа има војни, убивања, силувања и остали ствари...
     
    На Таа Сум, ♡BuBaLe♡, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    А како ќе знајме кое е поради злото, а кое поради Божја казна? @Bitter-Sweet
    А зошто Бог не се залага за среќата на сите? Што е злото, дали Бог е злото и ако не е зошто некогаш неможиме да знајме дали злото доаѓа од него или е посебно?
     
    На Lella, Someonespecial, Црна Ружа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Молчењето значи одобрување. Господ е соучесник во сето зло кое го премолчува.
     
    На Justicija, Црна Ружа и Gosh им се допаѓа ова.