aj Ана Марија пиши уште еднаш може? 4ти пат аман! Јас колку што знам на 12 години знаеш да читаш. Па може да прочиташ што ти пишаа
Леле девојче, што си се испопаничила? Ако те болат градите - загрижена си зошто те болат, ако не те болат - загрижена си дека нема да ти растат... Ти само што си влегла во пубертет, тек сега ќе почнат промените на твоето тело, полека малку. А ако не те болат градите не значи дека нема веќе да ти растат - таман работа.
Ќе ти растат девојче, не се секирај. Тоа не зависи од болката во градите, некогаш ќе те болат, некогаш не. Се' е до хормоните, а кај тебе, бидејќи си во пубертет, сега телото ти се прилагодува на нивното дејство и соодветно реагира. Немој да се заморуваш со овие работи, само уживај си во овој период! И ќе те замолам да пишуваш на кирилица, тоа е едно од правилата на форумот.
Aна Марија девојките веќе ти одговориле Доста паничиш девојче.Мене во 3то одд. почнаа да ме болат а сега не ме болат веќе. Уживај си
И мене ме болат градите многу.Не е важно дали сум пред или после менструација,кога ќе се допрам дури ме пржи местото каде што сум се допрела а што велиш кога ќе го извадам елечето како да се по 100 кг секоја.Се снимав и на ЕХО пред некое време нема ништо ми рекоа тоа е од хормоните а имам 33 год.Некогаш престанува и немам болки извесно време ама некогаш трае подолго и незнам како да се справам со болката.Мислам дека хормоните играат улога во различни периоди од животот и затоа се појавуваат такви болки се разбира ако се само болките без присуство на грутчиња и слично.
јас имам 22 год и пред 2 месеци имав мали болки во градите се ме тераше на чешање што мислите можно ли е бидејки имав спонтан абортус и тоа да влијае нешто
Синоќа не можев да заспојам од голема болка на дојката , поточно во делот на брадавицата некако како да ме пецкаше, што може да ми е до сега не ми се случило такво нешто
Се сеќавам дека тоа и се случуваше на мајка ми, а таа конкретен одговор не доби, само докторот и беше рекол дека е можно некоја промена да и се случува во телото, да става облоги од листови свежа зелка. Тоа многу и помогна
Благодарам ciribiribela , но тоа беше само синоќа сабајлево кога станав не осеќав никаква болка си направив и самопреглед на дојките и нема ништо.ако ми се повтори болката ќе ставам лист од свежа зелка
imam 22god im vo posledno vreme nekako me boli desnata grada poveke no i levata no na dopir i mal pritisok i dvete.porano nosev gradnik redovno no sega odluciv da ne go nosam poveke makar za doma.mislite li deka od toa ke da e deka osetile promena i tie.dr da e ne znam iako mi se malecki ne veruvam da mi rastat odsega pa da me bolat
имам еден проблем ме болеа градите прво под мишките и ми дојде 6 дена порано си помислив да не ме болеа заради тоа потоа направив и 2 теста за да видам случањо да не сум бремена беа негативни откако ми заврше почна да ме болат брадавиците кога ке ги допрам поцврсто се плашам мн и заради тоа што ми дојде 6 дена порано а и заради градите што мислите што би можело да биди
Болка во градите? Вака..имам скоро 16 години, овој месец цел ме болеа ужасно градите, дури и ако се допрев несвесно ќе ме здоболеше..Овие дена треба да ми дојди, градите сеуште ме болат и ми се тврди како камчиња? Не знам зошто имав толкава болка цел месец, ми растат или нешто друго е? До кога растат градите?
Болка во градите? Па можно е да те болат затоа што ти растат. Мене додека ми растеа ме болеа скоро цело време, и тоа болката беше доста силна... но не е нешто неиздржливо. Мислам дека и кај тебе е до тоа, сепак си во тие години кога се развиваш убрзано. А не е ништо чудно и откако ќе добиеш овој месец болката да ти престане, се е до хормоните. И мене ми се сличувало така, да ме болат цел месец... А за тоа до кога растат градите-индивидуално е кај секоја девојка. Но мислам дека просечно до 18тата година.
И мене ми велат дека е заради тоа што ми растат..иначе ок то нормално ми е пред да добијам да ме болат 2-3 дена ама ова беше цел месец. Иначе фала
devojki imam 22 godini i deneska primetiv koga ke se fatam za levata dojka od strana me boli vaka koga sedam ne.spijam so gradnik si mislam dali od toa moze da me boli?strav mi e
bolka vo gradite! vekje podolgo vreme t.e.otkako se porodiv cuvstvuvam bolka vo leviot del na gradite!nekolku pati sum bila na lekar sum napravila ekg i se e vo red no bolkata ne prestanuva!ne e nekoja silna bolka,necustvuvam nisto pri disenje samo pri mrdanje na teloto odnosno na levata raka!se plasam deka imam pri poroduvanjeto povredeno nekoj srcev muskul!dajte mi sovet sto da pravam?
феминки сакам да прасам дали некој знае да ми помогне некако престанав со доење прет 6 месеци а сеусте имам млеко во градите ке ве ѕамолам ако некој имал вакво искуство да ме посоветува какви антибиотици треба да се користат сепак мислам дека е долг временски пеиод а млекото сеусте да го има
Има апчиња за престанување на млекото, на гинеколог може да ти ги препишат, се пијат по шема некоја, ќе ти објасни лекарот.