Zdravo devojki, vejke eden mesec imam problem so gradite,bev na ginekolog me pregledaja no onaka samo so pipkanje mi rece nemas nisto ne se plasi. E sega bolkata mi se naojga na stranicniot del na gradite, kako pod miskite. Bidejki ne sum vo Mk i nemozam da se pregledam, mi zakazaa termin tek na 17 Januari za snimanje. Sto mislite sto moze da bide toa, grutka nemam koga se pipkam ednostavno samo bolka pri dopir. Ako nekoj znae sto da se napijam ili da napravm nesto ve molam pisete. Pozz
Ужасно ме болат градите веќе три дена ми се тврди многу исто како са добивање но сеуште е рано за менс, на 26ти треба да добијам. Незнам дали е хормонски нешто.Некад ми се менја датумот ќе ми дојде многу подоцна или порано. Обично секад ми доаѓа во различен датум приближно до датумот кој треба да добијам (но сепак е рано до 26ти), или пак ми доцни неколку дена, или пак симптом на бременост бидејќи имам незаштитени односи но не ми се верува да е тоа бидејќи внимаваме. Но како и да е мислам дека при незаштитен одност секад постои ризик. Последниве три денови многу осеќам замор на работа а не ми е тешка работата. Се осеќам како недоволно наспана, чуден апетит имам ме фаќа стрвост за солено (сирење), де благо се мешам исто како пред добивање и имам киселини ради тоа, деновиве наутро смрт ми е прва смена и ми се лоши. Незнам што ми се дешава, дали да направам тест но незнам кога да го направам. Имавме односи на 2ри Април и последно на 9ти. Кога е најпогодно за тест?
ако е рано за менструација немој да правиш а ако касне повеќе од една недела прави тест, тестот се праве насабајле зимаш малку урина имаш таму едно како тубе можиш и пластична чаша па со тоа да си земеш и капнуваш неколку капки и почекуваш неколку мин и покажува најдобар е шур шек
Ајде ќе почекам јас сакав за една недела (таман две недели ќе има поминато од последниот однос) да правам побрзо бидејќи ме убија од болки градите но нема везе ајде ќе почекам ја менструацијата таман ќе видам како ќе ми биде дали ќе имам и други симптоми. Иначе шур чек сигурно или има подобри? Бидејќи сум читала тука многу негативни коментари за шур чек дека не бил добар. Фала ти на помошта
според мене така е најдобро но штом те болат сигурно ќе дојде ако не свршил во тебе, а и според мене е најдобар па сега незнам некогаш знае да биде лажно негаривен и лажно позитивен, најдобри резултати ќе ти даде гинекологот.
Мене симтоми како што ги опиша знаат да ми се јават недела и пол пред добивање,а некогаш 2,3 дена, не е секогаш исто барем кај мене, еднаш 2 недели ме мачеше дур да пробие и плус наместо на 28-30ден ми дојде на 32
Девојќи мене ми подрани 5дена, добив порано, поточно на 21ви пред два дена. Ради тоа ме болеле градите а на мене ретко да ми дојде порано се ми доцни и се чудев што ми е Нема потреба да правам тест имам веќе добиено трети ден. Фала ви за советите
Imam since 11god, i mi se pozali od sinoka na bolka vo predelot na dojkata kaj ciceto, odnosno okolu pupkata. I mn.sum.panicar po priroda...a detevo mi vika mamo desnoto cice me boli na dopir. Slabicok e sin mi ne e puno dete...i se sekiram mn.a utre vecer zaminuvame na odmor za Italija.Se mislam dali da mu napravam edna krvna slika. Mile panika sum i paranoja teska. Moze e i od pubertet sega raste mn.neznam
Пред месец дена детето додека лежевме ми стапна силно на градата под ареолата, ме здоболе премногу, и од тогаш на допир имам болка и како оток (грутка) внатре. Бев на ехо на дојки ми најдоа фиброаденом од 13мм и баш на него стапнала, па болката е од тоа. Треба да се прати на 6 месеци. Ми кажаа дека пред добивање може да ме боли и повеќе. Јас сум 10на дена до добивање. Е сега прашањето ми е, што би можело да пијам,мачкам, облоги некакви, некој народен лек за болката, или фиброаденомот?
Да прашам и тука Девојки, некаде околу 3-4 дена имам како остра болка на левата страна од тораксот. Не е на едно место, туку на 2-3 места. Не е околу срцето, а не е ни баш на градата, околу неа. Болката како да пецка, не е константна туку се јавува одвреме на време, особено кога мирувам или лежам. Некако ја чувствувам како да е подлабока, на пример од мускул или ребро но не сум сигурна. Многу ми е страв дане е нешто на градата. Дали некој искусил нешто слично или знае што може да биде? И каде би се упатила?
Систина, Ремедика, Центар за дојка, Жан Митрев... Во секоја приватна, побарај на нет, цените се различни. Систина во јули беше 4000 ден. Ама, ако ти е итно, барај друга клиника. Јас денес закажав, 24 јануари прв слободен термин кај Маја Чапова.
Ви се случило ли кога носите градник, градите како понапнати, како да ве болат. Последно време се приметувам дека кога го носам како да ме подзаболуват,како притисок да имам во мускулите, штом го тргнам ништо не ми е. Дали од што се стегнати, слаба циркулација
Во воена болница ( сега градска) после 14 часот кај доктор Златко Стојковски има приватна пракса и се плаќа мислам негде 1400. Можеби има и кај други доктори за гради ама јас бев кај д-р Златко бидејќи ми го препорачаа. Се закажува на шалтер.