Итно ми треба некој совет за болка во увото како да имам оток на целотоо уво кога ќе го допрам многу ме боли како воспалено да ми е а сега е многу доцна не верувам дека има ушно дежурен како да ја смирам болката до утре
Со пегла затопли некоја крпа или шамивче и стави го на увото, одма ќе ти помине болката. Утре обавезно оди на лекар!
Магичен чорап со сол, спас за болки и воспаленија во ушите Болките во ушите и инфекциите се лоши искуства, посебно за децата. Не само што често се случува да имате покачена телесна температура, туку и се соочувате со константна болка. Во текот на есенските и зимските денови од годината, ваквите незгоди се сѐ почести, па сигурно спасот ќе го пронајдете во оваа магичен чорап со сол. Предноста на ова алтернативно медицинско средство е што истото е научно докажано. Солта ја задржува топлината заради минералите кои се присутни во неа, така што во комбинација со покачената температура, болката ќе се намали додека организмот не се одбрани од инфекцијата. Магичниот чорап со сол се прави на следниов начин: 1-1,5 супени лажици од крупна морска сол. Мора да биде крупна, во спротивно ќе се исцеди од чорапот. Во чисто тавче загрејте ја солта на ниска температура околу 4-5 минути, а на секоја минута превртувајте ја за да се рамномерно загрее. Грејте ја додека не биде топла, но внимавајте да не биде премногу жешка. Потоа ставете ја во чорапа и држете ја на увото. За да им биде интересно на малите дечиња солта се става во чорап и обично им се кажува дека истата е магична. Преземено
Во овие случаи зависи од што настанала болката, дали од повреда на увото или е некое воспаление ( кое патем оди и кај настинки и кога има и воспаление на грлото) Кога е воспалено помагаат капки, пр Цитерал, Отол-Х, а ако е затнато поради нечистотија и ушен восок, се чисти со восочни тутурутки да ги наречам, ги има во аптеките или на ушно. Но! ако има било каква повреда (или туѓо тело) никакви капки нема да помогнат, туку само ќе ја влошат ситуацијата. Тогаш се оди кај матичен лекар да ве прати на ушно одделение.
Сега скоро и моето синче имаше болки во увото, а од искуство мислам дека нешто понервозно од тоа нема! Бидејќи беше три по полноќ барав на нет домашен лек за болки во уво и во неколку статии прочитав дека течноста што ја лачи цвеќето „чувар на куќата“ помага при вакви болки. Пробав, скинав лист, убаво го измив, му капнав 2-3 капки и за 15 минути малото си заспа и мирно спиеше. Идниот ден бевме на лекар, примавме терапија и сега сме добри.
Левото уво ме боли инаку мислам оти ми е повржано со крајниците,а и носот ми тече од прееска..Многу ме боли а не знам што да правам.Помош
Јас имам страшни болки во десното уво,Бев на лекар ми даде антибиотик и капки, но секоја вечер после 00.30 часот и секогаш во исто време.Морам да пијам аналгин за да се смирам.Незнам дали сите болки на уво се исти ама јас имам страшни неиздржливи болки,мислам дека челото ми пука. Некој совет ве молам
@Maci12345 и ти и сите што имате болки во увото купете си од аптека капки за уво многу помагаат јас 2 капки ставам кога ме боли и одма почне да делува, а мене многу често ми се случува да имам болки во увото, неподносливо е
Дечки сакам да ве прашам нешто пред некој ден еден другар ме удри силно по увото слушам добро но не како порано кога ќе го затворев носот и кога ќе дував низ увото како да ми дуваше или мене така ми се причинува до денеска ништо не ми беше и кога станав сабајлево почна многу да ме боли и гледам имав малце крв во ушето.Што може да ми биде?