Болки во пределот на јајниците? Значи навачер имам страшни болки во пределот на јајниците,веќе може да се каже 2 недели. Бев настината и мислев од тоа е и кога имав односи со мојот дечко ме болеше, па некое време се намали болката и потоа повторно се појави,после неколку дена. Ќе може ли некој совет или дали некоја е имала ист ваков проблем.Благодарам однапред
Здраво на сите. Веке неколку дена осекам болка на левиот јајник,потоцно пред два дена не ме болеше волку ама овој трет ден лежам во кревет на стомак и учам и осекам како да ми се превртува јајникот и како вибрација коа ке се помрднам нагло ме сеце левиот јајник и не можам да се смирам треба време 5 мин за да се поместам исто и кога одам ме боли. Што е ова знае ли некој??? а сега кога седам вака како да сум во тој дел здрвена ве молам за помош Спојлер Болиииииииии
Денеска кога станав имав страшна болка во јајниците си помислив дека ке ми доаѓа па не кренав паника но потоа почна една неопослива болка во долниот дел од стомакот ... нагло ми отече стомакот и ме болеше многу и сеуште ме боли а пред една ден бев болна ... дали е можно да сум преладена или нешто дуго ??
Јас понекогаш кога имам оштра болка во јајниците, си ставам шише со топла вода на стомаскот, и ми поминува за брзо, пробајте
Девојки, од утрово чувствувам болки во јајниците и болки во половината. Првпат ми се случува ова. Рано е за менструација. Настинка е или... ?
Дечки вчера утрото ме болеше цел стомак и не знаев што ми е но затоа што не можев да се движам од болки си легнав,се покрив,лежев на топло и ми помина цела болка. После некое време од како станав од кревет не сте свесни кои болки ги имав во долниот дел на стомакот. Тогаш сфатив дека не е стомак или желудник (знаеше желудникот да ми прави проблеми пред некој ден). Сфатив дека се јајниците. На секој чекор што го направив,секое станување,исправување придвижување на колкови и било каков напор на долниот дел имав страшни болки,како некој да ми ги притиска јајниците. Болката не се смири никако се до утрово. Кога станав сега пред малку не ме болеше ништо, но еве сега пак чувствувам страшна болка при такви потези. Ве молам кажете што ми е и како да си помогнам Спојлер Кратко време трае ова, знам, но немаше да пишам да не беа огромни болки.
ас имам болки во прееделот кај јајниците веќе подолг период. не е онаа болка кога имам менструација или кога сум преладена. Почна уште од петто оделение, значи година и пол пред да добијам. докторката тогаш ми рече дека треба да добијам, но рече и дека имам циста. Ништо друго не ми кажа. Не ми ни објасни што значи тоа. Болките траат две недели, значи многу се чести, а докторката ништо не ми кажува колку и да ја прашувам... Што е тоа циста? Ни тоа не ми кажа. Ќе ми објасни некој?
Циста на јајник претставува шуплина исполнета со течност, а обложена со слузница која лачи течност која ја исполнува. Може да се појави на едниот или на двата јајници, може да има една или повеќе цисти. Нив ги има повеќе видови и подобро можат да се видат со вагинално ехо. Најчест симптом е болка во долниот дел на абдоменот. Интензитетот може да биде благ и привремен, до чест и силен. Болка може да се јави и при сексуални односи. Меѓутоа цистата може да не даде никакви симптоми и да се открие на рутински гинеколошки преглед. Во денешно време се е поголем бројот на девојки со цисти, така да нема што да се плашеш. Треба редовно да си одеш на рутински гинеколошки прегледи за да се надгледува состојбата на цистата и дали има промени, т.е дали е зголемена. Обично некоја специфична терапија нема, освен хируршки зафат, во поново време лапараскопски се отстранува, но него го предложуваат кога цистата е со големи димензии. Некои доктори препорачуваат таблети за контрацепција и сметат дека тие можат да помогнат во пукнувањето на цистата. Јас од свое искуство ти кажувам дека до сега ништо не ми е помогнало, но за среќа немав болка или некои тегови, па последен пат гинеколог ми беше рекла дека ја нема веќе, т.е пукнала сама од себе.
хах... јас пиев некои таблети, поима немам какви, но ништо. Секој месец, болката е сѐ поголема. Едно девојче од 16 год. ѝ рекле дека ќе треба хируршки зафат т.е. операција. Леле... ако ми речат и мене..уууууф... бил некој, остануваат ли траги на стомакот и слично? не сакам да си поставувам вака дијагноза дека е зголемено или слично, но докторкава. не сака да ми каже, демек да не се плашам...
Девојки пред две недели бев на гинеколог, резултатите беа ОК само имав некоја инфекција, гинекологот ми рече дека не е ништо страшно и ми рече да примам терапија со бетадине вагиналетки, за време на терапијата ми се појави жолт сикрет, односно и кога ми се појавија болките во јајниците, месечниот циклус ми доцни веќе 10-тина дена, и градите ми се потечени... Пред да идам на гинеколог имав само печење, сега за време на терапијата ми се појавија болките во јајниците и жолтиот сикрет. Сакам да ве прашам: дали може од инфекцијата да ме болат јајниците и да ми касни цуклусот? Фала ви однапред
Нова сум на форумов и се надевам дека ќе можете да ми помогнете некако бар.. Добиеното ми заврши пред 2 недели и сигурна сум дека не е тоа што ме мачи. Ме доболува стомакот доле кај јајниците и грбот доле... константна болка неколку дена... Ко кога те тера за во веце кога имаш пролиф, али не е ни тоа... Читав нешто на трудниците им се случувало тоа али невина сум. Ве молам ако знае некој нешто да ми помогне?!
Веке неколку дена имам болка во левиот јајник кога лезам ногу не ја осекам ама кога сум на ладно или коа одам ме боли пијам чаеви по некое апче малце ја сталожив болката но пак почна Имав исто ваква болка минатата година но ми помина у рок од една недела се работи ли за Прохлада дали може некој да ми одговори и како да ја смирам .... повеке одам по мокрење друга потреба ногу сум немала според тоа мислам дека се работи за Прохлада но сепак сакам да прашам и да добијам некој совет
ако ве болат јајниците или ако ве боли стомакот (кога ќе имате менструација) питее-цимет во стапчиња едно јаболко на пола и цел лимон исечен на кругови и ставете во еден бокал со вода и ставете го да се лади и утредента тоа треба цело да се испие (тој рецепт е добар и за болки и за симнување на килажа)
Zdravo zenski imam edno prasanje . Denes rabotev nesto vo bavcata i naednas me stegna desniot jajnik i seuste imam jaki bolki nemozam da se dvizam duri. Sto moze da e toa?
Имам болка веќе трети ден на левата страна доле кај јајникот и мислам дека ми е помината овулацијата пред неколку дена е сега не знам зошто ме боли. Ме боли малце кога мочам и и на моменти некогаш при лежење и сл. некој мислење?
Zdravo..imam nekoi cudni bolki vo jajnici..rano mi e za dobivanje duri 9 ti..nareden messc.nemam problem so pecenje pri mokrenje..no me plasi toa stoo se toplam cela nedela i ne pomimuva..osekam vnatre kako negoi grcevi i kako zarenje nekoe...taka go cuvstvuvamm..pri odnos me bolat mn jajnicite duri mi se slosuva i odma me tera na mocanje...so e rabotata? Pozz
Може да е пролада, посилна овулација, па и некоја полова болест што предизвикува болка, може да се цисти, буквално 100 работи може да се. Не чекај уште една недела и оди на доктор.
@MOEZDRAVJE јас една недела пред добивање имам болки во јајници . Може и порано ќе добиеш не мора да значи . Мене секој месец ми доаѓа 5-7 дена порано . Сепак преглед си е преглед
Хм, ај да е само болка пред добивање ок, нормално е скроз. Ама тука повеќе симптоми плус трае подолго време, жежење па болка и лошење по однос, тоа најдобро е да се испита и да се види, може пак да се работи за прехлада но како и да е се надевам нема да излезе нешто посериозно. Закажи си на гин па кога ќе знаеш и кога ќе ти мине пиши, може натаму да му се најде на друг со слична мака
Гинекологот е закажан.Не сум била две години.Премногу настапи насекаде немање време си го прави своето.Не е добро кога вака ние луѓето одиме на лекар кога веќе имаме проблем Фала ти на убавиот одговор.Се надевам дека со овие симптоми се ќе биде добро.Што и да биде ќе пишам и можеби ако има некој такви симтоми ќе му помогне