1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болка на дојка при доење

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lejdilejdi, 29 ноември 2013.

  1. lejdilejdi

    lejdilejdi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Почитувани,
    Би сакала мала консултација со Вас.
    Бебчето односно синчето ми е старо веќе 26 дена и си цица од почеток па се до сега.Имам поголеми гради и лачат млеко кое сметам дека е доволно за малечкиот. За недела дена имаше ставено 300 грама.Значи проблемот не е во количината на млекото туку во мојата десна града која во почетокот не чувствував никаква болка додека пред 3-4 дена кога ќе ја фати брадавицата малечкото, имам страшна болка додека почне да тече млеко.Меѓутоа кога цица малечкото чувстувам како ми влече млеко од градата, но како да млекото ми иде од позади грб.Значи ме боли и како да влече некоја врвка, но закачена на десната страна на грбот и болката ја чувстувам дури од таму.Со брадавиците немам проблем значи повремено ги мачкам со маст за рагади со прополис, и не се распукани, единствено болката е кога повлекува млеко од десната града.Кажете ми дали е нешто алармантно и дали треба да се посети доктор, или што може да биде причината за таквата болка.
    Голем Поздрав и Однапред Ви Благодарам за дадениот одговор.
    Верувам во Вас и на Вашиот Тим.
     
  2. lejdilejdi

    lejdilejdi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Еве ме мене повторно но сега веќе без проблеми во доењето и сакам само да им помогнам на оние мајки кои можеби го имаа истиот проблем како мене.проблемот беше во тоа што навечер кога сум се успивала бидејќи сум била изморена и не сум чувствувала дека градите ги налегнувам.Кога моја познаничка ми посочи на тоа почнав да внимавам навечер кога заспивам и да не ги налегнувам градите и болката престана .
    Поздрав до сите ново печени мајки.