1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болка при мокрење

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од onegirl, 23 мај 2010.

  1. bells2011

    bells2011 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Аууу, истите симптоми и јас ги чувствувам а нема ништо на уринокултурата. Е сега купив Имуно-бор уро делува и тој има ефект. Девојки проверете и Кламидија и таа знае да дава такви сензации. А има ли некој друг вирус што не се покажува со уринокултура? Ако имал некој вакво искуство кажете
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    И јас се придружувам.. :( правев испитување на мокрача и ништо не ми најдоа, а секој ден се повеќе ме боли и најужасно чувство е оној лажен нагон за мокрење поради кој не можам да мрднам од дома. Сум имала и појак цистит со траги од крв, посилни симптоми и од Палин во комбинација со многу чај од брусница за брзо време помина и неколку години не ми било ништо, а исто и тогаш урината беше уредна.
    Ставање топло помага? Морам да се мобилизирам ноќва барем додека да отидам да ми дадат некој лек зошто не сакам на своја рака да зимам, а недајбоже да почне појако да боли и притиска.
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Многу помага пиење и сок од брусница, има од Фруктал, комбинација сок од грозје со сок од брусница (единствен недостаток е цената, 147 ден за 0,7 л). Потоа, јадење брусница. И тоа помага, ама цената е :( накај 90 ден едно кесиче (а јас јадев едно на ден). Мене ми се јавија такви болки од предолго задржување урина подолг период. Земав природни препарати, задоволна сум, пиев и капсули Cysticare (од Зегин, мислам дека беа 560 ден). Многу помага во комбинација со се ова чај од магдонос, има филтер кесички, убаво прочистува. И ако ви остане сила за пиење уште чај, и чај од камилица. Помага прилично брзо.
     
  4. 27eb

    27eb Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Здраво,сакам да прашам нешто веќе 2 дена имам болка при мокрење и тоа на крајот од мокрењето пришто се случува и кога ке се избришам со тоалет да има малце како бледо розево,пред скоро една недела имав незаштитен секс и мислам дека беше во плодни денови пошто имам скоро нередовна менструација тој не сврши во мене сврши надвор но по пола сааат може и повеќе имавме пак односи,дали станува збор за некоја инфекција или недај боже за бременост,ве молам да ми одговорете доколку некоја го имала истиов проблем,благодарам однапред
     
  5. lovce

    lovce Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    i mene mi desava taka sto e neznam
     
  6. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Веќе три дена, по последниот однос, чувствувам остри болки при мокрењето (односно кога сум при крај), кои траат неколку секунди и потоа осекам како некој да ме прегазил со камион во долниот дел.
    Денеска при мокрењето, покрај болките, имаше и малку крв. Можно е да е нешто страшно? Некоја голема инфекција? :(
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е исто, ама кај мене немаше врска со односи.
    Јас имав огромни болки и крв при мокрење, кога отидов на лекар ми рекоа дека е инфекција и ми дадоа таблети ама не ми текнува како се викаа, на Л нешто беа.
    Не е ништо страшно, и со таблетите одма поминува.
    Ама незнам дали е истото.
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Баш пред некој ден имав и јас такви болки , и употребив бабин рецепт , на крпа ставив ракија а крпата на долниот дел од стомакот кај јајниците . Преспивав со неа некои 2-3 дена и помина , се среди ко воопшто и да го немало.
     
  9. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
     
  10. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Да, во право си, можно е и да е до бубрезите, зашто во десниот бубрег осеќав мала болка. Сепак утре закажав прво на гинеколог, па потоа ќе си правам и останати анализи.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Би требало да е истото, мене ми се појавувало порано кога сум била многу настината, а и ете сега после да го наречам бурен период :wasntme: и тоа со заштитени односи пак ја закачив инфекцијава. :worried:
    Бев и на лекар, испитавме сè и немам никаков друг проблем со бактерии и слично и уште не ми е јасно како ми се појавил циститот.
    Од Палинот кој ми го препишаа ми се подобри ситуацијата уште наредниот ден, но уште сум на чај-терапија.
     
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Нема слична тема па затоа овде ќе прашам:
    Имам болка кога
    какам :D
    па што би ми препорачале за да се намали болката било што лек,храна.. :)
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали некоја имала искуство со URIFAR?
    Преку глава ми е од уринарните инфекции кои почнаа доста често да ми се повторуваат. :sweat:
    Каде можам да ги најдам овие гранули? Ми ги препорача гинеколог, но мајка ми не можела да ги најде никаде. Ги има низ аптекиве воопшто !? :?:
    [​IMG]
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас ги видов во една аптека во Лептокарија, на сред Лептокарија што е спроти Флуид кафичот. Ама доста скапи беа, не ме фаќај за збор мислам околу 800/900 денари пакување.

    Имаш пробано со многу, ама многу чај од брусница? Редовно читам дека го препорачуваат за уринарни инфекции. Исто и јадење сушена брусница, можеш за на факултет да ни носиш. Ако не се лажам на архитектура си, карши Градежен во тоа трговскиот има една продавница за здрава храна и супер им е брусницата ;)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    ^ Ако ми веруваш, нема некој кој јаде повеќе брусница од мене, опремена сум со залихи и за догодина. :lol:
    Постојано сум со пакетче брусница во ташна, го користам секој слободен момент да грицнам некое зрнце во текот на целиот ден и не знам колку чај испив последниов период.
    Само антибиотик ме спасува, а не сакам толку често да ги земам и не би купила пак без разлика што и лекар ми ги препорачува. Не дај Боже пак да ме повтори, зашто верувајте подосадно нешто од ова нема. :|

    За среќа, лажна тревога било ова па нема да ми бидат потребни кесичкиве Урифар, но ќе знам за друг пат и фала ти многу, tigerlady. :)
     
  16. MarijaPetrovska1

    MarijaPetrovska1 Нов член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Огромни болки при мокрење

    Ве молам за помош, цели 2 дена неможам да спијам постојано имам потреба за мокрење но неможам да измокрам.. Кога мокрам ме боли/ пече ненормално не се трпи.. Од што би можело да биде ? Ве молам за помошш
     
  17. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Огромни болки при мокрење

    Инфекција или воспаление имаш,отиди на гинеколог ке ти препишат некој апченца и веднаш ке ти помине.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.103
    Пол:
    Женски
    Огромни болки при мокрење

    Може да се работи за уринарна инфекција а може да е и цистит, некоја прехлада. Пиј чаеви, увин, брусница, аронија.... многу течности, избегавај благо, бел шеќер, стави се малку на диета, со црно лепче и на лекар да направиш уринокултура, можеш и на гинеколог да идеш, он ќе ти даде упат, а можеш и матичниот, ќе си направиш уринокултура и ќе почекаш резултати, дури потоа ќе пиеш антибиотик, зависи антибиограмот што ќе каже ;) Сега загревај се повеќе, едно шише со топла вода или термофор на стомакот, стално со дебели чорапчиња, кичмата покривај ја и внимавај многу ;)
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Пиј увин чај многу помага.
     
  20. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    И кај мене истава болка, ноќеска станав чуствувајќи дека ќе се помочкам в гаќи ама одам во веце и ништо, по пола сат повторно. и постојано некоја жештина како вагината да мие сува, пресува, ме печи, и некаква жештина чувствувам блиску до усните..
    Ноќеска бидејќи имавме однос со мм и сум заспала само по гаќи, до душа беше топло во собата ама сепак...
    Веќе вториот пат кога станав и чајче од хибискус се напив само таков имав, го испив се облеков и сум се стоплила некако и сум заспала :/ денеска само 2 пати бев на мокрење и многу малку измокрив..