Имам 15 години, пред 3 години во 1 месец пораснав 5 см, од тогаш ми се појавија болки во колената. Болките не се постојани, кога ќе ги оптеретам повеќе нозете тогаш се посилни. Повеќе пати бев на ортопед и тој секогаш велеше дека тоа се болки во раст, но бидејќи болките никако не престануваат бев и кај други ортопеди, сите го кажуваа истото. Па сакам да ве прашам ако некој имал вакви проблеми како се справувал со болките и кога истите престанале. Однапред ви благодарам
И јас го имам истиот проблем уште од 15 години а сега имам 17 и уште чувствувам такви болки во колената. И мене ми го рекоја истото дека е до растот. Иначе мислам дека нема лек за тоа. Ако болките се многу јаки напијсе еден аналгин и толку, барем јас така правам
Кога се јаки болките пијам аналгин или парацетамол ама само малку ги смирува, не поминуваат целосно. А одев пред некое време на физикална терапија, додека одев и 1 месец подоцна немав болки, потоа пак се појавијаа
Јас имам такви проблеми кога имам јаки болки најчесто гледам да одмарам а когаа тоа не е возможно пијам аналгин и ми имаат речено да ги масираш со ракија имам пробано делува но јас не можам да го поденсам мирисот така да ...
Има 4-5 години имам болки во колената. Ме болат одреден период околу месец, прекинува болката и пак за некое време. Не ме болат додека седам, меѓутоа, кога подолго време ми се свиткани фаќа да ме болат и мора да ги исправам за да прекинат болките, кога слегувам по скали ме болат или да клекнам едвај станувам. Дали некој знае нешто за ваков проблем.
april,истите симптоми шо ги кажуваш(болка при клекнување,здрвеност ако се подолго во иста положба и сл)крцканје при исправање и свивање, мене ми се јавија пред неколку недели.бев на лекар ми го снимаа коленото и ми рекоа дека е во ред коската,и дека штом е тоа ок,најверојатно е проблем со подмачкувањето мегу коските и ми преписаа капсули нодол се викаат и почнав да ги пијам па ке видиме.и маст ибупрофен ама не се мачкам сега само два три дена се мачкав.а капсулите ке ги пијам два-три месеца.ако ти разбериш некој лек пиши..
Уф истиот проблем ме мачи веќе една година и навистина пречи во се како стара баба сум.На крај излезе дека е од крајници,не знам како што не сум стручно лице,демек од крајници може се да те заболи.Отидов на лекар,на рендген снимката се беше ок,а од мала имам проблеми со крајници,па така проверив AST беше 223 мислам (а нормално е 0 ) ама не било алармантно,па пиев Оспен 1500 10 дена ми помина и после една недела пак почна.Па пиев 3-4 дена Ибупрофен,а сите ми велеа фрли ги тие апчиња не знам зашто и така сега е следна терапија со апчиња и инекции ама веќе ми здосади од доктори зашто ништо не помага и си трпам сега.Ако некој знае нешто повеќе нека помогне.Поздрав
И јас исто.. многу често ми се случува а највеќе кога идат нагли промени на времето. Премногу ме болат колената и ништо не ми помага. Мама ме мачкаше со една течност од аптека, прво ти прави многу ладно да ти биде па после се вжештува.. и со тоа мислам дека се намалуваат болките ама секогаш сум се мачкала кога сум легнувала така да не знам од што ми мине х)
вчера имав мала незгода (бидејки имам силни вртоглавици,а т.е. паднав, и си го повредив коленото) голем дел од него е со темна боја како испукани внатрешни капилари)до вчера немаше ама нокеска се појавило, како некој знак, незнам од што. Никој незнае од што имам вртоглавици од докториве, а треба да ми земат крв оти низок ми е натриумот, па ако е таму се ок, на уво, грло , нос следува да видам, или центарот за рамнотежа се мачкам со Хепатромбин ке го посетам матичниот лекар во понеделник па ве замолувам да ми кажете што да правам до тогаш да се намали болката благодарам однапред
офф не да имам ...нешто како реума и тоа не само колената туку цели нозе ме болат незнам дали коски или мускули ама само знам дека не можам да спијам од болки...појма немам од што е тоа така,секој ден исти маки
здраво,исто и јас имам 15 години и имам болки во колената ... но мене ме болат колената кога ми се свиткани и наеднаш кога ке ги исправам неможам ни да седнам ни да станам од стол мора за нешто да се потпрам за да седнам :/
И ја да се приклучам овде.Иам проблем со едното колено одамна..бев на ортопед, рече да идам на магнетна.Ама лани фрштеше коронава и ми беше страв и не отидов.Кога седам со скрстени нозе, или општо како и да седам, а да не се прави нозете, почнува да ме боли коленото.Ако се наведнам, т.е чучнам, тешко станувам после..мора да се фатам за нешто.Откако вежбам, дали дека правам чучњеви цело време, некако помалце ме боли, али крцкањето е на секое исправање на коленото.Некогаш се случувало од чиста мира да ми отече.Не сум праела дента некои вежби и вечерта коленото..бам Да идам на магнетна? Некој со слично искуство?
Направи прво ренген снимка, па после магнет, по она што го опишуваш имаш проблем со рскавицата, односно подмачкување помеѓу коските, најверојатно е оштентено и ги дава овие болки што ги опишуваш. Вежбај ги квадрицепсите доста, избегнувај трчање и оптеретување на колената и направи снимка обавезно.
Оди на ортопед еве ти една препорака добар ортопед во гоб 8ми септември др.Дарко Телески , јас сличен проблем имав и се маткав по ортопеди се додека не отидов кај него и он ми го реши проблемот .