Каков рак какви бакрачи. Од песокот во бубрезите ти е. Јас ја имам истата болка не константно од време на време (како со нож да ме прободуваат) кога песокот оди во мочниот меур и се исфрла. Тебе повеќе психа те мава. Не мисли на тоа.
Јас имам понекогаш јаки болки ама не се замарам дека е рак. Се надевам дека нема да ме здрма сега на 28. Барем се надевам Шала на страна, кај мене е се во ред а јас имав два три пати месечно болки и тоа страшни. Да не знам дали се јајници или мочен меур. Ама кај мене е од ладно. Постојано и зима и лето сум боса и по рамбовки. Се плеткам по дома и ми изгледа топло а тоа ме тресело студ. Ако испадне дека имаш чист наод, тогаш облекувај се повеќе.
Здраво Се надевам некој ќе може да ми помогне, значи последниве два дена имам болка како притисок во долниот ден од стомакот (над вагината ) , пијам увим и чај од брусница но болката е сеуште тука. Инаку последниве недела дена имам зголемена потреба за мокрење и тоа не оскудно туку често и доста обилно . Што би можело да биде , сооглед на тоа дека на почетокот на месецот бев на гинеколог и на вагиналното ехо се ми беше во ред, само на пап тестот ми е констатирана бактериска вагиноза, вчера правев микробилошки брисеви, па ме занима дали е можно од овој проблем да ми се јавува болката Фала однапред
Да, самите резултати ти кажале дека имаш некоја бактерија би требало гинеколог да ти даде некоја терапија а можеби ќе ги чека резултатите и од микробиологија па тогаш терапија. Такви болки можат да се јават и од овулација но траат само кратко (ден) или пак цистит (прелада на јајници народно кажано, ем болка ем често мокрење).
Кај се прави ехото , утре одам на лекар за да испитам мокрачам, па затоа ме интересира дали општито лекар може да ме упати
Фала на одговорот гинекологот ми рече дека со резултатите од микробиологија ќе ми даде терапија , а нив дур во понеделник ќе ги земам. Па затоа сакав да знам можно ли е од таа бакерија да ја чувстувам болката, у секој случај до утре ако не ми помине правец кај матичниот општ
Здраво девојки, околу една недела имам од време на време болки во долниот десен дел на стомакот. Ме боли ако се прицнам со раката таму или пак ако го стегнам стомакот. Осекам мн оштра болка дури и грч. Некогаш дури и при движење ме боли оххх...што можи да биди?! Кила, јајници, циста, слепо црево...незнам дали нешто од ова боли при допир...
Не знам колку години си ама мислам дека е овулација ако е помеѓу мензис. Симптомите на слепо црево се повраќање остри болки и.т.н.Сепак посети лекар.
Здраво! Ми требаат некои совети имам болки од левата страна на стомакот .. не е толку јака но се осеќа,имам претрпено мононуклеоза но незнам да ли е до тоа не ми е ништо,пред некох ден почнав со лимонади за да ми се подобри но незнам што е исто така на грбот болки али тоа е од некоја настинка или премногу седење на компјутер 10 саата ,, на ден незнам зависи !! Помош
Девојки да ве прашам еве неколку недели како ме боли стомакот под папокот. Во понеделникот имав многу силни болки, но постепено исчезнуваа, но од време на време пак се појавуваат болките ама не се толку силни како во понеделникот ќе заборавев да кажам и многу често мокрам. Можеби некој имал вакви болки, ако знае од што би можеле да бидат нека напишат.
Одкога памтим за себе имам болка во стомакот више неможем да трпам сум одел кај разни доктори но секогаш исто ако се нервираш бла бла тие неразбира дека не се трпи иначе имам 15год и болките несе трпат ако може помош ми е смачено од доктори бајаки и др Фала.
Здраво сакам да прашам пред 3-4 месеци се удрив силно во предниот дел кај карлицата нешто помеѓу јајниците. Од тогаш секој месец околу 2 недели откако ќе добијам имам силни болки кај јајниците вообичаено само преку ноќ. Се мислам дали ми е од овулација или нешто друго. И исто така повторно се имам така удрено пред неколку дена и веднаш после тоа добив вечерта(денот ми беше за менструација) и сакав да прашам дали е можно да имам некој проблем сега или во иднина на пример со забременување или нешто со репродуктивните органи(на пр. матката и дали може да се повреди поради ова затоа што како што кажав ми се има случено неколку пати така силно да се удрам) само поради овие удари. Знам дека е по малку смешно ама сепак неможам да спијам од што мислам на овие работи. И заборавив болките од ударот ми траеа оклу минута и по малку ме заболуваше во текот на денот.
Здраво сакам да го споделам со вас мојот проблем па да ми дадате некој совет веке 2 3 месеци осејќам болка во долниот десен дел на стомакот и позади на десниот долен дел на грбот фактички како да ме боли десниот бубрег но минимална болка е менструацијата секогаш ми беше редовна само овпј месец ми касне веќе една недела но не сум бремена па утре ќе одам на гинеколог па сакав да ми дадате некој совет што би можело да биде тоа од страв само одолговлекувам а и да напоменам и кога мокрам отежнато мокрење имам позз ве молам за совет прочитав све некои зборуваат за цисти некои друго..
Ова ми личи на симптом на циста на јајникот, мене ми се дешава скроз истата болка на левата страна долу на стомакот и позади на грбот, имам циста на левиот јајник. И тоа со доцнењето на менс може да е од циста. Провери утре ако не е циста тогаш оди на обично ехо да ти ги видат сите органи можно е и слепо црево да е. Не се плаши ништо страшно најбитно е на време да откриеш.
Фала многу за советот инаку напоменав дека имам и отежнато мокрење па си реков нешто да не е матката.. инаку и ти го имаш истиот проблем со циста што ти препорачил гинекологот за цисти ..
Некогаш и јас имам потешкотија со мокрење посебно во овулација. Пиев 3 терапии примолут нор не ми помогнаа сеуште ја имам цистата а и лошо се чувствував од нив и не продолжив. Се лечам природно сега со тианде влошките и чајот, бела ајдучка трева и масло од кантарион ставам на тампони навечер, па ќе видеме дали ќе помогне. Не се секирај веројатно е водена циста и ако не е многу голема сама ќе си пукне. Ти го препорачувам др Иванов во Систина, најубаво ќе ти објасни се за цистите ако е тоа. Со лесно
Добро, ајде еве објасни како е возможно матката да е проблем ако имаш проблеми со мокрење? Ако те боли стомакот и имаш проблеми со мокрење, најверојатно имаш уринарна инфекција. Знаеш каде се наоѓаат јајниците?
Што има врска мокрењето со матката. Оди направи ехо на внатрешни органи, ехо на гинеколог, провери крв и урина, консултирај доктор. Не барај тука доктор, туку со специјалистички упат.