1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lili1, 15 јануари 2010.

  1. Beachgirl

    Beachgirl Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    21
    Јас имам пиено кафетин менструал и ми делуват после 20мин но слаби се јас пијам аналгин или кетонал за побрзо болката да помине
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Почнав да ги пијам од денес. Не се класични апчиња аналгетици,како Кафетин менструал пример што содржи ибупрофен и смирува болка,туку се пијат во текот на целиот месец,од 3-5 таблети,два пати дневно пред јадење. Се сметаат како додаток во исхраната,ама во никој случај не се замена за разновидна храна.
    Содржат еден куп витамини,фитонутритиенти,протеини,омега 3 и 6 масни киселини,минерали и есенцијални и неесенцијални амино киселини. И според тоа треба да го подобруваат имуниот систем, да ублажуваат ПМС симптоми,да ја подобруваат работата на срцето и мозокот , да помагаат при слабеење,при анемии и слично.

    За еден месец од сега ќе ви пишам дали има некакви подобрувања кај мене на ПМС симптомите. Што кај мене се поприлично изразени.

    Ги има по аптеките,јас од Еурофарм ги купив. 300 таблети се 300 денари, 600 таблети се околу 500 денари.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Значи кој стварно има јаки болки кафетин менструал не делуваат . Јас пред неколку години ги пиев ми се чини дека и 3 од еднаш имам испиено некогаш и ништо само беља ми правеле да не можам друго апче да се напијам. Во било кое време да ги испијам дали пред да почне повеќе да боли дали кога ќе боли тие апчиња не можат ни да се наречат апчиња , бомбони се ... Може 3 години некаде пијам кетонал ама не од 50 туку оној најјакиот што може да постои кетонал форте , им го даваат на луѓе во болница за постоперативни болки , ама што да правам ни мене не ми е уопште мерак , ама што е тука е . Инаку нажалост ако го испијам покасно и од него ќе се помачам додека да делува , ама сепак делува ако го испијам покасно за половина час некаде почнува , а ако го испијам на време кога почнува да ме боли многу побрзо и поефикасно делува . Некогаш бидејки имам ненормално јаки болки не ми ги санира до крај туку ме боли ама до степен да се издржува . Најсреќна сум во месеците кога ќе поминам со вакви болки и секој месец се молам оние издржливите да ми се :tmi:На жалост понекогаш и повраќам , ми се лоши , осеќам ненормален притосок во нозете како да ми е тесна кожата , целосно сум за никаде значи . Инаку за девојките со слаб желудник никако не им препорачувам на гладно да го пијат кетонал форте :)
     
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    4.475
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со hello-kitty.90 имам и сама приметено а и ми има доктор кажано..пиј апче одма што осетиш болки..што повеќе ти се зголемуваат болките тоа подолго време ќе чекаш апчето да ти проделува..јас секогаш се правам херој демек ќе трпам и после ни наклофен форте не ме спасува (кои се премногу јаки апчиња)...а ако се напијам одма што ќе осетам и со беналгин можам да поминам...

    А за тоа дека кафетин менструал не делуваат на јаки болки нема врска...се зависи од човекот..кога читам по форумов дека некои девојќи поминуваат со аналгин им се чудам искрено..мене со аналгин глава не ми поминува а не менструални болки...јас порано ги користев кафетин менструал и супер ми делуваа (а имам премногу болни менструации),а сега цело кутивче да испијам мислам ништо нема да ми помини...се зависи од организмот на човекот...имам приметено што повеќе пијам од еден вид таблети за болки,понатака се помалку и помалку ми делуваат..од кафетин менструал се префрлив на беналгин па на кетонал па на метафен па дури и некогаш на наклофен (секако со комбинација со апче за желудник иначе после уште поголеми проблеми си имам)

    Поентата ми е дека зависи од организмот ама секогаш кога ќе се напијам кога ќе почнат болките потоа како што поминува денот или ги нема или се многу помали...иначе тие што не сакаат да се клукаат со апчиња а имаат можност,препорачувам вежбање..лани 2 месеци кога ја вежбав Insanity двата месеци ниедно апче не се напив за време на менструација
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Еве ме мене, решив да го споделам моето најново искуство со апчиња против болки. По препорака на една моја колешка, испив Rapten K, и можам да кажам дека сум задоволна. Брзо дејствуваат, и помагаат при болки во кичмата и јајниците.
    Исто така, да напоменам дека истите се препорачани од гинеколог, што мене ме убеди да им дадам шанса.
    За понатамошни, можни несакани дејства, дополнително ке ве известам, доколку истите ги има.

    Исто така, користев Кetonal forte, кои секако имаат ефект, но сепак се прејаки. Сум пиела и Кафетин менструал, но од истите болката во јајниците ми поминува после 6 испиени апчиња, како максимум дозволена доза за 24 часа, но притоа болката во кичмата не ми поминуваше. А исто така, крварењето беше далеко пообилно, за разлика кога пиев кетонал.
     
  6. workaholic91

    workaholic91 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Само да споделам едно мое искуство. Порано имав многу болни менструации, не можев да мрдам цел ден. Почнав да вежбам редовно и малку повекје јадам овошје и зеленчyк . Сега немам воопшто болки, пократко ми трае итн. Така да тоа е совет од мене ;).
     
  7. Peperutka-bt

    Peperutka-bt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    2.098
    Пол:
    Женски
    Мене за болна менструација ми помагаат кафетин менструал, ретко пијам апчиња, а трпам доста болка.

    Најмногу болки ми се јавуваја втор или четврт ден, завршував и на инфузија за да ми се смири болката.

    Проверете да не има нешто на гинеколог ако имате јаки болки. Не мора да значи дека и кај вас е истата ситуација ама јас имав циста која пред 15 дена ја извадив со операција затоа што беше голема, па ке видам дали за време на оваја менструација ке имам толку јаки болки.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.909
    Допаѓања:
    81.182
    Пол:
    Женски
    Девојки, колку чини едно шишенце Кетонал таблетки?
    Јас обично пијам Беналгин и ми помагаат, но би сакала да ги пробам и Кетоналот затоа што мислам дека како појаки баш би ми делувале подобро и побрзо.
    Се убивам од пиење Беналгини додека сум на факултет ако се погоди да добијам на сред недела. :worried:
     
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Налгезин пијам кога имам менструација.
    Имам премногу болна менструација, но налгезинот ми ја ублажува болката. Обично пијам по една дневно, ме боли првите 2 дена, двата дена по една до две дневно и како нова сум.
     

    Прикачени фајлови:

    • 77727667.jpg
      77727667.jpg
      Големина на фајлот:
      82,5 KB
      Прегледи:
      223
  10. cvetina

    cvetina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    123
    имам многу болни менструации...просто ми е кошмар тој ден кога треба да добијам...мене на почетокот пред неколу години ми помагаше кафетин менструал, па после веќе го препив, па не ми дејствуваше. па преминав на обичен кафетин, исто неколку години и иста приказна...се ова ми се повтори и со кетоналот, аналгинот, а за налгесин и бруфен ич да не кажувам, тие па не ги ни осеќав дека ги пијам... така девојки до пред три месеци, кога отидов кај матичниот доктор да му се пожалам дека имам многу грчеви во нозете навчер и тој златниот господ здравје да му даде, ми рече да пијам шумливи таблетки магнезиум на кругер или било кој друг, по едно на ден, ама редовно, секој ден без исклучок.
    и така првиот месец, се запрепастив кога добив, а не ни остеив! ни прв ден, ни втор ден! болки 0! никакви! следниот месец исто... прогуглав малку за магнезиумот и прочитав дека е одличен и за пмс и за меструланите болки :) плус е и витамин и ако се пие во нормални дози не штети :) најискрено и најтопло ви порачувам да пробате! многу евтина варијанта ви е магнезиумот на кругер, оклу 80 денари, има 20 внатре. јас сега пијам еден друг, малку поскам околу 100 денари и тој е супер!
    видете како ќе ви биде, ви посакувам исти резултати како кај мене ;)
     
  11. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    4.475
    Пол:
    Женски
    Мишелке,капсулите Кетонал се околу 60 денари јас нив ги пиев,не сум сигурна ама мислам Кетонал таблети нема туку таблетите се Кетонал форте а капсулите Кетонал..како и да е мислам е подобро капсули ама обавезно овие јаки аналгетици се пијат со апче за желудник иначе повеќе проблеми ќе си направиш..јас лично пијам Ранитал
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Овие се слични како нашите Налгесин. И јас ги пијам кога имам добиено, ми поминува прилично брзо а и ми ги олабавува мускулите :)
     
  13. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Сестра ми имаше можеби и екстремно болна менструација, до тој степен што беше загрижена да не има некој проблем... таблетки не и помагаа или дејството им бешее краткотрајно па болките за брзо се враќаа. По цел ден се виткаше и повраќаше... др. Пајаковска ја посоветува да повеќе да се движи, да внимава на исхраната и кога ќе почувствува дека наидуваат боли уште пред време да се напие макар кафетин менструал... :)
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Ветив дека ќе пишам и еве ме после месец и нешто употреба на Спирулина. Пијам по 3 таблети дневно,две наутро пред појадок и една пред ручек,секој ден.

    Мене искрено апченцава ми мирисаат на храна за риби. :tmi: Малце се грозни на вкус,она додека се во уста,ама се пијат со вода и стискам заби за некоја секунда непријатност.
    Да не се урочам имунитетот ми е добар веќе година и нешто и немам проблем со тоа,ама ПМС-от ми беше ужасен. И уште ми е. :D
    Нервозна сум,плачлива,раздразлива,за нигде. Се ми е наопаку тогаш. Мислам ќе експлодирам. И за овој месец нема никакви промени во тој ден. Хормоните си дивеат и тоа е тоа. Ќе научам да се контролирам. :D

    Настрана од тоа, витамини се и што знам ок се.Не прават чуда,ама корисни се. Ноктите ми се поцврсти од кога ги користам. А,косата овој период како и секогаш зголемено ми опаѓа. Ми се наоѓаат зошто на диета сум,гледам се` да внесувам ама вака посигурно се осеќам. Плус надводно помагала за слабеење,ама тоа главно зависи од внес и потрошувачка на калории.
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    ^ Во ПМС какви витамини немам пробано и џабе е, хормон си е хормон :D , овие ми беа последна надеж, штом ситуацијата е непроменета не ги купувам, болките си остануваат а за психичката состојба да не зборувам :tmi: .
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cinderella93

    cinderella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    49
    bas denes prvomajski me iznenadi poso mi kazese recisi polovina mesec... i cuvstvuvam gadenje, za srekja ne povrakjam poso imam i fobija od toa ama pak zatoa mnogu bolki vo zeludnikot, nagon na povrakjanje i mislam deka polovinava neprekinato me boli ;( a vo poslednive meseci denovite pred da dobijam cuvstvuvam i tahikardija i vozbuda za recisi nisto, onaka iznenada , i uste pogolema panika me fakja... dali mozebi nekoja gi ima simptomive so tahikardija ? :( |(
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Не се грижи, нормално за денови во ПМС, јас до 20 та година немав вакви симптоми, болки не чувствував, а психички симптоми па ич, ама сега :sweat:, веќе 3,4 години лудеам во вакви денови :swear: .
     
  18. Aleliii

    Aleliii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    И јас имам огромни и неподносливи болки и скоро секогаш ми е преобилно, неможам од кревет да станам и ниедна таблета не ми помагаа станав имуна на таблети зашто ѓи пијам од малечка сеа како сум постара и постара болките ми се зголемуваат тродупло се онесвестувам ништо не гледа пред мене се ми е црно ми зуии имам грчеви низ целото тело и едноставно се губам незнам ни каде сум ни што сум. Еднаш така ми се слоши во автобус и имаше една девојка и ми кажа дека пред да добијам обавезно да јадам по 10 зрнца агонија, брусница и калинка и брусницата да ја исушам и да правам чај и исто така ц витамин и бе комплекс и ставете си ракија на крпче и малку ќе ве затопли и ќе ве успиее. Јас се си применувам и барем малку ми ја ублажува болката. Поздрав :)
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    На последната контрoла на гинеколог и кажав на докторката дека пред циклус имам грчеви и јаки болки ми даде капсули Феме вит и ми рече да ги пијам 5-10 дена пред циклус ги спречувале болките.
    Биле на природна база и навистина помагале таа веќе со години ги користела.

    Еве ги
    [​IMG]
     
  20. Devilicious

    Devilicious Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Lugje, odete na homeopatija, a ako vekje sakate da piete apchinja shto se pojaki od kafetinot mozhete da piete Dexomen. Navistina brzo deluva i jakite bolki odma pominuvaat.
    Inaku mozhete da piete i chaj od konjski opash, ajduchka treva i brusnica i redovno da meditirate
    :)