Кафетин менструал,или чај од нане. Ако можеш да издржиш издржи подобро е да не пиеш но ако е толку голема болката пиј што да ти кажам.
Секогаш пред да добијам чувствувам силна болка во долниот дел од стомакот и истата болка продолжува и за време на менструацијата. Ноќта се разбудив од силна болка и се напив две апчиња, и ми помина. Потоа издржав околу 8 часа, и сега пред некоја минута повторно земав апче.
Имам страшни менструални болки,неподносливи. Цел ден лежам во кревет се вијам . Дај кажете некој лек кој има дејство. Вентор и кафетин менструал не помагат.
првите 3-4 дена, не само стомакот, ме болат и нозете и половината. Ако не ми се многу јаки болките ми помага ако пешачам. Кога се појаки не можам ни да одам, ми се врти, имам тахикардии и сл. Инаку од апчиња многу ми помагаат кафетин менструал. Штом ќе почне да боли, ќе се напијам и за пола саат поминува и така цел ден ми делува
Мене ми е премногу болна не можам да издржам ич ич не ги сакам тие денови никаде не можам да мрднам а премногу ми течи и плус ми е многу болна
Јас немам болни менструации но се случува да се појави болка. Понекогаш стомакот ме боли малку, некогаш многу, во тој случај пијам Спасмекс освен во зима, тогаш ставам на стомак шише со врела вода. Инаку, болките се појавуваат само првиот ден.
Sum nemala bolki do pred da se omazam,taka prvite denovi malku stomak bolese.No vo posledno vreme pred,za vreme i posle menstruacija jajnicite mn me bolat ne se izdrzuva odvaj odam .Bev na ginekolog sum imala cisti na desen jajnik no mene i na leva strana me boli.Nez sto da pravam no nepodnoslivo e
Имам болки ама се подносливи, секогаш кога ќе почне да ме боли стомакот правам 2 серии стомачни по 10 потоа легнувам и ставам шише со топла вода на долниот дел од стомакот и поминува за некои 10-15 минути. Антибиотици не пијам
хахаххахахха лелеее истаа сум ќе се виткам ке кукам ке викам ама не пијам антибиотик, браво за нас навистинаа !
Блазе ви на вас кои не пиете апчиња, мене без кафетин менструал не може да ми помине. Ден два пред да ми дојде ненормално многу ми се лоши, на денот кога ќе ми дојде имам ненормални болки и + повраќање и другите денови само ме боли глава и стомат еднаш до два пати дневно ме стегнува. Кафетинот го пијам само првиот ден или денот пред да ми дојде.
И јас имам болна менструација, три дена ми трае, ама затоа ненормална болка. Една недела пред да добијам ми е лошо, со главоболки. Апче пијам денот кога ќе добијам, пред тоа не.Нема шанси да ми помине така, не можам да издржам. Некогаш повраќам, од кревет не можам да станам, сум се враќала и од работа и од училиште порано. Пијам чај од нане тогаш, ама апче задолжително и тоа Кетопрофен од 50мг, не помага ништо друго. Онака си пијам редовно и чај од магдонос, невен и коприва и забележав дека овие месеци добивам на 28-29дена, порано и на 35. Од чаевите ми е поредовен циклусот, ама за болка не помагаат.
Tака така редок талент си и останативе жени од женски род гарант пијат антибиотици хххххх море инекции D одлепив и јас ххххххххххх ме изнасмеа ај, позз
Девојки еве терам 11та год со ова неподносливо крварење пропратено со ненормални болки, 11години како пијам Caffetin Menstrual некогаш по 2 апчиња некогаш 3 колку толку помага, али имам една дилема, викаат дека предизвикуваат стерилитет и се мислам дали да ги прекинам на два ума сум :'( ... а иначе тоа што викаат дека сексот помага тоа е индивидуално и не секогаш, мене на пр некогаш ми помага некогаш не
Дали некогаш ви се случило менструацијата т.е дали може да се каже така да трае многу кратко односно неколку часа? Сабајле мислев дека добив, стомакот ме скина од болка, инаку немам многу јаки болки. Се нормално и после неколку часа бев чиста. Крварење малку само после мала нужда. Вакви работи ме плашат. Што ли е можно да биде?
Ми се дешава тоа на неколку месеци болна работа како ретардирана сум по дома, ништо не ми одговара превртубвам кревети, неможам да стојам во едно место 5 секунди, па пијам апче против болки па и тоа додека ми делува се мрднувам по дома(тешко на тие што се дома)
Јас имам многу болна менструација неиздржливо болна претходниот месец матичната ми препиша рапидол и не почуствував никаква болка.Топло го препорачувам.