Јaс oд се срце би пoрaчaлa дa не пиете никaкви aпчињa туку дa пиете чaј oд вирaк....Другo ништo неѓa дa ви биде пoтребнo пoздрaв
Ја мислам дека нема,зашто имам една другарка слаба е,а има болки многу.Била на гинеколог и и рекла докторката има големи болки зашто не вежба и и дала вежби да прави и сега не ја боли многу,нормално и е све.Ја на пример имам 55/6 кг и многу болна менструација имам.
Јас порано немав болки, ама воопшто. Кога ги гледав некои како се виткаат од болки се чудев... е арно ама гиникологот ми ги препорача да ги пијам дијане35, рече од нив ќе ми поминеле мозолките на рамената и грбот (на лицето немав) и ниту ми поминаа а и од ко ги испив си спечалив болни менструални денови. Е сега немам некои болки огромни, тапа болка е, ама присутна е, оти да биде кога не мораше... ах кај ги испив тие апчиња...
Еднаш во 5 месеци имам многу, ама многу болна менструација! Така и овој месец. На ова ладно време мене жешка пот ме облеваше, за да на крај легнам на плочки свиткана, без сила да станам од толку јака болка. Тогаш не помага ниту апче,ниту чај, буквално ништо, па морам да одам на инјекции. Гинекологот ме утеши дека е "најнормално, жените кои трпат болна менструација ќе имаат лесна бременост" .
ви се дешава ли пред циклус(една недела) да имате гадење,потење,грчеви?Никогаш не сум имала болен пмс ,ова сега е неподносливо.
пиеш ли нешто што ти помага?Чај,лек?Јас парацентамол пијам секогаш инаку треската не ми поминува.Проверував хормони,ехо,крвна слика се е ок едино јас пред циклус не сум
Некогаш парацетамол во последно време пијам и омега ради имунитет и имам заприметено дека не често ги имам овие симптоми ,дали е од омегата или само по себе незнам . А,ти зошто имаш треска ???
Ако ги имаш овие симптоми пред добивање ок ,ама ако ти се јавуваат ,а сите резултати се добри незнам од што би можело да бидат . Бактерија можи да прави такви проблеми ???
Имам ужасни менструални болки и откако имам прв пат добиено циклус, па се до сега пијам Кафетин Менструал. Најчесто гледам да се напијам непосредно пред да ми дојде, односно кога ги чувствувам симптомите дека за саат и нешто би ми дошло. Во последниве месеци приметувам дека кога ќе се напијам апче на начинов како што објаснив, многу потешко ми пробива крвта и уште толку сум нервозна и напната. Дали некоја имала слично искуство? И да ми препорачате некои други апчиња, само да не прават проблем со желудникот, имам преосетлив желудник.
Пробај Налгесин С. Кафетинот почнаа многу со несакани дејства по подолго користење кај мене. Не се баш добри тие апчиња.
Луѓе не знам како сум преживеала денес.За малку ќе се онесвестев, ми се повраќаше, гадеше ме болеше цело тело толку бев слаба и изнемоштена што за момент помислив дека е можно да умрам, бог да чува.Никогаш до сега вака не ми било.Точно 10 години имам болна менструација ама до овој степен никогаш вака не ми било.Сум се превртувала во кревет сум плачела ама да не можам да станам од кревет, да не можам да ја дигнам раката за да го земам телефонот, да ја подигнам ногата бидејќи зглобовите не ги ни осеќав.Не знам што да правам, како ќе се продолжи вака ова, не се издржува.
Умрев... Сум имала болки ама ова денес е врвот! Обично ме боли од десна страна т.е десен јајник, сега гратис и лево. Нозеве ми се грчат. Прво морници па препотување, ми се повраќа 10дена и дијареа. Точно ми е на 28ми ден. Од сабајле 4 Кафетин менструал испив (пишува по 2 смее за јака болка), нз колку чај внесов, магнезиум... Што да пијам веќе не знам, лудило ме фаќа. Некој вика топло не смее да се става, а мене најмногу ми помага тоа. Дали е нормално ова еве не знам. Не паничам, ама буквално на под се виткав. Чаре некое да преживеам ноќва?
Ако имаш вентор напиј се или ефридол прашок, кетонал или спазмекс со аналгин во исто време. Ако немаш ништо од ова тогаш терај со топло шише бар малку да помини.
@Petra777 само опушти се и ќе ти помине. Се е на нервна база. Јас имам приметено кај мене кога сум била под стрес деновите пред менструација секогаш менструацијата ми била навистина болна и секогаш по апчиња посегнував. Знам дека боли ама ако постојано повторуваш колку те боли, уште повеќе ќе те боли. Ако имаш чај од маточина свари си. За топло и мене ми помагало, прв пат слушам дека не смеело. Девојкава е како некој водич за медитација, ама нема потреба да ,медитираш. Само легни и затвори ги очите, мене секогаш ме опушта нејзиниот глас. Или не мораш ова да го правиш, пушти некој филм или прави било што за да си го одвлечеш вниманието. Така нема да мислиш на болката и ќе ти помине
Фала ти! Земав книга да читам додека да почне да делува апче. Измешав маточина+камилица+ мајчина душица. Се издрогирав мислам од чаеви.
Сакам да ви препорачам на сите кои имате јаки болки прашок Оки.Делува за главоболка,забоболка и менструални болки.Буквално за 5-10минути и мене веќе ми минува болката.Секакви апчиња за менструална болка имам пробано ама обично или не делуваат или за 2-3 часа.Јас конечно си го најдов спасот.Последнава година и не ми се нешто јаки болките ама претходно не се трпеше,урлав по дома.За овде не знам дали го има мене ми го праќаат од Италија.
Петра,за менструални болки само Даливон му е мајката околу 90 денари се и до две се пијат на ден. И јас имам јаки болки и се сум пробала,ама само од Даливон сум видела ефект. И за забоболка помагаат исто....