1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lili1, 15 јануари 2010.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Што апчиња постоеле....:drunk: :D
    Прашкасто е?
    После Фервекс, се со стрaв пијам.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Ех,овие се стари апчиња :D ги пијам од прва средно,на времето беа 45 денари а сега се околу 90.
    Инаку Крка ги произведува,и на база на парацетамол,кофеин и уште нешто друго беа.
    Не се прашкасти,туку обични тврди апчиња :D
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Имам многу болна менструација, често сум неспособна да стојам на нозе прв ден од циклус (ми се стемнува, кичмата ме боли) и неретко повраќам од силни болки. Пијам вентор или ибупрофен, и делуваат супер. Проблемот е што, скоро секогаш добивам во спиење и кога ќе ме разбуди болката, дур да издејствува апчето поминувам низ хорор.
    Дали знаете како можам да ги намалам болките превентивно? Знам дека со магнезиум можам да имам помалку грчење, друго нешто?
     
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.902
    Пол:
    Женски
    Пиј витамин Б6 кога си во ПМС.За време на менструацијата пиј апчиња специјално наменети за намалување на менструални болки(на пример Андол 300,Кафетин Менструал,Налгесин С или некое друго за таа намена) и ако најдеш чај од овчарска торбичка.
    Ако имаш милениче маче или мало куче,можеш да го ставаш да ти лежи на стомак.Нивната топлина многу помага.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ставам шише со топла вода, кучево ако го ставам ќе ми тежи многу.:lol:
    Кафетин менструал и налгесин с веке одамна не ми дејствуваат. Ама ова со Б6 и чајов ќе ги пробам.
    Фала ти многу:*
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.902
    Пол:
    Женски
    Добра опција ти е шишето со топла вода.Заврзи дебел дуксер или џемпер и покриј се со кебе и јорган(што и да имаш подебело само да е).
    Пробај,па види што ти одговара и држи се до тоа.Пази да не се стресуваш многу.Стресот многу влијае на менструацијата.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.155
    Допаѓања:
    169.436
    Врти си дома кетонал инекција
    Ке ја расрвориш во чаша сик и испиеш за кратко ке се смире
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакав да ве прашам, секогаш првиот ден кога ќе добијам ме кине стомакот и само првиот ден трае болката. Е сега овој месец кога добив не само што ме болеше стомакоѕ туку почнав да губам сила и ми се лошеше. Имав и дијареа и повраќав. Откако се исповратив и се испразнив се смирив малку.Дали е нормално повраќањето и дијареата првиот ден?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.047
    Допаѓања:
    71.627
    Пол:
    Женски
    Секој организирам е различен. Првиот ден од менструација кај мене , се случува да не можам од кревет да станам. Ми се повраќа, немам сила, па завршувам на инекции. Јас сум навикната веќе и сама си го барам лекот. :) Иди провери си на гинеколог за секој случај.
     
    На Marti96th, WildMk, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Јас до пред пола година, имав исти маки како тебе. Првиот ден од циклусот се отпишував од живите буквално, ненормални болови пропратени со вртоглавици, главоболка и тресење на снагата. Секој прв ден завршував на инекции, пошто апчињата не помагаа. Бев по гинеколози се беше во ред, а јас пак истото.
    Почнав да вежбам баш тој период, и дојде време за циклусот јас не ни осетив. Ни најмала болка ниту симптом. Ај викам наредниот месец пак, вежбав баш ден два, пред да ми дојде, пак прелесно ми мина циклусот. Месецот после не вежбав, пак имав пеколен прв ден. И дојдов до заклучок дека вежбањето т.е физичката активност ми помогна. Како и зошто не знам, ама ете.
    Иди на гинеколог ама сепак пробај како мене, можеби ќе ти помогне.
     
    На Marti96th, WildMk, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd истата финта 'пали' и кај мене. Не мора да вежбам, доволно е да пешачам со кучката и болките се значително помали. Кога сум активна циклусот го 'преживувам' со едно апче а кога лежам ми требаат најмалку 3-4, со тоа што вториот ден ми требаат 2 апчиња во еден ден.
     
    На Marti96th, WildMk, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Кога имам силни болки во стомакот вежбам најчесто ако сум на физичко тој ден или пешачам.
    Среќа немам вртиглавици, и гадење.Првиот ден ме кине стомакот ама со Налгесин С одма ми помага.После значително помалку боли и да боли.
    Мајка ми како млада на инфузија има заврувано ради болни менс. и слабокрвност..
     
    На mache007, Marti96th, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Активност и многу вода!Јас една недела пред да добијам имам страшни болки во половината
    Ден пред да добијам и два од како ќе добијам повраќам,болки во стомак и немоќ
    Се трудам да сум многу активна,се движам како луда иначе мислам во болница ќе завршам :|
     
    На Marti96th и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Иста бев пред да родам.
    Страв ми беше да ми дојде менструација а да не сум дома.
    Секој месец бев на инекции, инфузии.
    Два пати дури се онесвестив, еднаш дома, еднаш на работа па се јавуваа на брза помош и доаѓаше амбуланта да ме зема.
    Се сеќавам еднаш си тргнав од работа бидејќи болките беа неподносливи, почнав да повраќам и да не можам да стојам на нозе, по патот почна да ми се темни, не можев да возам се истранив додека си дојдам при себе.

    Сите доктори имаа еден одговор.
    Кога ќе родиш, ќе се преродиш :lol:
    Кај мене стварно беше така.
    Одкако се роди син ми јас не знам што е менструална болка, кога ќе видам знам дека сум добила.
     
    На Luminary, Marti96th, Summer16 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    697
    Не е правило дека болната менструација ќе помине после пороѓај. Еве кај мене не. Разлика е што не е секоја тооолку болна. Некои помалку, некои повеќе болат.

    Ама пак јас не сум имала толку болни за до на лекар да стигнам. Или имам поголем праг на толеранција за болка. Сум повраќала од болка од камен во бубрег. Е тоа на никого не посакувам да почувствува.
     
  16. Osamena devojka

    Osamena devojka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Povtorno jas sakam da prasam pred da dobijam ne me boli nisto a sega koga dobiv imam golema bolka samo prv I 2 den boli posle ne dali e toa normalno?
     
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.902
    Пол:
    Женски
    Па,да.
    Само ако болките се прејаки/неиздржливи,појди кај гинеколог.
    Но,не кревај паника.
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Osamena devojka

    Osamena devojka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Ok fala ti
     
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.919
    Пол:
    Женски
    Последниве година-две и јас така со болкиве. Се молам да добивам додека сум дома и да немам некои обврски.
    Првите два дена ми се најтешки, морам да се напијам апче некое, топло на стомакот, да мирувам. Во спротивно завршувам со гадење, повраќање, тресење од болка.
    Се обидувам и јас да бидам физички поактивна. Пешачам многу ама тоа не ми прави разлика, веројатно ќе треба повеќе да се вложувам пред добивање.
    Како и да е, пеколно е секој месец. Без апчиња нема шанси нормално да се функционира, а и со апчиња па пак е тешко.
    Се надевам од кога ќе родам дека ќе ми ги снема болките, како и на повеќето. :wasntme:
     
    На Shmizla94, ел1919 и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. ел1919

    ел1919 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    335
    Исто..првите 2 дена ми се пеколни без апчиња и топло перниче на стомак не поминувам.Најлошо ми е на работа кога ќе добијам место не ме држи :sweat:
     
    На Shmizla94 и Luminary им се допаѓа ова.