Јас имам болки и во стомакот ама тие можам да ги истрпам додека пак главата ме онеспособува да извршам било каква обврска, нефункционална сум скроз... ми рекоа дека имам мигрена но за време на менструација ова се неиздржливи болки
Dali e normalno docnenje na menstruacijata po koristenje vaginaleti? (Stanuva zbor za Polyginax) *Morav ovde da pisuvam, vo drugite kategorii ne mi bese dozvolen odgovor, bidejki sum prilicno nova na forumov.
Здраво. Не ми се верува да ти доцни од Polygynax. Или направи си тест за бременост или закажи на гинеколог.
Имам добиено,имам болки кога ќе седнам како да седнувам врз нешто подуено. Сабајле се напив две таблетки кафетин менструал,сега не знам што да земам. Толку ме боли ме боде у кичма мислам,не можам да дишам. Хелп?
Земи шише наполни го со топла вода или термофор ако имаш уште подобро. И стави на стомак ама не директно туку врз кебето. Мене помалку ме боли ако ми се нозете кренати на нешто пример на ѕид ги потпирам или ќе наредам перници ко кула и ги ставам на нив. И чај нане со многу лимон или лимонада напиј се. У меѓувреме ако живееш со некој нека те зазборува бидејќи така ќе заборавиш на болката или чачкај на телефон глеј си видеа итн. Мене ова ми помага. Од време на време шетај се низ дома да ти истекува крвта
Напиј се пак апче, не знам што имаш дома, и појако од кафетинот ако имаш, и како што ти рекоа легни и затвори очи релаксирај се. Од менструалот не ти помина ич?
Ве послушав сите, легнав, нозете ги дигнав,пиев вентор + магнезиум,ставив шише топла вода, ми се смири. Фала ви ептен А иначе менструалот го пиев сабајле во 8 часот така што мислам толку му е ефектот. Уште еднаш фала ви
Пробај со чај од нане. По можност ако имаш чај, што не филтер туку е гранчиња. Мене искрено многу ми помага и ми ублажува болка, освен кафетин менстуралот.
Ве молам доколку некој има слично искуство да го сподели со мене ❤ Имам веќе една недела предменструални симптоми, а менструација никако да добијам ... Немам поим што е проблемот!!!
Па, да. Ми има доцнето и претходно. Дури се сеќавам дека летото цели 2 месеци немав добиено, во моментот кога одлучив дека е крајно време за гениколог, добив. *Во октомври посетив гениколог превентивно, резултатите од вагинално ехо беа супер, никакви цисти, никакви проблеми. *Но, после резултатот од ПАП видовме дека има некоја мала бактерија, па ми препишаа Polyginax. Ги искористив минатиот месец, па се сомневам да не е можеби од тоа и покрај тоа што погоре ми пишаа дека нема шанси да се должи на тоа. Сепак, овој период се соочувам со многу стресови и поради испитна сесија и семејни проблеми. Можеби од тоа? Инаку, секогаш за односи користиме заштита, ама еве хипотетички, доколку станува збор за бременост, како е можно да чувствувам предменструални симптоми?
Да, дефинитивно можно е да ти е од тоа. Ако многу дена ти доцни посети пак гинеколог, или барем разговарај на телефон.
Вчера добив, имам болки во стомакот, сношти воопшто не спиев. Се напив кетопрофен ми помогна дури делуваше и после пак. Имам болки дури и во кичмата, кога одам во тоалет по голема како да ме сече нешто со нож, секогаш ми е така и не само мене имам другарки со истиот проблем. Што да правам и да пијам за да ме преболи?
Мене така ми се случува кога ми доцни повеќе од 1 недела. Кога ме боли пијам бруфен таблети и покриена сум за 8-10 часа.